Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Чим вчера на концертот немаше некој поголем немир, не верувам и дека ќе има понатака. Таму им беше најголемата шанса. Вакви „поситни“ инциденти ќе се случуваат секојдневно. Али тоа не ја расипува магијата на СП :)
 
Ту бре, мајката, со малери почнува СП. Прво беа опљачкани новинари од Шпанија и Португалија и тоа у сред бел ден во хотел, сеа му умира правнуката на Мандела, што е следно ?
Пред тоа умре и пејачот што требаше да пее на отварањето..
 
Да не знаете во која кладалница може да се кладиш на СП на тоа кој ќе даде прв гол, прв аут, прв корнер и слични игри али да можеш да ги комбинираш на едно ливче?
 
лле снема прва прогрмаа мтв пред свеченото отварање! абе кој им даде на овие да пренесуваат?
 
вие на антена гледате, ама кај мене на кабловска се губи кој чачка у жичките м....:smir:
 
И кај мене е добро, на MaxTV пуштија МТВ1 HD
 
Конечно! Цело сабајле нема струја. Само што дојде пред 10тина минути!

Очекувам одлично светско првенство. Иако во отсуство на некои од најголемите ѕвезди сепак очекувам најдобри фудбалки мајстории и нови таленти.

Ставајте гајбите во фрижидерите и нека ни е на здравје месевов!!!
 
Конечно! Цело сабајле нема струја. Само што дојде пред 10тина минути!

Очекувам одлично светско првенство. Иако во отсуство на некои од најголемите ѕвезди сепак очекувам најдобри фудбалки мајстории и нови таленти.

Ставајте гајбите во фрижидерите и нека ни е на здравје месевов!!!
Амин, и јас очекувам одлично СП и да се изнагледаме голови и убав фудбал со многу мајстории и убави потези и акции!

Фрижидерот кај мене го исчистив, има место само за пиво и нешто жестоко :)
 
леле колкав е овој стадон! 94.000 илјади гледачи цел еден град на стадион многу јако :vozbud:
 
Италија или Агрентина шампион.
Ќе правиме муабет на 11 Јули.
Аргентина има шанси да освои, лично мислам дека сите ја потценуваат (пошо има страшно јак напад)... а за Италија, не верувам дека ќе освои пак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom