Италија - Парагвај
Вести:
Плеjмеjкeрoт на Италија Андреа Пирло пристигна во Јужна Африка со повреда, што најверојатно ќе му оневозможи да игра до последниот натпревар во групата против Словачка. Халфoт Даниеле де Роси, сепак би требало да се справи со сличниот проблем и да започне против Парагвај, додека крилото Мауро Каморанези е сеуште неизвесен по повредата на коленото.
Марчело Липи се обиде со различни состави во контролните мечови, но се очекува на 4-1-4-1 или 4-3-3 со Алберто Џилардино како централен напаѓач.
Напаѓачот на Парагвај Оскар Кардосо се справи со повредата на глуждот, но ќе започне на клупа. Роден во Аргентина, Лукас Бариос ќе биде првиот напаѓач по своите импресивни настапи во подготовките. Ако Парагвајците изберат 4-4-2 тој ќе биде партнер со Роке Санта Круз.
Состави
Италија (4-1-4-1, можеби)
Буфон - Замброта, Киелини, Канаваро, Крисчито - Монтоливо - Квајарела, Де Роси, Гатузо, Ди Натале - Џилардино
Парагвај (4-4-2, можеби)
Вилар - Бонет, Верона, Да Силва, Морел - Вера, Сантана, Риверос, А. Торес - Санта Круз, Бариос
Инфо
Во 1950 година Италија стана првиот светски шампион, кој го загубил својот прв натпревар на светското првенство, а откако и подготовките за овој Мундијал не поминаа баш идеално, аѕурите можеби ќе имаат нервна вечер во Кејптаун.
Разочараноста од последните резултати, вклучувајќи го и поразот од Мексико, ја разколебаа вербата на италијанските навивачи.
Аѕурите се познати како тим, кој почнува неубедливо, но статистиката зборува поинаку. Во последните 12 светски првенства тие го загубиле само еднаш својот прв натпревар благодарение на голот на Реј Хаутон 1994 година.
Се предвидува студена ноќ вечер во Кејптаун - Парагвај се надева дека ќе заледи Италија. Тимот на Герардо Мартино победи во квалификациите повеќе натпревари од Бразил, вклучувајќи го и оној против кариоките, Чиле и Аргентина. Овие победи даваат надежи за победа над светските шампиони.
Факти
Еден против друг
Италија победи и на двата натпревари со Парагвај - 2-0 на светското првенство во 1950 година и 3-1 во пријателски натпревар во 1998 година. Тимовите се состанаа и на Олимпијадата во 2004 година, Парагвај победи со 1-0 во групата, иако и двата тима се квалификува понатаму.
Италија
- Италија беше поразена од Шведска со 3-2 во првиот натпревар во 1950 година, стана првиот светски шампион кој го изгуби првиот натпревар на едно светско првенство.
- Италија не е поразена од јужноамерикански ривал од 1978 година, кога падна со 1-2 од Бразил во натпревар за третото место.
- Оттогаш Италија има 4-5-0 во 9 натпревари против тимови од Јужна Америка. Оваа серија сепак вклучува два натпревари кои
тимот ги загуби по пенали - против Аргентина во полуфиналето во 1990 година и против Бразил во финалето во 1994 година.
Парагвај
- Тимот на Герардо Мартино одигра 9 натпревари во квалификациите без да прими гол.
- Во тимот има тројца играчи родени во Аргентина и еден израснат таму - Клаудио Море.
- Роден во Буенос Аирес напаѓачот Лукас Бариос доби парагвајски пасош во април. Тој погоди три пати во првите три натпревари за новата татковина.
Судии
Главен: Бенито Арчундија (Мексико)
Странични: Ектор Вергара (Канада), Марвин Торентера (Мексико)
Анализа на пазарот
Треба да се започне со тоа што Парагвај е еден од најголемите надценети тимови на ова првенство. Коефициентите за победа на светскиот шампион над 2.00 за почеток може да се сметаат за премногу високи. Тие се сведуваат само на еден факт и тој е дека Италија си прави грешки и секогаш започнува неубедително во целина.
Италија најчесто ја применува тактиката на умремата лисица, а нешто слично прават и букмејкерите денеска со победата на аѕурите. Дури и самиот коефициент таму ќе ги притесни играчите, а медиумите се надпреваруваат да објаснат колку е силен Парагвај. Букмејкерите сепак, имаат многу голема убеденост дека Италија ќе победи. Пазарот на over-under е категорично во корист на over, а Азија се двоумеше исклучително многу.
Препорачани влогови
Италијаните важат за еден многу темпераментен тим. Во една ваква ситуација кога од нив се очекува да ја одбранат титулата светски првак, немоќта која ја покажаа во подготовки води кон заклучок дека треба да очекуваме груба игра. Сепак не очекувам секако да се предадат без борба. Ова им е всушност единсвената шанса да го разубедат светот дека тие се далеку од посакуваната и потребната форма, така да може да се проба и на победа на Италија, но на мал залог. Но, јас не би ризикувал до толку:smir: Реално е Парагвајците да бидат фаворити и поради фактот што мечот се игра на приближно иста надморска височина како што е Парагвај, што нема да им се допадне на Италијаните. Оттуја реална ситуација е да ги поделат бодовите, но не без голови.
И така:
Италија над 2 жолти картони @ 1.61 - 9 единици
Над 5 картони на мечот @ 1.72 - 9 единици
Италија - Парагвај Х-Х @ 4.00 - 4 единици
Џилардињо да постигне гол @ 3.40 - 4 единици