Отворена нова индустриска зона - Скопје 2

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
r137175_466268.jpg

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, денеска со поставување на камен темелник ќе го означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

Основач е владата, ќе се гради на земјиште во сопственост на владата со вкупна површина од 95 хектари, на локалитетот Бунарџик.

На свеченоста се очекува да присуствува и премиерот Никола Груевски, како и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриска развојна зона, Марјан Јованов. Треба да пристигне и Архиепископот г.г Стефан.
:vozbud:
 
Браво за индустрииската зона, сега уште инвеститори да дојдат и наредена ќе биде.
 
Бунарџиќ работи со загуба. Трагично. Џонсон Контролс работи со само 1 погон. Трагично. Недостигаат пари за да се покријат бенефициите кои ги одобрија за инвеститорите таму т.е. за инвеститорот. Трагично. Отварање на уште една индустриска зона, кога претходната неможе да се наполни барем со 2 фирми. Трагично. Не се прави економија и работни места со отварање на празни плацеви. Трагично.
 
Имаше еден скеч од К-15 и познатата реченица од Миле Паника: Дури да ни тргни ама кога ќе ни тргни :icon_lol:.....
Не една индустриска зона него две на истотото место, како ги собра тоа е мистерија за мене :icon_lol:.
 
Патриот:icon_lol:Туку овој Свети Стeфан се изнапеа на Бунарџик,барем една фирма да дојдеше на толку благославување.Плус и лопата до лопата,панделка до панделка,барем нека ја дадат на земјоделците компири да насадат и така не и треба орање.
 
Ти текнува на Џонсон Мети ???:pos2: Груевски: " Ќе се вработат 500 луѓе во првата година а во наредните 3 уште 1500 вработени". Бог да чува.:tapp:
А на Шише Џам ??? А на уште 50-тина други?

КАДЕ СЕ БЕ АЛОООО???
 
Најсвежи ми се кинезите.Кога сега слушам наместо како инвеститори,како туристи ќе иделе.Абе шалили смо се :pos2:
Туку стварно кај се кинезите на Бунарџик?
И хитман не ги брзај,едно дете ми рече:Ти ма да не сакаш преку ноќ!
 
20 години X 365 дена = 7300 ноќи.
Поздрави го детето од мене. :)
А за кинезите во право си, во неделата сакав на Матка да одам малце, другар ми ми вика, абе чекај ке одиме понеделник сеа гужва е од Кинезите не се поминува натака. :vozbud:
 
Патриот:icon_lol:Туку овој Свети Стeфан се изнапеа на Бунарџик,барем една фирма да дојдеше на толку благославување.Плус и лопата до лопата,панделка до панделка,барем нека ја дадат на земјоделците компири да насадат и така не и треба орање.

Зошто сите работи во оваа земја се прават погрешно??Лопата на гробарите, инаку според мене еден од најпрофитабилните бизниси во земјата, заедно со пеењето молитви, ждерењето пита со зелка, и пиењето струмичка вотка со кристали (also known as „брзосмртка“) над мртвиот.За земјоделците се знае што треба, нова механизација а не оваа механизација од времето кога Св.Павле шетал низ Македонија.
Стоп за пеењето молитви на ниви, тањирите шопска на трупче од даб, како и лопатите на места каде што не треба.
Ти си Македонија, кажи не!

Инаку Кинезите се во Србија, онаму каде што можат да бидат, односно имаат услови да бидат а и читам дека ќе ја кредитираат и Србија.
 
bez panika...sekoe drzavno rakovodstvo koe ke premine vo nadrealizam ,stanuva zabavno...znaci sledat interesni i zabavni vreminja, a da zivees vo neobicni vreminja e dar od Boga...!!!:)
 
Ќе видите вие Мизо кога ќе донесе странцки инвестиционери!
Во првата Бунарџик зона пред месец дена допрва им ја оправија струјата. И да сакаа да зголемат капацитети ќе имаа проблем.
 
bez panika...sekoe drzavno rakovodstvo koe ke premine vo nadrealizam ,stanuva zabavno...znaci sledat interesni i zabavni vreminja, a da zivees vo neobicni vreminja e dar od Boga...!!!:)

Секој збор,алтан :)
Само незнам на кого му е позабавно,нас или нив.
 
Владата најголем инвеститор во „Бунарџик“

За две години Владата инвестирала најмалку 25 милиони евра во инфраструктура во сите македонски слободни економски зони, во кои наместо странски брендови, царуваат „шарените крави на големата ливада“
Владата е најголемиот инвеститор во слободните економски зони во земјава, покажуваат пресметките. Но, освен владините инвестициите во инфраструктурата и помпезните панделки и нови лопати, зоните останаа празни, без фабрики. Само за две од вкупно 11 години, колку што „Бунарџик 1“ постои, но само на хартија, инвестирани се речиси 25 милиони евра во слободните економски зони во земјава. Истовремено, милиони евра се исцицани од буџетот за водоснабдување, електрификација, гасификација, фекална и атмосферска канализација, проектни документи, геолошки елаборати, улиците, придружни објекти, огради, сообраќајници, терминал за товарни возила нивелација на парцели... се' тоа за пречек на странските инвеститори кои никаде ги нема. Нема информации колку чинела експропријација на земјиштето и други придружни работи за слободните економски зони во земјава. За сето тоа време вкупно две странски компании инвестираа во „Бунарџик 1“. По крахот со инвеститорите нема информации кои странски компании Владата планира да ги смести во „Бунарџик 2“, чија изградба почна завчера. Најавено е дека зоната може да издржи изградба на 20 фабрики, кои би вработиле околу 5.000 луѓе. За 95 хектари слободна економска зона ќе се потрошат 3,5 милиони евра од буџетот, а слична е цената и на најавените нови зони во Штип и во Тетово.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C8B06C117905C49AAB85183C2939443

Се е напишано, немам што да додадам повеќе на напишаното.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom