Летало се урна во Бутел?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.317
Поени од реакции
34.727
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Беспилотно летало околу 7 часот и 55 минути се урна кај обиколницата во населбата Бутел.

Според изјави на граѓани, леталото се запалило, изгубило контрола и удрило на земја предизвикувајќи силна експлозија.

Се уште нема официјални информации на кого му припаѓа беспилотното летало.
Информации нема ниту контролата за летање, но сигурно е дека не полетало од спортскиот аеродром во Скопје.

Од АРМ велат дека леталото не е нивно, а од МВР проверуваат.
Беспилотното летало, според неофицијални извори, се урнало на враќање од мисија за надгледување на теренот.

Екипите од војската и полицијата се на терен. Не е познато дали леталото при падот предизвикало жртви или материјална штета.


Го слушнав ова сабајлево, ама мислев дека ми се причинува.
Има некој повеќе информации околу тоа за каков тип на леталот станува збор и чие е? :)
 
Баш сега сакав да отворам тема но добро е, ме превари:wink:. Јас не да го слушнав, од ум се извадив, за момент си реков отиде зградава. Немам никакви информации, а живо ме интересира што е како е. Нешто на А1 спомнаа, но воглавно истото од погоре.
 
Језиво, мамата. Ме разбуди звукот си реков не бомбардираат. :tv:
 
Сеа на канал 5 баш слушнав прв пат за ова и рекоа две можности односно дека не се знае сигурно што е можно да било експлозија на плнска боца. Ај после си ќе снимаат па ќе видиме што било.
 
Ме разбуди ова чудово, многу беше гласно ... излегов на тараса и видов само чад позади фабриката Железара, а моите ми кажаа дека виделе нешто како се врти и паднало ... помислив дека е некоја ракета, дека некој си игра мајтап ...
 
Хехе да не е НЛО. :)
 
Беспилотното летало, најверојатно е на НАТО и полетало од воениот дел на аеродромот во Скопје, што го корисити НАТО.
Меѓутоа овие информации не се официјално потврдени.
 
Слика некаква како отприлика изгледа тоа или НЛО е :)?
 
Слика некаква како отприлика изгледа тоа или НЛО е :)?
Вака некако:wink:

predator.jpg
 
Колку што можам да забележам, А1 од својата страна ја тргнаа веста и ставија нова вест дека имало експлозија во фабриката Железара и дека остатоци има расфрлано околу фабриката ... дали некој нешто сака да прикрие?

едит: Јас кога видов, чадот беше од доле нагоре, па пак надоле ... значи нешто од доле има летнато, некоја боца ... изгледа не е никакво летало.
 
Ја слушнав низок прелет на млазен авион. До сеа не сум видел боци да летаат!:) :helou:
 
Еден човек е повреден во експлозија што утринава се случила во кругот на фабриката Железарница - соопштија за Канал 5 извори од противпожарната единица. Експлозијата предизвикала паника кај жителите во населбата, затоа што според нив неидентификувано летало се срушило во населбата.

Од пожарната велат дека во железарницата работеле со апарат и при работата настанала експлозија и летнало големо парче железо и паднало во близина на фабриката. Сето ова ги загрижило од овој дел на Скопје кои утрово пријавија дека нешто чудно се случува и оти виделе чад на небото.

- Видовме чад на небото а потоа како нешто што леташе падна во подножјето на околниот рид – тврди жител на Железарница.

Од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се воздух, а се под нивна контрола не е паднато. Од полицијата засега нема информации сто всушност се случило. Екипа на Канал 5 веќе на терен и го испитува случајот.

Извор: Канал 5

Ја слушнав низок прелет на млазен авион. До сеа не сум видел боци да летаат!:) :helou:

Плинска боца под притисок и тоа како лета ... не си видел, нејќеш ни да видиш ..
 
Беспилотното летало, најверојатно е на НАТО и полетало од воениот дел на аеродромот во Скопје, што го корисити НАТО.
Извор: Сител
 
дали некој нешто сака да прикрие?
Од контролна на летање од аеродромот „Александар Велики“ велат дека ниту едно од леталата што се воздух, а се под нивна контрола не е паднато.

Let the conspiracy theories begin! :oeoeoe:

А, да не испадне на крај дека има и експлозија во Железара и НСО ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom