Кој сум Јас?

  • Креатор на темата Креатор на темата 831
  • Време на започнување Време на започнување

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
7.047
Поени од реакции
12.823
Возраст
44
Древното прашање, големата мистерија кој сум Јас, што е тоа? Зошто е Јас, која е смислата на Јас?

Докажано е дека ние сме како роботи, нервен систем со електрични импулси. Склоп од знаења кои претходно сме ги стекнале(биле втиснати) и непрестано несвесно ги повторуваме, и во исто време се стекнуваме(ни се втиснуваат)со нови.
Но самосвесноста, мистериозното Јас е заебаната мистерија, што е таа, од каде е? Кој е тој што посматра, што е свесен...

Дали е тоа креаторот(Бог), дали сме ние креаторот(Бог), дали е тој во нас и насекаде околу нас, дали е тој ЈАС, дали тој преку нас го посматра своето дело? Или сето тоа е една научнофантастична квантно-религиска глупост?
 
Како поточно Бог го посматра секое дело на шест ипол миљарди народ?
Ако Бог е несвесниот дел од нас тогаш Бог е ништо повеќе од штетник.
Квантно-религиска глупост според мене,прикаска раширена низ рајата за да се воведе дисциплина.
Господ те гледа :pos:
 
А зошто ли воопшто постоиме... Зошто ако треба еден ден да умреме... И како ништо ќе не снема...
 
Постоиме затоа што пред многу години на некој рандом начин кој уште не сме го откриле се создале услови за развој на живот.
 
Ама нема смисла нашето постоење... Постоиме и еден ден ќе не нема, нема ни да знаеме дека не нема, ќе не снема како ништо...
 
Ама нема смисла нашето постоење... Постоиме и еден ден ќе не нема, нема ни да знаеме дека не нема, ќе не снема како ништо...

да но твоето потомство ќе остане ..
 
Aко ти самата не си дадеш причина за живот нема да се симне некој забраден дедо во апостолки и да ти каже што треба да правиш.
Врло нихилистички размислувања...батали ги:toe:
 
Што се случува после нашата смрт... Ќе живееме ли вечно....???
 
Моја претпоставка е дека е слично на сон само е вечна темнина:toe:
Hell,досега никој се нема вратено.
Додуша еден хипик го заковавме за парче дрво,он слегна и си отиде накај облаците:toe:
 
Што се случува после нашата смрт... Ќе живееме ли вечно....???

ако сите размислуваат како тебе ни ти немало да постоиш ...
искуси го животот додека го имаш ... изживеј го ..
створи потомство и створи им колку си у можност услови за да и тие живеат ... :toe:

а еден ден на сите ќе ни дое крајот .. е тогаш шо ќе биде ќе видиме / или не :)
 
Како поточно Бог го посматра секое дело на шест ипол миљарди народ?
Ако Бог е несвесниот дел од нас тогаш Бог е ништо повеќе од штетник.
Квантно-религиска глупост според мене,прикаска раширена низ рајата за да се воведе дисциплина.
Господ те гледа :pos:

Па нели науката ни кажува дека од ништо настанало нешто, настанал униоверзумот и се во него. Потоа настанале и тие шест и пола милијарди кои имаат свест, кои посматраат, кои креираат. На квантната глупост донекаде и е јасно како функционираат некои работи но никако не може да сфати кој е тој што е свесен и што посматра(преку нас)...
Према ова ние сме господ, свест, енергија која создала ред од хаосот...
Заебани се квантните глупости, научно(теоретски) го објаснуваат постоењето на Креатор, но кажуваат дека ние сме ЕДНО со него - буквално!
Ова претставува опасност за религиите и нивната замисла за Бог...:toe:
 
Кој сум јас кој сум јас
јас сум интелект :icon_lol:......
 
Еден од најмистериозните изрази кои се пишани во новиот завет се зборовите ЈАС СУМ.
 
Па нели науката ни кажува дека од ништо настанало нешто, настанал униоверзумот и се во него. Потоа настанале и тие шест и пола милијарди кои имаат свест, кои посматраат, кои креираат. На квантната глупост донекаде и е јасно како функционираат некои работи но никако не може да сфати кој е тој што е свесен и што посматра(преку нас)...
Према ова ние сме господ, свест, енергија која создала ред од хаосот...
Заебани се квантните глупости, научно(теоретски) го објаснуваат постоењето на Креатор, но кажуваат дека ние сме ЕДНО со него - буквално!
Ова претставува опасност за религиите и нивната замисла за Бог...:toe:

Засега не е успеано да се докаже прав ex nihilum,не е создаден тотален вакуум пошто и самиот вакуум содржи честици,радијација и др.
Креатор можно е да постои како некоја праматерија која реактирала во моментот на создавањето(и по таа чудна логика да е дел од сите нас),но не верувам дека тоа е интелигентен творец.
 
Но самосвесноста, мистериозното Јас е заебаната мистерија, што е таа, од каде е? Кој е тој што посматра, што е свесен...

Види ако сам на себеси си мистерија тогаш се останато ти е мистерија, па ќе бараш логика во соновите за да си ги оправдаш проблемите во јавето.

Јас сум јас ти си ти, просто едноставно и вистинито, ти си тој што посматра ти си тој што е свесен дека е свесен дека е жив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom