„Издржал" без храна и вода со години

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Баткава ги збунува на сите доктори. Тврди дека не јаде и не пие со децении а е во добра здравствена состојба и тоа со 83 години..

Yogi Prahlad Jani тврди дека живее без храна и вода над 70 год. и тоа благодарение на медитацијата и како што тој вика благословот од господ.

Во местото Ахмедабад, северо западно од Мумбаи лежи во болница за испитување. Цел на испитувањата е да ја разјаснат оваа мистерија. Му даваат само 100 мл вода за миење на устата и ја мерат после плунката да проверат дали чоеков голтнал некоја капка.
Го испитува директорот на институтот за физиологија и наменети науки на министерството за одбрана.
Со оваа студија се надеваат да изнајдат стратегии за преживување во екстремни ситуации, при природни катастрофи или при мисии во космосот, како на пр. патување до месечината или марс.

Го донесле прошлиот четврток и од тогаш не се напил ни капка вода ни јадел а и не го користел тоалетот.

Следни тестирања ќе бидат скенирања на телото, и активноста на срцето и мозокот.

Први тестирања со баткава се направени 2003..

Иначе нормални луѓе можат во екстремни ситуации според експертите максимално до 60 дена да изджат без храна и ама под услов да земаат течности. Без теќности само неколку денови се издржува.

Целиот текст со видео на англиски овде:
http://english.ntdtv.com/ntdtv_en/ns_offbeat/2010-04-28/655735647279.html
Еве фотка од „штрајкувачов со глад„


image-82668-galleryV9-sdfi.jpg
 
Јас порано имав слушано дека имало некој човек исто вака што не јадел и не пиел ама гледал по 1 час на ден во сонцето и демек тоа го одржувало во живот:toe:
 
Многу дебел изгледа за „штрајкувач со глад“.
 
Ова е специјална диета на база на ананас.
Имено,не јадеш ананас!
 
Можи е некој робот...:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
чудо ...

физички активности? семејство? работел нешто у животот?
не ми е јасно 70години медитирал ли само шо праел?
 
чудо ...

физички активности? семејство? работел нешто у животот?
не ми е јасно 70години медитирал ли само шо праел?

Се молел :))) Овој у Бунарџик треба да го сместиме!
 
Да речеме дека е џедај мастер во медитација, медитира 24/7 и успеал да си го успори метаболизмот за 10 пати од нормално. Колку ќе издржи така, 5 месеци, 6? Абе ајде, си јаде стариов и гајле нема, само прави добри пренкови на министерството за одбрана.
 
Aбе кој 70 + години без вода и храна .. 3 дена без нив и ќе стане храна за црвци ..
 
Многу тврди овој дека не јаде.


И јас тврдам дека не јадам не пијам веќе 16 години.

А со сигурност тврдам дека новинарите имаат бујна фантазија, премногу користат хипербола
 
Пу, пу, тогаш ништо од инвестиции... ќе издржи и без нив.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Јас мислам дека овој ќе привлече инвестиции,ни јаде ни пие,клекнат помеѓу „50те“ фабрики на Бунарџик,се моли во име на преродбеникот.Ако не се измоли,тогаш ќе го вработиме да ги собира свечените ленти низ нивата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom