Причина за живеење...

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Мислам, значи постојам. Умирам, значи живеам!
Мислам значи постојам ти е најголема глупост на сите времиња.
Каде е чуствувам значи постојам , заљубен сум значи постојам , медитирам значи постојам.
Мислата е продукт на мозокот , а ти си многу многу многу многу над таа работа , треба да се рече следново:
Свесен сум - значи постојам , ама нема некое значење затоа што и бебе го знае ова.
Кога ке прашаш некое мало дете , на пример дали е гладно оно ке одговори : Игор е гладен (ако се вика Игор на пр.) , не вика јас сум гладен туку ова мое тело што се вика Игор е гладно .
Така да мозокот неможе да има смисла у животот , егото ке се храни со секакви технолошки направи , со фактот дека е најдобро у светов , најубаво и слично или пак ке се жали дека е сиротиња и слично ама на крај ке си отиде како и што дошло .
Секој човек е вечна свест и е кокреатор на холограмов наречен универзум , тоа е смислата на животот.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Јас цело време се обидувам и не можам да најдам една причина зошто да живеам...??? Нема причина... Да живеам за еден ден да створам фамилија, да имам деца... Тоа ли е причина... Не сакам да имам деца...Не чувствувам никаква љубов кон мали деца ама баш никаква...Јас не знам кога последен пат сум се заљубила и воопшто не знам дали чувствувам љубов кон некого...Сакам да се заљубам ама не можам... Мојот живот некогаш си го замсилував како авантура, сакав само да патувам и да се забавувам, ама сега гледам ни тоа нема смисла... Ништо нема смисла... Не постои нешто што може да ме направи среќна да ме израдува... Потполно изгубив воља за живот... Ништо не ми е интересно, се ми е сеедно... Не можам да се замислам во брак...Не можам да се замислам како авантуристка... Каква смисла има животот...??? Да учиш, да работиш, да имаш пријатели... Ама зошто сето тоа нема смисла некако...

Кои се вашите причини, зошто вие живеете...???
Иако темата е во подфорум во кој треба да дадеме филозовско-психолошко мислење, јас ќе се обидам да биде многу едноставно. Еве вака:

ПринцезЗ, за почеток најпрво обиди се да се оддалечиш од компјутерот, да не киснеш од можни 24 часа, 25, потоа најди реално време за да си легнеш и да си дозволиш доволно време за нормален одмор. Тука мислам легнувањето да ти биде не покасно од 23 часот. Станувањето исто така нека ти биде не покасно од 8 часот. Кога ова ќе успееш да го направиш, тогаш верувам дека ќе ја најдеш смислата на животот. Сега вака како што правиш ти, (мојата претпоставка се базира врз основа на твоите години и сите познати и непознати состојби на твојот ум на таа возраст, зачинето со прекумерното губење на време, наменето за други нешта) е само доказ дека си ги испуштила конците на сопствената дисциплина, заслепувајќи се од лажниот сјај што го нудат разни виртуелни пространства, кои ти направиле хаос во распоредот на твојот живот. Едноставно направи голем чекор назад кон реалноста, оти реалноста се живее соочувајќи се реално со нејзините предизвици, а не со виртуелни решенија за реалните проблеми. Пробај направи го... да те видам! :smir:
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Мислам значи постојам ти е најголема глупост на сите времиња.
Каде е чуствувам значи постојам , заљубен сум значи постојам , медитирам значи постојам.
Мислата е продукт на мозокот , а ти си многу многу многу многу над таа работа , треба да се рече следново:
Свесен сум - значи постојам , ама нема некое значење затоа што и бебе го знае ова.
Кога ке прашаш некое мало дете , на пример дали е гладно оно ке одговори : Игор е гладен (ако се вика Игор на пр.) , не вика јас сум гладен туку ова мое тело што се вика Игор е гладно .
Така да мозокот неможе да има смисла у животот , егото ке се храни со секакви технолошки направи , со фактот дека е најдобро у светов , најубаво и слично или пак ке се жали дека е сиротиња и слично ама на крај ке си отиде како и што дошло .
Секој човек е вечна свест и е кокреатор на холограмов наречен универзум , тоа е смислата на животот.
Мислам значи постојам е една голема искажана мудрост.Мислејќи ние докажуваме дека постоиме,дека нашата свест(ние) постои.Човекот преку мислата и чуството ќе докаже дека е свесен тој неможе да биде свесен амо не размислува.Животните чуствуваат исти чуства како нас но тие не мислат како нас.Затоа само ние можеме да се видиме кои сме и што сме.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Мислам значи постојам е една голема искажана мудрост.Мислејќи ние докажуваме дека постоиме,дека нашата свест(ние) постои.Човекот преку мислата и чуството ќе докаже дека е свесен тој неможе да биде свесен амо не размислува.Животните чуствуваат исти чуства како нас но тие не мислат како нас.Затоа само ние можеме да се видиме кои сме и што сме.
Во таа смисла кажано , да се согласувам :свесен сум значи постојам.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Во таа смисла кажано , да се согласувам :свесен сум значи постојам.
Само вистинското прашање е кое е тоа Јас, што е тоа?
Докажано е дека ние сме како роботи, нервен систем со електрични импулси. Склоп од знаења кои претходно сме ги стекнале(биле втиснати) и непрестано несвесно ги повторуваме, и во исто време се стекнуваме(ни се втиснуваат)со нови.
Но свесноста е заебаната мистерија, што е таа, од каде е? Кој е тој што посматра, што е свесен...
Дали е тоа креаторот, дали сме ние креаторот, дали тој преку нас го посматра своето дело? Или сето тоа е една научнофантастична квантна глупост?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.306
Поени од реакции
30.643
Нека ме однесе ветер... Нека ме одвее... Нека ме развее... Не можам повеќе ни секунда да издржам...Не ми се живее...Животот е досаден... Исто па исто... 3 години не ми поминува... Оваа празнина...
Господе боже девојче шо ти Е? Сигурно си некоја во пубертет шо се скарала со дечкото или другарките па сеа тонеш уште подлабоко, си го правиш животот уште помизерен отколку што е. Ако си ЕМО, стој подалеку од жилети! И испадни малку, дружи се со врснички и жити Господ и сите светци на небото гледај малку оптимистички на работите!
Животот е дарба, шанса во која минеш низ многу авантури, падови и победи.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Само вистинското прашање е кое е тоа Јас, што е тоа?
Докажано е дека ние сме како роботи, нервен систем со електрични импулси. Склоп од знаења кои претходно сме ги стекнале(биле втиснати) и непрестано несвесно ги повторуваме, и во исто време се стекнуваме(ни се втиснуваат)со нови.
Но свесноста е заебаната мистерија, што е таа, од каде е? Кој е тој што посматра, што е свесен...
Дали е тоа креаторот, дали сме ние креаторот, дали тој преку нас го посматра своето дело? Или сето тоа е една научнофантастична квантна глупост?
Свесноста не е глупост еве ти доказ
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Можеби и не треба човек да бара да биде среќен, среќата е минлива, денес ја имаш утре ја немаш... Ако е причината поради која постоиме дело на Бога, а нашиот престој тука наше дело, сами треба да си го направиме подобар престојот... Можеби се се врти околу уживањето а не среќата...
Јас искрено се чувствувам многу подобро него во моментот кога ја пишував темата... А кога повторно ќе паднам во депресија а знам дека ќе паднам ама мислам дека тоа е нешто нормално.. Ќе ги читам вашите постови...
Морам да признаам дека моето расположение се менува кога ќе се случи нешто...
На пример кога умре комшивката тогаш си мислев дека животот нема смисла...
А празнина во душата верувам дека секој има бидејќи на никој не му е се како песна...
Јас мислам работите што човек сака да ги прави во кои ужива за момент го исполнуваат...
Па тоа е доволно, не може на човек апсолутно секогаш да му преубаво или прелошо...
Значи се е до уживањето до моментот...
 
Г

Господ

Гостин
Ќе паднеш во депресија затоа што самата го дозволуваш тоа.
Умрела комшиката затоа што еден ден се ќе изумре и тоа е факт кој сакаш-нејкеш мораш да го прифатиш и џабе се потресуваш на таа тема бидејки тоа нема да смени ништо.И да е се до уживањето,до моментот обиди се тие моменти да ги искористиш на најдобар начин и тоа уживање да го продолжиш колку што можеш а не да паѓаш во депресија затоа што е лажно.
Животот нема смисла се додека ти не му дадеш една.
За тоа ти е дадена слободната волја,за самостојно да си го одбереш животниот пат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5

Ај агри :) Неможеш за секој починат комшија или близок ти да паѓаш во длабоки депресии.Нормално е да те турне надолу,но ти не треба да дозволиш да се удавиш.Па на крај сите ќе умреме нели,и ти после таа нејзина смрт ти си требала да сфатиш колку животот е скапоцен, а еден и краток..Така да не губи веќе мозочни клетки на овие работи,почни да размислуваш за експанзија,не за рецесија со економски речник кажано.поз:helou:
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Па добро ама не можев да се помирам со тоа дека комшивката умрела...
Ама сигурно дека нема цел живот да жалам за тоа...
 
EmilyTheStrange

rebel girl
Член од
5 јули 2009
Мислења
120
Поени од реакции
2
Кои се вашите причини, зошто вие живеете...???
si praam sama da mi bide interesno, najcesto si odreduvam nekoja cel koa izgleda navidum nevozmozna i pravam se sto mozam za da ja ispolnam, i koa ke bidam blisku do celta baram neso novo i interesno i taka postojano :)))
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Можеби и не треба човек да бара да биде среќен, среќата е минлива, денес ја имаш утре ја немаш... Ако е причината поради која постоиме дело на Бога, а нашиот престој тука наше дело, сами треба да си го направиме подобар престојот... Можеби се се врти околу уживањето а не среќата...
Јас искрено се чувствувам многу подобро него во моментот кога ја пишував темата... А кога повторно ќе паднам во депресија а знам дека ќе паднам ама мислам дека тоа е нешто нормално.. Ќе ги читам вашите постови...
Морам да признаам дека моето расположение се менува кога ќе се случи нешто...
На пример кога умре комшивката тогаш си мислев дека животот нема смисла...
А празнина во душата верувам дека секој има бидејќи на никој не му е се како песна...
Јас мислам работите што човек сака да ги прави во кои ужива за момент го исполнуваат...
Па тоа е доволно, не може на човек апсолутно секогаш да му преубаво или прелошо...
Значи се е до уживањето до моментот...
sekoj ima momenti,кај некого траат пократко, кај некои подолго. Имав и јас мои моменти порано. Сивило, црнина, седев на прозор гледав надвор и се чудев: што е ова мамата... ова ли живот го викаат...Вистина е дека некои работи моментално те исполнуваат и имаат рок на траење... па нешто друго, па и од тоа ќе се заситиш...
Имаше период кога одев на кеј, седнував на клупа и се ѕверев накај Шар Планина. Прв пат видов таква убавина. Далечината... Како да те вика... Не знам ни како да ти објаснам што имаше таму... Само нешто далечно, убаво, што чека да го дофатиш.
Не се давај така лесно. Џамчето не е за нас. Животот некогаш е педер. Ама ние не сме. :toe:

Инаку во потполност те разбирам како ти е, ама желбата за живот е во нас, само нешто треба да ја подразбуди...
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
секој има некоја кауза за живеење...се додека имаме желби ќе сонуваме...Ако немаш причина за живеење обично укажува на фактот на тоа што си несреќен поради нешто што силно те повредило или пак се стремиш кон нешто што е имагинарно или скоро малку возможно...Животот е најголемиот дар кој е премногу сурово да се однесуваш спрема него негативно...Мојата причина е како и сите...Фамилија , љубов , забава, школување и се она што може да се нарече убавина проследена и често пати со падови но ги сфајќам како еден вид на предизвик .
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Кога е човек пренатрупан со проблеми или западнат во некоја тага или монотонија, нормално е да заборави на се` убаво и да се праша која е неговата причина што живее. Тоа скоро секому му се има случено, па навистина е смотано цела тема да ја посветите на совети за девојката, наместо да споделите некое искуство и да кажете како вие пребродувате такви моменти.
Прочитав како некој напишал дека такви депресии биле нормални за млади од 15 до 20 години. Жива невистина. Јас никогаш не сум доживела нешто слично тогаш. Ако тоа мене не ми се случило, сигурно има уште некој таков, па апсолутно не е точно дека е морална таа појава за таа возраст. Секој човек има различен живот и животни искуства од сите останати, па секој во различен период доживува различни работи.
Мене вакви мисли ми доаѓаат многу ретко, но кога ќе дојдат како да биле тука цел живот. Никогаш не ме натерале да жалам што сум жива или да сакам да си го одземам животот, но се случило да се запрашам која е причината на животот. Тогаш се сеќавам на сечија насмевка која сум ја предизвикала, на секоја насмевка која мене ми ја предизвикале и тоа е доволно за малку да се разведрам и да мрднам од мртвата точка. Можеби не правиме којзнае какви големи промени на Земјава со тоа што сме се родиле и живееме, но дефинитивно нешто менуваме и тоа е доволно. Доволно ми е да знам дека има личности кои не можат да го поминат денот без да ме видат, за да знам дека вреди да живеам и тоа да го правам на најдобар можен начин. Да го искористам најубаво секој момент, да сакам повеќе, да не сум лоша, да сум полна со позитивна енергија и истото да го пренесувам на луѓето околу мене.
Да се каже дека животот нема смисла е претешка реченица, која поради околностите во кои ја кажуваме, не ја ни сфаќаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom