Што те прави вистински Верник ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дамјан_Amstaff
  • Време на започнување Време на започнување
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Одењето во Црква ? Самиот чин на крштевањето ? Славењето на празниците ? Љубовта кон Бога ?

-Ме интересира што те прави вистински ВЕРНИК.

"Одењето во црква не ве прави верник исто како тоа што стоењето пред гаража не ве прави автомобил" - Потпис на еден член , веројатно ќе искоментира нешто , доста е застапен низ форумов.
 
Почитувајте ги светите книги и однесувајте се според нивното учење.
Не го сметајте постот како диета, туку комплетно прочистување.
Инаку,јас ги имам прочитано и Библијата и Тората (Талмудот ) и Куранот,и секаде има хумани пораки. Кој сака да биде верник - според мене треба да биде за себе а не како другите ќе го доживуваат.
Одењето не значи дека сте верник а не пак вистикски.:smir:
 
Одењето во Црква ? Самиот чин на крштевањето ? Славењето на празниците ? Љубовта кон Бога ?

-Ме интересира што те прави вистински ВЕРНИК.

"Одењето во црква не ве прави верник исто како тоа што стоењето пред гаража не ве прави автомобил" - Потпис на еден член , веројатно ќе искоментира нешто , доста е застапен низ форумов.

„Вистински верник„ е доста широк поим:
- да се биде крстен,
- да се посетуваат богослужби, црковни храмови и манстири и свети места,
- да се слави Бог, Богородица и Светиите,
- да се пости,
- да се читаат молитви,
- да се практикуваат Свети Тајни,
- да се чинат добри дела,
- да се чита богословска литература,
- да се живее во покајание,
- .....
Но, најбитен е влезот во Царството Небесно, како крајна цел од побожното живеење, а до тој влез, битни се сите „ситни„ нешта.

Поинаку кажано, не размислувај премногу за тоа, што е тоа кое те чини вистински или помалку вистински верник, оти со тек од време, самото ќе ти се каже, туку делувај на тој план.
 
А каде е тука љубовта кон Бога ? Или доколку ова се го почитуваш (правиш) те прави "официјално" вистински верник ?
-Прашањето ми е : Дали е доволно само љубовта кон Бог ? Да не се читаат молитви , да не се пости ...?
 
- На крајот од мојот претходен пост, оставив и цртичка за набројување, со неколку точки, со намера да покажам дека има уште за додадавње, т.е. дека со наброеното, не ги исцрпив сите можности преку кои се покажува и живее верата.
- Како ќе ја покажеш љубовта кон Бога, ако не го сакаш својот брат или сестра, кои можеш да ги видиш, а велиш дека Бога Го љубиш, а не си Го водел?
- Не е можно да се биде побожен без молитви и Свети Тајни, оти тие (молитвите и Тајните) ја одржуваат, но и ја надградуваат личната вера и личната намера да се остане во доброто и да се биде близок до Бога. Без молитви и Тајни, не ми е познато како може да се биде побожен...Само преку својата сила? Или само преку пустата желба да се биде побожен и праведен?
 
Да , потполно си во право :)
 
Иако не сум побожен сепак ќе си земам за слобода да ви посолам малку памет. Го заборавате "љуби го ближниот свој". Иако голем број луѓе "блискиот" го мешаат со "ближниот".
 
„Вистински верник„ е доста широк поим:
- да се биде крстен,
- да се посетуваат богослужби, црковни храмови и манстири и свети места,
- да се слави Бог, Богородица и Светиите,
- да се пости,
- да се читаат молитви,
- да се практикуваат Свети Тајни,
- да се чинат добри дела,
- да се чита богословска литература,
- да се живее во покајание,
- .....

библија и Исус во новиот завет велат НИШТО од тоа не е битно ниту треба оти сето тоа се ДРАПЕШНИЦИ кој не значат ништо .

битно е :

Марко: 12:33 и да Го љубиш Него со сето срце, и со сиот разум, и со сета сила; и да ГО ЉУБИШ БЛИЖНИОТ КАКО СЕБЕСИ, тоа е многу повеќе од сите паленици и жртви.”

Римјаните: 13:10 Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.
15:2 Секој од нас нека му угодува на ближниот, во негова полза, за добро,

Јованово:
3:10 По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.

.
.
.
ПРАВОСЛАВИЕ ИСЛАМ КАТОЛИЦИЗАМ ПРОТЕСТАНТИЗАМ ...
се неправедни религии и ги учат луѓето на неправедност
немаат ниту пријателство ниту блискост а камо ли да бидат БЛИЖНИ

нели тие во својте политички програми се залагаат за суетни - угнетувачки - користољубиви оптшества во кој важи ......"човек на човек - Волк "
приватниот интерес и профитот "се пред се и над се " и се во тој стил

Но, најбитен е влезот во Царството Небесно, како крајна цел од побожното живеење, а до тој влез, битни се сите „ситни„ нешта.

е тоа ниту ЕДЕН припадник на Ислам Православ Католик Протестант НИКОГАШ нит успеал нит ќе успее
Тоа е резервирано за ПРАВЕДНИЦИТЕ

за Православ Католик Ислам протестант ...кажал Исус :

Матеј: 19:24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”

Марко: 10:25 Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!”

Лука: 18:25 Полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото Царство.”.
.

.

но тоа не се однесува само на Капитлистите и владетелите туку и за свештенство и за нивните верници бидејќи е кажано :

Исаија:
5:20 Тешко им на оние што злото го наречуваат добро, а доброто зло
ова е за верниците и нивни водачи свештенство

Исаија:
10:1 „Тешко им на оние што издаваат неправедни закони, кои пишуваат жестоки решенија;
ова е за законодавци , владетели кој про-пишуваат суетни угнетувачки експоататорски закони и креираат такви општествени системи

Иако не сум побожен сепак ќе си земам за слобода да ви посолам малку памет. Го заборавате "љуби го ближниот свој". Иако голем број луѓе "блискиот" го мешаат со "ближниот".

тресат глупости ама тоа ги прави верници сиротките

ТОЧНО ТАКА ДОБРО ВЕЛИШ тоа е и написмено кажано :
1 Јованово:
4:20 Ако некој рече: „Го љубам Бога”, а го мрази БРАТА СИ , ЛАЖГО Е ; зашто кој не го љуби брата си, кого го видел, не може да Го љуби Бога, Кого НЕ Го ВИДЕЛ.

БРАТ = БЛИЖЕН = ИДЕОЛОШКИ ИСТОМИСЛЕНИК
еве ја истата реченица со ист контекст
Марко: 12:33 и да Го љубиш Него со сето срце, и со сиот разум, и со сета сила; и да ГО ЉУБИШ БЛИЖНИОТ КАКО СЕБЕСИ, тоа е многу повеќе од сите паленици и жртви.”
 
Атеист ако можам да забележам ти си премногу информиран атеист:wink:
 
Иако голем број луѓе "блискиот" го мешаат со "ближниот".

има таква тема
Пријателство Блискост Ближност

3)Дефиниција : има три развојани степени (нивоа) на стекната или заслужена доверба и тоа :
А) пријателство
Б) блискост
В) ближност

Образложение : ПРИЈАТЕЛСТВОТО е најнизок степен на изразена доверба или заслужено доверие . Обично при отселување или смрт на некој пријател или не се чувствува емотивна болка , или таа трае одредено кратко време (Иако Бог не си ги заборава пријателите-“ Авраам му поверува на Бог и се нарече ПРИЈАТЕЛ Божји”) .

Додека кај некој што чуствуваш (значи веќе вклучени чувства и емоции) БЛИСКОСТ до која е дојдено со повисок стадиум на споделени тајни , искуства итн при загуба се чуствува таа душевно емоционална болка .

И третиот највисок стадиум на стекнато доверие и изразена доверба е БЛИЖНОСТА а оваа секогаш се појавува кај идеалисти кој ги поврзува дух-идеал т.е Слово –доктрина –идеологија . Е дури во оваа последна највисока фаза почнува да важи “Љуби го ближниот свој” …и за ова има безброј примери не само кај Христ туку и битки за ранети на Неретва , Сутјески ....многу се. Овие без разлика што не се во крвно сродство најмногу тагуваат и жалат за својте ...не ги прежалуваат се до своја смрт ...оти заедно идеолошки биле договорени да гинат за тоа во што веруваат а тоа е повисисокиот стадиум на општествена свет – комунизам , и највисок самоуправување .За овие Павле вели -“вашето семејство по дух” – а не по крвна линија.Истото и Христ го вели кога му рекле за негови крвни браќа и сестри Тој не ги негирал како такви нооо за вистински ги признал ...”Вие што исполнувате Божјото Слово сте ми и мајка и татко и браќа и сестри” и точно овие гинеле за него ...а секогаш е така и во пракса. Е Библија токму овие 3 стадиуми на изразување доверба и заслужено доверие ги објаснува ноооооо користејќи го дадено право-“ се испитај се истражи “ - ќе речат апостоли. …значи не слепо верување-доверба и на”жими ова или она

http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2541370

Атеист ако можам да забележам ти си премногу информиран атеист:wink:

добро забележуваш :smir:
 
па мене не ми изгледа баш така,ивадоци од свети списи можат само да се цитираат

http://www.svetopismo.com.mk/index3.php

напиши го клучниот збор и пребарувачот ќе ти ги даде сите цитати
битно е да знеш што точно бараш
веќе во глава да го имаш концептот а за другото е лесно да се наредат цитатите
може и да ја симнеш библија и куран и директ од комп да си составиш што ти треба
повеќе е работа на техника отколку некаква посветеност
барем денес тоа воопшто нее проблем
 
Што те прави вистински Верник ?
-тоа што после бладањата на некои атеисти пак верувам.
 
Верувам!
Но,сум и голем грешник. Се трудам да живеам според христијанските закони,но,подлегнувам и на искушенијата. Никој не е безгрешен освен единиот Бог. Некој некогаш рекол:грешам оти сум човек. Но,Бог само простува. А и ние за да бидеме деца Негови треба да одиме по стапките негови:Да простуваме.
,,Човечки е да се греши, Божански е да се проштева,,.
Оној што вистински верува треба да знае и да простува.
Христијаниот што верува треба да знае дека мора да ги љуби и своите непријатели и да се моли за нив.
Тоа го правеја ГИХристос,Св.Стефан...Тие ги убиваат а тие:,,Прости им Боже не знаат што прават,,. Така прават вистинските верници. Но тоа е далеку од нас....
 
„Вистински верник„ е доста широк поим:
- да се биде крстен,
- да се посетуваат богослужби, црковни храмови и манстири и свети места,
- да се слави Бог, Богородица и Светиите,
- да се пости,
- да се читаат молитви,
- да се практикуваат Свети Тајни,
- да се чинат добри дела,
- да се чита богословска литература,

- да се живее во покајание,
- .....

Јас исполнувам 4 од 9 услови:
- крстена сум
- посетувам цркви и манастири (затоа што ме интересира архитектура)
- правам добри дела
- читам богословска литература (затоа што на матура ќе ги имам тие дела)

Тоа ме прави четири деветини верник?

*едит: какви се тие Свети Тајни?
 
„Вистински верник„ е доста широк поим:
- да се биде крстен,
- да се посетуваат богослужби, црковни храмови и манстири и свети места,
- да се слави Бог, Богородица и Светиите,
- да се пости,
- да се читаат молитви,
- да се практикуваат Свети Тајни,
- да се чинат добри дела,
- да се чита богословска литература,
- да се живее во покајание,
- .....
Но, најбитен е влезот во Царството Небесно, како крајна цел од побожното живеење, а до тој влез, битни се сите „ситни„ нешта.

Поинаку кажано, не размислувај премногу за тоа, што е тоа кое те чини вистински или помалку вистински верник, оти со тек од време, самото ќе ти се каже, туку делувај на тој план.

Делумно има вистина во ова но многу е важен мотивот:зошто правите одредени работи (одите во црква заради традицијата или заради нешто повеќе,читање Богословска литература заради чиста информација или не итн).?
Мислам дека не може да се дефинира баш што е вистински верник но едно е сигурно-оној кој е вистински верник ги поседува плодовите на СВетиот дух: мир,љубов,покајание,радост и пред се почит кон Бог.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom