Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

Статус
Затворена за нови мислења.

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Многу сум разочаран од понашањето на Видиќ,треба да е пример во репрезентацијата,да се бори како лав а тој како прво не игра на највисоко ниво,прави киксови на 2 утакмици колку цела сезона во Манчестер.
Второ и највеќе што ме иритира е што се дере на соиграчите како што се Кузмановиќ,Коларов и Луковиќ,апла се гледа по камерите,треба да се засрами со тоа,срамота.
Ако е така требаа шамари да му маваат откако го направи пеналот.
Тоа е што е ,добро е што остатокот од тимот се како едно,Станковиќ посебно му завидувам,прав звер.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Прво мислам дека СРБија и Немачка одат во осмина финале само незнам кој прв кој втор ,друго тоа околу Видиќ што дискутирате според мене чисти глупости дечкото си игра како што треба се однесува како лидер во одбраната како и што треба да е , е сега се дешаваат киксови и он е човек ,како реагирал после пеналот се гледа дека е смирен но ако го пратите и во манчестер мислам дека само кога ке даде гол се радува другпат секогаш е смирен и сконцентриран многу ретко искажува емоции.
 
Н

'Никола'

Гостин
Боби[Мкд];3629383 напиша:
Мнооогу е пријатна атмосферава за дискусија.:nenene:
Што и фали бе таман си е,само малку забегаа со пеналиве што биле намерни ама нема врска.
Абе пеери, ќутете, поубо вака отколку да почнат пак со политики.:)
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Многу сум разочаран од понашањето на Видиќ,треба да е пример во репрезентацијата,да се бори како лав а тој како прво не игра на највисоко ниво,прави киксови на 2 утакмици колку цела сезона во Манчестер.
Второ и највеќе што ме иритира е што се дере на соиграчите како што се Кузмановиќ,Коларов и Луковиќ,апла се гледа по камерите,треба да се засрами со тоа,срамота.
Ако е така требаа шамари да му маваат откако го направи пеналот.
Тоа е што е ,добро е што остатокот од тимот се како едно,Станковиќ посебно му завидувам,прав звер.
Ај маст дисагри. Играта која ја прикажа Видиќ у одбрана е онаа со која се прослави во Јунајтед. Добро, освен една грешка која на среќа не беше фатална. Игра маестрално. Се бори како лав. Стартува на топка,скока,уклизува. Баш онака како што треба да игра еден бек. А веќе кога го спомна Деки кој треба да е лидер на теренот,водач,спојка меѓу нападот и одбраната, а тој тоа не е. Тоа е затоа што игра малце понапред од што е навикнат у Интер. Нејсе тоа, ама ја ич не го забележував. И неговата работа ја презема Видиќ. Капитенот треба да биде со поголем авторитет над другите, да подвикне кога ќе затреба, баш она што го прави Видиќ а за што ти го критикуваш. Ама више кога Деки не го праи тоа, мора некој друг и во случајов сосема е оправдано.
Он кога го скриви пеналот си призна дека е крив, грешки се дешаваат и немојте многу теории на заговор да ковате.
Не сакам да замислам како би изгледала одбраната без него.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Првиот на Кузмановиќ по мое мислење не беше намерно, ама (несакам да верувам) но колку повеќе ја гледам снимката на играњето со рака од страна на Видиќ, мислам дека беше намерно... Приметив дури и кога голманот го одбрани пеналот, Видиќ незаинтересирано се сврте према нападот, додека останатите еуфорично се радуваа и дотрчуваа кај голманот честитајќи му... Тоа малку ме размисли... си викам да не е некоја голема опклада во кладилниците од страна на Видиќ за нерешен или пораз од Германија... Ќе повторам, несакам да верувам во тоа, но снимките се повеќе и повеќе ме уверуваат во спротивното...

ДАЛИ ОВА НА СЛИКАВА Е РАДОСТ НА ВИДИЌ ПОСЛЕ ОДБРАНАТА НА ПЕНАЛОТ...??? Ако се земе во обзир и тоа дека он е крив за пеналот, тогаш тој треба да е нај радосен...

Прегледај го приврзокот 30838
Пред пеналот, Подолски имаше две многу добри шанси за гол. И во двата случаи му избега на Видиќ ама не шутираше прецизно. И за овие шанси да не кажеш дека Видиќ „намерно“ го пуштил Подолски да избега пред него?
Па добро бе што го направивте тој Видиќ, последниве неколку постови за неговата игра се анализира. Човекот е само просечен одбранбен фудбалер каков што има скоро секоја посилна екипа од Европа. Да не почнам да набројувам, ама во моментов ми текнуваат најмалку 30 одбранбени фудбалери што се подобри од тој ваш Видиќ.
А за тоа дали немарно направил пенал или не, дискусијата може да се сврти за 180 степени. Ајде за Подолски да зборуваме. Утна три 100% шанси плус пенал, а се смешкаше цело време. Можеби Подолски ја уплатил да победи Србија а? Што викаш?
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Ај маст дисагри. Играта која ја прикажа Видиќ у одбрана е онаа со која се прослави во Јунајтед. Добро, освен една грешка која на среќа не беше фатална. Игра маестрално. Се бори како лав. Стартува на топка,скока,уклизува. Баш онака како што треба да игра еден бек. А веќе кога го спомна Деки кој треба да е лидер на теренот,водач,спојка меѓу нападот и одбраната, а тој тоа не е. Тоа е затоа што игра малце понапред од што е навикнат у Интер. Нејсе тоа, ама ја ич не го забележував. И неговата работа ја презема Видиќ. Капитенот треба да биде со поголем авторитет над другите, да подвикне кога ќе затреба, баш она што го прави Видиќ а за што ти го критикуваш. Ама више кога Деки не го праи тоа, мора некој друг и во случајов сосема е оправдано.
Он кога го скриви пеналот си призна дека е крив, грешки се дешаваат и немојте многу теории на заговор да ковате.
Не сакам да замислам како би изгледала одбраната без него.
Нормално дека не може одбраната без него и нема адекватна одбрана ,тоа е разбирливо.
Ама сепак си има одличен капитен Србија и не смее он така да испаѓа пошто он не ги подучува нешто или да им каже него се гледа дека им сере.
Тоа највеќе ме нервира ,или мотивирај го соиграчот ако веќе нешто сакаш да направиш или ќути поарно како сите други,ако е таква работата Јовановиќ што треба да прави?
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Пред пеналот, Подолски имаше две многу добри шанси за гол. И во двата случаи му избега на Видиќ ама не шутираше прецизно. И за овие шанси да не кажеш дека Видиќ „намерно“ го пуштил Подолски да избега пред него?
Па добро бе што го направивте тој Видиќ, последниве неколку постови за неговата игра се анализира. Човекот е само просечен одбранбен фудбалер каков што има скоро секоја посилна екипа од Европа. Да не почнам да набројувам, ама во моментов ми текнуваат најмалку 30 одбранбени фудбалери што се подобри од тој ваш Видиќ.
А за тоа дали немарно направил пенал или не, дискусијата може да се сврти за 180 степени. Ајде за Подолски да зборуваме. Утна три 100% шанси плус пенал, а се смешкаше цело време. Можеби Подолски ја уплатил да победи Србија а? Што викаш?

:tapp:
Видиќ слаб ? Не е за џабе во најдобриот тим во Премиер Лига последниве 3 сезони,2009 беше и најдобар играч мислам !
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
:tapp:
Видиќ слаб ? Не е за џабе во најдобриот тим во Премиер Лига последниве 3 сезони,2009 беше и најдобар играч мислам !
Каде прочита дека е слаб?

А најдобар играч во Премиер лига може да бил. Да. На Football Manager ако играш.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Пред пеналот, Подолски имаше две многу добри шанси за гол. И во двата случаи му избега на Видиќ ама не шутираше прецизно. И за овие шанси да не кажеш дека Видиќ „намерно“ го пуштил Подолски да избега пред него?
Па добро бе што го направивте тој Видиќ, последниве неколку постови за неговата игра се анализира. Човекот е само просечен одбранбен фудбалер каков што има скоро секоја посилна екипа од Европа. Да не почнам да набројувам, ама во моментов ми текнуваат најмалку 30 одбранбени фудбалери што се подобри од тој ваш Видиќ.
А за тоа дали немарно направил пенал или не, дискусијата може да се сврти за 180 степени. Ајде за Подолски да зборуваме. Утна три 100% шанси плус пенал, а се смешкаше цело време. Можеби Подолски ја уплатил да победи Србија а? Што викаш?
Видиќ е дефинитивно меѓу топ 10 централни дефанзивци во светот.
3 сезони по ред е ставан во најдобрите 11 на Премиер Лигата, што го прави меѓу топ 2-ца во Премиер Лигата на таа позиција.
Ама, многу терсене човек е. Знае да блеска, знае да киксире многу, не е константен и го има балканскиот менталитет. Барем во Манчестер го има поискусниот Фердинанд, ама во Српскиот тим тој мора да ја земе лидерската функција.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
У петокот се кладев со 4 ца дека Србија ќе ја тепа Германија.

Така да денес очекувам:

Pizza x 2
7 - ca x1
Milka x 1

:pipi:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Па добро бе што го направивте тој Видиќ, последниве неколку постови за неговата игра се анализира. Човекот е само просечен одбранбен фудбалер каков што има скоро секоја посилна екипа од Европа. Да не почнам да набројувам, ама во моментов ми текнуваат најмалку 30 одбранбени фудбалери што се подобри од тој ваш Видиќ.
Те молам ај почни да набројуваш да се смејам малку.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Гледам сите се фативте за Видиќ, како намерно го направил пеналот за да израмни Германија. Зошто не славел кога голманот го одбранил пеналот. Од она што го имам видено, човекот не лета во облаци како останатите негови соиграчи. Кога Србија се пласира на СП имаше емисија во живо од автобусот на фудбалерите на Србија и додека сите лумпуваа на турбофолкот, Видиќ си седеше мирен и беше доста скромен. Веројатно е навикнат после големите успеси кои ги има во кариерата. Што се однесува до неговите играчки способности, мое лично мислење е дека после Тери, Видиќ е најдобар централен дефанзивец во светот. За натпреварот, мислам дека судијата претеруваше со жолти картони, но кога веќе имаше таков критериум, кога така лесно го исклучи Клосе (за кој не велам дека не е виновен), требаше и на Видиќ да му даде црвен картон за играњето со рака во шенснаесетник. Мислам дека главен виновник за поразот на Германија е Подолски, и кога видов дека тој го шутира пеналот ми се стемна, со кој памет селекторот му го дозволи тоа после се што промаши. Но, ајде, се надевам дека Германија ќе ја победи на Гана и дека ќе продолжат понатака, а исто така се надевам дека Македонија во скора иднина ќе настапи на некое големо натпреварување, за да не мора некој тука Германија или Србија да ги ословува како „нашите“. Нашите се Македонија, бар според мене :) :oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom