- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Воиновиќ: Да се искористи можноста за решавање на спорот околу името во наредните неколку месеци
30.04.2010 - 09:26 |
Американскиот сенатор Џорџ Воиновиќ смета дека сега е поволен момент да се најде решение за спорот околу името.
Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, тој сугерирал дека можеби ќе нема слична можност во догледна иднина.
“Во октомври, ние, неколкумина сенатори се сретнавме со грчкиот премиер Папандреу, кој индицираше дека е заинтересиран и дека сака да стори нешто. Мислам дека постои можност која не беше присутна порано. Исто мислам дека премиерот Груевски знае дека ова можеби е најдобрата можност за Македонија да постигне нешто што би било прифатливо за македонскиот народ и би било мошне важно доколку ја искористи можноста во наредните неколку месеци, бидејќи по тој период, не сум сигурен дека Папандреу ќе остане крај масата, затоа што има многу други проблеми во моментов“, рекол Воиновиќ.
Републиканскиот сенатор од Охајо, кому Обединетата македоднска дијаспора средата во Вашингтон му ја врачила својата Меѓународна награда за слобода, со внимателен став околу евентуалниот референдум во Македонија за името.
Тој истакнал дека луѓето треба да знаат дека каков и резултат да се добие преку компромис, тоа нема да налага луѓето во Македонија да го менуваат Уставот.
“Мислам дека тоа беше големо прашање. Прашањето за референдум треба сериозно да се разгледа, во смисла дали ќе биде нешто што ќе помогне, или ќе наштети“, кажал Војновиќ во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.
Погледнете го видеото и како тоа Војнович ја заслужил наградата...и ова не е единствениот ваков негов настап.
http://fora.tv/2010/03/27/The_Balkans_2010.
ОМД за чии интереси работите?