Stand up комедија во Македонија

Ех проклето школо.....:tapp::tapp:
Колку би сакала вечер да одам.:zid::zid::zid::zid::zid::nerv:
 
Ја ќе одам, шо биде нека биде. И да паднам колоквиумот, да не жалам :)
 
Koj беше нека спрема репортажа :)
 
Ајде дечки кој беше на стенд ап нека подели импресии ,како пројдовте,како се покажа Сашко?
 
Не е нормален... Вика - Добро бе вие жене, што носете у толике ташне, синтисајзер? :vozbud: Се препознав у тоа, хахаха. Зборуваше за спонзорушите, сексот, курвоазие (од кој што пијалак направи многу смешни паралели), го имитираше Јовица Михајловски со рацене на бушава азбука... Смешно беше и не вмеша воошто политика. :helou:
П.С. Деновиве да ја проверам снимката од мобилен, ако е арна ќе ја клаам овде.
 
Секоја среда, 22:00, влез 200 денари, кабаре Џубокс, следната среда не е Сашко, друг актер е.:back:
 
Абе само новинарка ли беше од кајганџииве?
Кажувајте како било ај не ме нервирајте!! :):)
 
проблемот кај нас со овај начин ќе биде ограниченоста...не ќе можат баш сите теми да ги чепкаат и со тоа ќе пати и квалитетот, без разлика колку добри ќе се перформаторите. Не ќе можат да се смеат на формулации кои ќе ги чепкаат етничките заедници на пр....што не е случај во западниов свет каде дури и во една Германија која не е баш по хуморот и само-иронијата се чепкаат сите теми та така се смејат на вицови за полјаци, за турци...холанѓани, италјани (имитирајки го нивниот итало-германски акцент).

ај некој комичар нека зборува како што зборуваат албанците македонски...помина тоа време; дури и К-15 забавија со тие скечој.

...само немој некој да го турка Берберот да биде и за тоа.

..се покажа како „голем„ ентертејнер и водител па сега уште оваа ниша да ја заебе и после секоја негова реченица да плјаска со рацете ко да фаќа муви.
 
Одлично! Е ова го чекав :) Идам обавезно некоја среда на доза смеење. А Сашко ја има дарбата. Последен пат го покажа тоа на Златна Бубамара...така да...типот си има свој шмек :)
 
Синоќа бев и пак беше Сашко. Од следната среда биде горазд мислам. Иначе топ беше, мада местото не модговара за таква работа.
 
треба да се вклучат и млади таленти во ваквите стенд ап комедии, 100 % ке се открие нова звезда во оваа област
 
Има ли нешто снимка да видиме што како било?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom