Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
На светсково има повеќе црвени досудено од постигнати погодоци...
 
Е вака се игра фудбал, како швабите. Атрактивен фудбал, со шанси, мајстории, да ти е милина да седиш пред телевизор. Ако вака играат Германците и против посилни екипи, тогаш имаат и те како големи шанси за финале најмалку. Супер фудбал, добри поединци и што е најважна одлична атмосфера во тимот, супер релација тренер-играч, не како Србите да не сакат да се погледнат играчите со тренерот.

Се надевам отсега сите натпревари вакви ќе бидат.
 
Досега најдобро се покажаа Германците на Светсково. Но чекајте да ги видиме Холанѓаните, Бразилците и Шпанците. Да се надеваме дека нема да разочараат :)
 
Германците секогаш со послаби противници играат вака...секоја чест што даваат максимум. Ќе ги видиме со аргентина, италија и компанија понатаму :wink:
 
Германците секогаш со послаби противници играат вака...секоја чест што даваат максимум. Ќе ги видиме со аргентина, италија и компанија понатаму :wink:

Ако се пласираат овие понатаму.:) (шала)
Ако продолжат во ваква форма, има прејаки утакмици да гледаме. Германија може да стигне до титулата, зошто да не.
 
Ќееф ми се направи за Словенија, нула утакмица која мирисаше на чисти 0-0, али благодарение на среќата т.е. на Џабулани :) тие си ја добија. Ништо поарно не беше ниту втората, од која имав даааалеку поголеми очекувања. Србиве крајно неповрзано и тромо стоеја на теренот. Крилата им ги немаше никаде, особено Красич кој не покажа ама баш ништо. На крај глупоста на Кузманович си го реши победникот. Србија ептен ја величеа ова СП, ама мислам дека ќе доживеат слично фијаско како и минатото. Со ваква нема ниту Австралија да ја тепат, а зааа за другиве да не дискутирам. Денот дефинитивно заврши со знак на Бундес маншафтот кој ја прегази Австралија .. СЧ !!!!

Езил - Клосе - Полди

:cuc::cuc:
 
Ве бендисаа Гермациве, а? :)

Супер сте! Го прикажаа најдоброто издание во групите ,и се едни од фаворити за освојување на светското првенство,Но сеуште е мн. рано да се предвиди.Позз иначе Лукас Подолски толку што се снаоѓа во репрезантацијата тоа не е можно,а во некој голем клуб да оди е малер-како во случајот со Баерн.
 
Денеска ќе има голови, посебно на првиот меч.. Холандија очекувам да победи, но и Данска да даде некој гол.. За оној вториот 2 гола разлика победа на Камерун, Јапонците некако слаби ми се покажаа во подготовките :)
 
Јас денеска очекувам да паднат многу голови на натпреварот Холандија-Данска.....иначе швабине се многу силна репрезентација,ако продолжат онака,тие ќе бидат најголеми фаворити за титулата...
 
Полека луѓе Србија ќе биде тест по мера за Германија. Инаку од таа страна на групите мислам дека патот до финале би бил смрт... Под услов Англија втори, Аргентина и Шпанија први тоа би бил патот до финале... скоро немогуке мисија. Само секогаш некој заебува нема шанси сите да одиграат као треба и како се очекува. Може Аргентина да заебат со некој од А група во 1/8 на пример и не би било нереално толку.

Многу е рано за прогноза кој е најголем фаворит. А дека Германија синоќа не потсети дека сме на СП во фудбал а не шах - не потсети.
 
Ако некој треба да победи ко Германците тоа се дефинитвно Бразил.Нека не се клошарат и тие нека дадат голови колку да одржат просек од претходни првенства.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom