Арката на дедо Ное откриена во Турција?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
После бугарските постови ова е најглупавото нешто што сум го прочитал последниов период.
 
Не е важно дали тоа е бродот на Ној. Кој верува не му требаат докази. Големoтo прашање е дали тоа што се нашле е брод. Зошто? Заштото е на височнина 4000 метри во планината. Што предизвикало овој катаклиз'м и може ли пак да се случи.
 
На височина од девет километри?
Сте учеле ли дека нема никаде на светот планина висока девет километри - дури ниту Хималаите не се толку високи.:pos2:
 
И во ова ќе собере милиони инсекти(членконоги башка),да не заборавиме змии,амерички орел,Слонови,Шимпанзи,жирафи,Носорози и тоа се по формула:vozbud:

ммммм....НЕ!!

е да !
си има логичко објаснување бе

Ное изнајмил чартер лет за Америкиките и земал тоа орловите
ондак му дале индијанците глисер и тркнал успут онака до австралија му паднало жал за кенгурите и така наваму и натаму и собрал тоа животинките :)
Е потоа земал даските и шајките и сковал брод за тие животинки да ги спасуе :pos:
 
Библијата се чита и толкува како што е, затоа и тие недоразбирања. Потоп постоел, факт според слојот глина околу целата земја, а самото споменување на Потопот не е од географски или климатолошки аспект. Битна е пораката за Потопот -зошто, но не и како-тоа како нека се занимава науката која во меѓувреме ги има откопано/откриено тие слоеви. Доколку е како, прво ќе треба да се објаснат многу други "ситници" во макро и микрокосмосот, а кои се доближуваат до научните теории.
Пример -сингуларноста и непостоење просторвреме се совпаѓа со креационата страна (почеток даден од Некого)
Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сe што Ми е по волја.’ Исаија 46:10
Доколку се земе теоријата за почеток и не/простор и не/време и фази на ширење и собирање на вселената, истата се совпаѓа со -од почетокот го открива свршетокот...
Самата наука овозможува дека Бог имал замисла и ја оставрил преку Големиот Почеток -Биг бенг. Доколку вселената нема почеток, тогаш веќе може да се збори за тоа дека Создателот го нема, пошто нема ниту почеток, ниту ќе има крај. Но во општо прифатената теорија за почетокот и повторниот колапс, признание за ова му се дава на Бог. Смешно звучи, да...пологично е да се создаде клетка само од Л-амино, да се синтетизира протеин, днк со код совршен (како земен од Старворс серијалот)...

Ај доста е, темава е за некој фејк брод, а ова погоре можеби треба да го пишувам во темата за јајцето и кокошката.
 
Имаше грешка во куцање за висината на планината, значи не е 9 километри, највисокот врв на Земјата, Еверест, е над 8 километри.

SCIENCEphoto.jpg
 
Не е важно дали тоа е бродот на Ној. Кој верува не му требаат докази. Големoтo прашање е дали тоа што се нашле е брод. Зошто? Заштото е на височнина 4000 метри во планината. Што предизвикало овој катаклиз'м и може ли пак да се случи.

Што и да го предизвикало и пак да се лучи нема кој да го спречи.

Инаку ова со Ное е најневеројатната фантастична приказна на сите времиња, матрикс може вода да и носи, и + Ное живеел 900 години..
 
Порано бродовите летале, не знаеве? :))
 
Нема некоја перспектива темава.... ама ај, засега.
 
Ова е јако! За испрани мозоци де...

Како прво, за 4 800 години е невозможно да се издигне толку висока планина од морското ниво!!!
Инаку и порано се најдувани бродови длабоко во копното, ама ова на 4 000 метри...:vozbud:

А и што бара темава во Историја? Повеќе и одговара подфорумот Филм или ЧДА...
 
не верувам во ова ...
ама да те прашам како мислиш за 4800г да се издигне планина?
кој вика дека се издигнала планината за 4800год?

темава е за у Мистерии .. а и мислам дека имаше ваква тема таму пред некое време ..
 
Ова е од геологија:
Најголем дел од планините настануваат како последица на изместување на подземните плочи, при што тие плочи се извиткуваат и се издигаат нагоре, ама за тоа е потребно многу време. На пример Хималаите, тие настанале како последица на "судирот" на Индиската плоча со Азиската... И со други тектонски активности (земјотреси) настануваат планините...

Е сега, пронајдени се бродови на некои ридчиња, во пустини, во подлабоко копно, ама за сите нив со сигурност се знае дека таму имала тектонска активност или друга (суши итн) и затоа таму се најдени остатоци од бродови...

Ама ова, дека е најден брод на 4 000 метри е тотална глупост.
 
Ама ова, дека е најден брод на 4 000 метри е тотална глупост.

те сваќам ...
пак да речам ова не ми е верно ... за арква де :)

само вероватно мислат на друго ..
не дека се издигале тие планини ...
туку имало вода дотаму можеби на тоа мислеле .. па останала Арката демек на таа висина ..

туку па ако имало вода дотаму цел свет ќе бил поплавен :)
 
А, да да да, да бе, големиот потоп....еееј, не ми текна на то... :)

Ама и то е невозможно....и цел мраз на антарктикот да се стопи, и сите реки и езера да се излеат, морското ниво не може да се крени повеќе од 100-150 метри...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom