Први слики од жичарата на Водно

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
image094c.jpg


Uploaded with ImageShack.us

image095cy.jpg


image093t.jpg


денес е удрен камен темелникот на жичарницата СКОПЈЕ-МИЛЕНИУМСКИ КРСТ, ова се првите слики како таа ке изгледа односно во какви кабини ке се возиме.


Врвот на Водно се досега беше резервиран за најупорните и најспремните како и за оние со најмногу време. И тие малку што се качуваа до таму имаа голем проблем при симнувањето, од вообичаените болки во колената до сериозни повреди при лизгаво и влажно време, Од друга страна пак, како награда за напорот ова селектирано друштво го имаше мирот погледот и уникатната атмосфера на врвот.

Како ке влијае жичарата на планината

1.дали со поголемата пристапност и посетеност крстот ке се претвори во уште една Скопска шема лесно достапна за сите кремци со напнати фаци и мамини шмизли кој на планина ке доагаат нашминкани во високи штикли и црни чорапи???

2.или можеби планината и чистиот воздух ке го промени заебаниот код на овие луге?
 
1.дали со поголемата пристапност и посетеност крстот ке се претвори во уште една Скопска шема лесно достапна за сите кремци со напнати фаци и мамини шмизли кој на планина ке доагаат нашминкани во високи штикли и црни чорапи???
Гласам за кандидатот од партијата под број 1. Ќе се поквари местото, не е за гужва, а уште помалку за горенаведената популација. Не сакам да се правам највечи планинар у маало, црвен стигнувам горе, ама не сакам ниту наградата да ми биде уништена од тинејџерки кои вриштат како да голтнале појачало и масовно се сликаат за фејсбук.
 
Темата е префрлена во Архитектура. Од каде идејата дека Свет и дијаспора е соодветен форум за жичара на Водно? Без разлика, внимавајте во иднина да ги отварате темите во соодветниот форум...
 
Темата е префрлена во Архитектура. Од каде идејата дека Свет и дијаспора е соодветен форум за жичара на Водно? Без разлика, внимавајте во иднина да ги отварате темите во соодветниот форум...

кога немате тема за НОВОСТИ кај да отворам, во архитектура ке ја прочитаат една шака архитекти, иако истата е наменета за сите

ти давам први слики, ти во ќош ги ставаш?
 
кога немате тема за НОВОСТИ кај да отворам, во архитектура ке ја прочитаат една шака архитекти, иако истата е наменета за сите

ти давам први слики, ти во ќош ги ставаш?
Мене ли ми ги даваш?
Ние ти даваме простор кај да ги ставиш, а ти се буниш... :)

Имаме тема, ама немаме подфорум наменет исклучиво за новости. И зошто би требал, кога речиси сите теми се своевидна новост... Толку ли е тешко да ја сместиш во соодветниот форум? Македонска дијаспора и Свет е најнесоодветното место што може да се најде на форумов... Дијаспора и свет = надвор од Македонија. Архитектура и општи муабети се далеку поприкладни подфоруми од Свет и македонска дијаспора...

Дај внимавајте во иднина... Не е финтата само да се привлечат читатели, туку и да им некаков ред. Ако влезам во Фудбал сакам да читам за фудбал, а не за тенис или жичари. Исто така, ако влезам во подфорум за случувања во светот не сакам да читам за жичари на Водно.

Назад на темата сега.
 
i jas glasam za opcija pod broj 1 ke se zaebe mestoto
 
Планината и чистиот воздух ќе ги промени луѓето......
 
Не е жичарата крива што не постои култура на однесување во Скопје или Македонија. Со ова им се олеснува на многу групи луѓе да стигнат до врвот на Водно, не само кремците и тинејџерките, ами и постари граѓани а пред се најважната група постетители - туристите.

ПС: Глуп ти е ПС-от.
 
Zicarava do Vodno e definitivno najglupiot proekt na segasnava Vlada. Nz, jas otsekogas go znam Vodno kako mesto kade vo vikendite skopjenite go pominuvaat slobodnoto vreme i toa PESACEJKI. So zicarava ke se rasipe tradicijata, a na vrvot ke vrie od snobovi :tapp:

se izvinuvam za latinicava
 
Кој сака да пешачи никој не му брани. И нека се собира горе „скопска шема“, што има врска...

Добро е што е почната, дај боже да ја завршат, да не остане на пола како други проекти.
 
шо знаеш ти со 13год шо е беспотребно а шо не .. :tapp:
Можеби е умен и добро воспитан - па знае.
Лошо е кога 13 годишно дете знае што е беспотребно трошење пари, а некои не.
 
Овој Леко и во темава кажуват дека имат пикник на езеро. -.-


Инаку...интересно е жичара. Може е трошење пари баш не во најдобро време ама сепак е капитален проект за во иднина. Посебно ако се направи нешто повеќе отколку предкомунистичка биртија со чај горе па повеќе луѓе да одат за мерак горе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom