Ако се појави Бог ќе има ли потреба од ВЕРА

  • Креатор на темата ateist
  • Време на започнување
A

ateist

Гостин
Една од најголемите пропаганди и бегање од лична одговорност на религиите и верите е дека наводно нив не им е проблем да го докажат Бог но кога Бог би дошол на земјата меѓу луѓето тогаш ќе нема потреба од ВЕРА оти Бог би бил факт - реалност .

Но новиот завет вели дека тоа е лага !

еве :

1) Божја пројава

Јован: 7:31 А мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, дали ќе направи повеќе чуда, отколку што направи Овој?”
12:37 Иако направи толку чуда пред нив, НЕ ВЕРУВАА во Него,

20:30 И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава;

2) Божјата пројава ја докажувале и други

Матеј: 10:8 Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Дела Ап.:
5:12 И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.
14:3 Овие пак останаа тука долго време, проповедајќи смело, во Господа, Кој сведочеше за словото на Својата благодат и овозможуваше нивните раце да прават знаци и чуда.
15:12 Тогаш замолкна целото множество и ги слушаа Варнава и Павла, кои раскажуваа колку чуда и знаци направи Бог, преку нив, меѓу народите.
19:11 А Бог правеше необични чуда преку Павловите раце

3) дали со тоа Верата престанала ...немало потреба од верување ?

НЕ ? туку тогаш почнувало верувањето .

Матеј: 9:29 Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”

Јаков: 1:3 знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение!

1 Петрово: 1:7 та вредноста на вашата вера, која е поскапоцена од пропадливото злато - кое се испитува во оган - да се покаже, за пофалба, слава и чест

Јуда: 1:20 А вие, возљубени, изградувајте се себеси врз вашата пресвета вера,

2 Коринтјани: 1:24 но не како ние да владееме со вашата вера, туку сме соработници во вашата радост, зашто во верата вие стоите цврсто..
.
.
.
..
..

заклучок :
наведните примери недвосмислено ДОКАЖУВААТ дека
не е вистина дека кога Бог би се појавил ќе нема потреба од вера


баш напротив :

Второзаконие: 7:9 Затоа знај дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, верен Бог,

1 Коринтјани: 1:9 Верен е Бог

Коринтјани: 1:18 Бог е верен,.
.
.
верен= ДОВЕРЛИВ = оној кој треба да залужи наша ДОВЕРБА

откако ќе заслужи наша Доверба дури тогаш може да испробува наша вера -доверба но и ЛОЈАЛНОСТ - ВЕРНОСТ- ПРИВРЗАНОСТ

ПРВО и елементарно треба да се види што нуди дали е прифатливо па му се биде верен-лојален

Второ треба да докаже дека е Верен-Доверлив
Малахија: 3:10 Тогаш испитајте Ме - зборува Господ над Војските - не ќе ли ви ги отворам небесните брани и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка;

.
.
.
.
ВО услови кога веќе 1700 год НИКОЈ НЕ ГО ДОКАЖАЛ постоењето на Бог а се сведува на читање од книга ................се е сомнително .

Така да ..........Религиите и Верите НЕ ЗАСЛУЖУВААТ наша доверба а бог може да дојде слободно ..........под услов да постои .........нека ДОКАЖЕ како што докажал ( според прикаската ) пред 2000 год и нее проблем ќе има ВЕРА = ДОВЕРБА

Религиозното Вера = Претпоставка е ГЛУПОСТ дупење у здрав памет на луѓето

доказот нее крај на Верата...........тоа само религии и вери ЛАЖАТ
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
На Атеист ќе му е сеедно, и така кај него нема вера.
Туку, на малите деца им велеле да не си играат непотребно со оган, да не се изгорат.
 
A

ateist

Гостин
На Атеист ќе му е сеедно, и така кај него нема вера.
Туку, на малите деца им велеле да не си играат непотребно со оган, да не се изгорат.
абе еве луѓе што ИМАЛЕ ВЕРА како тебе АМА ЏАБЕ ИМ БИЛО

Исус ГИ ОТФРЛИЛ.............НЕ ВИ ЈА ПРИЗНАЛ ВАШАТА ВЕРА

ЕВЕ ПРИМЕРИ :

1)

Јован:
12:37 Иако направи толку чуда пред нив, НЕ ВЕРУВАА во Него,

ЗОШТО НЕ ВЕРУВАЛЕ ?

ЕВЕ ЗОШТО :

Матеј: 19:24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине НИЗ ИГЛЕНИ УШИ, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”

ЗНАЧИ НА СВЕТИ НИКАД ...ПРЕВЕДЕНО ПО НАШКИ

Марко: 10:25 Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!”

Лука: 18:25 Полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото Царство.”

2)

Марко 10 :

17 И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?”

18 А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.

19 Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”

20 Но тој Му одговори: „Учителе, СЕТО ТОА ГО ПАЗЕВ ОД СВОЈАТА МЛАДОСТ.”

21 А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „ЕДНО ТИ НЕДОСТИГА: оди, ПРОДАЈ СЕ ШТО ИМАШ, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!”

22 А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.

23 И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!” .

3)

ЕВЕ ОВИЕ И ГЛЕДАЛЕ И СИ ЈА ДОКАЖАЛЕ ВЕРАТА=ДОВЕРБАТА

Дела Ап.: 2:44 А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо.
4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
4:32 А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.

33 Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.

34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.

4)

Јаков: 1:12 Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто ОТКОГА ќе биде ИСПИТАН , ќе прими венец на живот, што Бог ИМ ГО ВЕТИЛ на оние, кои Го љубат.

блажен= исполнителен............исполнил критерум за вера=доверба

арно ама погоре вели ПРВО И ЕЛЕМЕНТАРНО мора да се приложи ДОКАЗ ЗА ВЕРАТА=ДОВЕРБАТА
.
.
.

ЕТЕ ГЛЕДАШ ...............

И КОГА ГЛЕДАЛЕ ................ИМАЛО УСЛОВИ КОЈ ТРЕБАЛО ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗА ДА СЕ ПРИЗНАЕ НЕЧИЈА ВЕРА= ДОВЕРБА

а ете и ти како религиозните и од верите ПОГРЕШНО ....вера= претпоставка

а ете Исус БАРАЛ ;

ВЕРА = ДОВЕРБА ...............да си ја докажеш верата - довербата - лојалноста
 
Г

Господ

Гостин
Си бил еден хипик шетал по рајата и праел илузии.Не значи дека мора да му даваме divine статус.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
249
Поени од реакции
16
а зошто се верува во Исус дека е бог кога не се прогласил како бог? може одговор... и не ме сфаќајте погрешно Ве молам ! :kesa:
 
Член од
10 ноември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
3
а зошто се верува во Исус дека е бог кога не се прогласил како бог? може одговор... и не ме сфаќајте погрешно Ве молам ! :kesa:
За тоа што ИСУС бил толку совршен ... он никогаш не се прославуваше сам...туку го прославуваше Таткото...и за тоа така рече ... а Таткото го прославува Синот...
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
[

ЕВЕ ЗОШТО :

Матеј: 19:24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине НИЗ ИГЛЕНИ УШИ, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”

ЗНАЧИ НА СВЕТИ НИКАД ...ПРЕВЕДЕНО ПО НАШКИ


Nee e tocno protolkuvano.
Pod kamila ne s podrazbira ona golemo pustinsko zivotno,tuku pod kamila se podrazbira: Golema ortoma so koja se vrzuvale ribarskite kajcina koga se usidruvale na bregot. Te[ko da vlezi tolkava ortoma vo igla koja isto taka bila pogolema igla za krpenje na ribarskite mrezi,no so golem trud e mozno.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Не е проблем у верата , проблем е у разбирањето на работите .
Верата е заведување кон вистината , и толку.
Ако веруеш дека има љубов не значи дека знаеш што е љубов , така да можат да ти кажат 1001 доказ за бога и за џабе да ти биде ако не си осетил љубов.
Бог не се гледа со мозок туку со срце .
Мозокот знае да биде најголема превара .
 
A

ateist

Гостин
ЌЕ НЕМА!:smir:
ама ете си пишуе Исус бил па ете луѓето НЕВЕРУЕЛЕ и самиот тоа го кажува

еве :
1)

Матеј: 17:20 А Тој им рече: „Заради вашето НЕВЕРИЕ; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно.
.
.
2)
Марко 6 :

5 И НЕ МОЖЕШЕ (значи Исус не бил севозможен) таму да направи никакво чудо, освен што исцели малку болни, полагајќи ги рацете врз нив.

6 И се чудеше на нивното НЕВЕРИЕ. И обиколуваше по околните села и поучуваше.

.
.
3)
Марко 9

22 а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!”

23 Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сè е можно на оној, кој верува!”

24 Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето НЕВЕРИЕ !”

.
.
4)
Марко 16

16:14 Најпосле им се јави и на Единаесетмината, додека беа покрај трпезата, и ги укори заради нивното НЕВЕРИЕ и закоравеноста на срцето, зашто НЕ ИМ ПОВЕРУВАА на оние, кои Го видоа воскреснат.

ЕТЕ ЧОВЕК ВО ДРУГ ЧОВЕК НЕМА ВЕРА -ДОВЕРБА ОТИ ЧОВЕКОТ И ТЕ КАКО ЗНАЕ И ДА ЛАЖЕ МАНИПУЛИРА , ЗЛОУПОТРЕБУВА ДО КРАЈНИ МОЖНИ ГРАНИЦИ .(војни убиства итн)
ЕТЕ И ТОГАШ ВИДЕЛЕ СО СОПСТВЕНИ ОЧИ ПА ПОВЕРУВАЛЕ А НЕ ИМ ВЕРУВАЛЕ НИТУ НАТИЕ СО КОЈ БИЛЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ЗАЕДНО .
Написмено е запишано во Нов завет дека :
Значи е сосема нормално човечки да не се верува на други луѓе - шиткачи на вечни животи ветришта магли и виулици туку да се увери лично со свој очи да види , да провери итн .
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
а зошто се верува во Исус дека е бог кога не се прогласил како бог? може одговор... и не ме сфаќајте погрешно Ве молам ! :kesa:

Бог да слезеше на земјата секако дека ќе кажеше ја сум Бог и во мене верувајте и ќе живееше вечно нели немаше да умре никогаш?
Но не Исус не бил Бог.
Бог не е човек со натприродни моќи. Бог е нешто што не можеме да замислиме. Бог е Совршен. Затоа е и Божјата заповед да не се прави слика на Бог зошто не знаеме како изгледа Бог не можеме ни да замислиме.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Доколку би се појавил Бог во нашево, реалново време, и кога Него би Го виделе атеисите, би изреагирале и би прокометирале исто како и шопот во познатиот виц: „...Не, вакво нешто не може да постои..„, иако „тоа нешто „ би било очигледно!
 
A

ateist

Гостин
Доколку би се појавил Бог во нашево, реалново време, и кога Него би Го виделе атеисите, би изреагирале и би прокометирале исто како и шопот во познатиот виц: „...Не, вакво нешто не може да постои..„, иако „тоа нешто „ би било очигледно!
еј бре MIKI1 па ние не сме религиозни па да не си веруваме на очите .
Нека дојде нека ги прави тие работи што ги правел како што ги пишуваво нов завет и нема проблем за верувањето .

само да не биде вие да се најдете во небрано
оти не си верувате ниту на очите

оти ако си верувавте ЌЕ ПРОЧИТАВТЕ дека вашата вера е безвредна нема никакво значење според библијата

и ако вие имате вера нема потреба Џизз да го чекаме ќе можевте и вие да го докажете божјото постоење ОТИ НАПИСМЕНО ВИ се дадени гаранции

Матеј: 17:20 А Тој им рече: „Заради вашето НЕВЕРИЕ; зашто, вистина ви велам, ако имате ВЕРА КОЛКУ СИНАПОВО ЗРНО, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и НИШТО НЕМА ДА ВИ БИДЕ НЕВОЗМОЖНО .



Марко 9

21 Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството,

22 а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!”

23 Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! СЕ Е МОЖНО ЗА ОНОЈ КОЈ ВЕРУВА!”

24 Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!”

.
.
.
За нас атеистите нема проблем ние си веруваме барем на очите ашто за вас е недостижна вера .....за жалење сте стварно .
 
Член од
11 април 2009
Мислења
46
Поени од реакции
4
Хмм... не мислам дека е така. Баш тогаш кога ќе знам дека тој некој навистина постои можеби и ќе почнам да верувам :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хмм... не мислам дека е така. Баш тогаш кога ќе знам дека тој некој навистина постои можеби и ќе почнам да верувам :)

Се верува „на невидено, недопрено, неслушнато„ и слично, без доказ за неговото постоење. А штом нешто можеш да видиш, слушнеш, допреш, тоа веќе не е верување, туку очигледен доказ, кој, ради својата очигледност, нема потреба од докажување дека постои. Надвор од здравиот разум е да верувам во она кое го гледам-неговата очигледност ми е доволен доказ дека „тоа„ постои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom