Ел Класико : Реал Мадрид - Барселона (0-2)

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување

Исходот од дербито:


  • Вкупно гласачи
    295
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.656
Поени од реакции
14.632
34gx24j.jpg

Шпанската треска наредниот викенд ќе го размрда целиот свет. Сабота, Сантијаго Бернабе, 22 часот, судир на титаните. Респект за сите останати дербија во целиот свет, но едно е Ел Класико...

Во меѓусебните натпревари помеѓу овие два тима, Реал е за нијанса поуспешен, со 68 победи, а Барселона на 61 натпревар издвојувале победа, 30 натпревари завршиле нерешно. Но, сите тие статистики паѓаат во вода кога ќе се спомне Ел Класико, или во превод, најголемото дерби во светот.

Сите знаеме што направи Барселона минатата сезона. Освои се што можеше, на два пати им одржа фудбалска лекција на Реал Мадрид, беа супериорни во секој поглед. Но оваа сезона е различно. Првиот натпревар помеѓу овие два тима оваа сезона се играше на 29 ноември минатата година, а Барселона таму издвојуваше минимална победа од 1 - 0. Каталонците тогаш беа уверени во уверлива и висока победа, но се докажа спротивното, Реал на тој меч се покажа како многу сериозен противник, и ретко кој успеал во последните 2 години да одигра таква партија на Ноу Камп. Барселона ја искористи својата шанса преку Златан Ибрахимович, Реал не успеаа да ги искористат своите шанси, можеби ќе беше најреално на тој натпревар да се поделат бодовите, но сепак на крајот Каталонците беа тие кои се радуваа.

Вториот натпревар оваа сезона ќе се одигра на еден од најубавите стадиони во светот, Сантијаго Бернабе. Фановите на Барселона долго ќе го паметат минатиот натпревар на овој стадион, тоа ќе остане едно вечно сеќавање за нив, а за фановите на Реал само една трагична ноќ. Реал тогаш беше понижен со 2 – 6, еден од најубедливите порази од Барселона во историјата. Но оваа сезона е многу поразлично. Нов тренер, нова управа, нови играчи во тимот на Реал Мадрид, додека тимот на Барселона претрпе само една промена, Ибрахимович на местото на Ето.

2vjalcn.jpg



Реал Мадрид

20uyfbk.png

Единствено нешто што оваа сезона би ги израдувало сите фанови на Реал Мадрид е титулата во домашното првенство. Срамно испаднаа во купот од нисколигашот Алкоркон, по 6ти пат беа елиминирани во осмина-финалето во Лигата на шампионите, и сега се целосно фокусирани на домашното првенство. Таму мора да се каже дека се многу импресивни. На домашен терен се несовладливи, имаат 15 победи во исто толку натпревари, а поставен е и нов рекорд во бројот на освоени бодови во одиграните кола. Последен пат беа поразени од Атлетик Билбао на 16 јануари оваа година, а од тогаш па наваму имаат нанижано 12 победи. Добрите вести за Мануел Пелегрини се тоа што од повредите конечно се опоравија Кака и Бензема, така да на располагање ќе ги има сите играчи. Чаби Алонсо и Рамос направија жолти картони во претпоследниот натпревар против Атлетико Мадрид, а во натпреварот со Сантандер ја одлежаа својата суспензија, и се враќаат спремни за дуелот со Барселона. Реал Мадрид во овој дуел ќе влезе како првопласиран на табелата, имаат исто бодови со Барселона, но Реал е тимот што има подобра разлика. Но тоа и не е толку важно, затоа што по овој натпревар ќе се гледа меѓусебниот дуел, и оваа гол-разлика можеби и нема да има никакво значење.

Барселона

drdnkp.png

Фактички Барселона оваа година го повторува истото што го правеше изминатата сезона. Да беше Реал оној истиот од минатата сезона, сега Барселона сигурно ќе можеа да си ја прослават титулата. Но Реал не е тој од минатата сезона, а тоа го потврди и тренерот Гвардиола, кој изјави дека овој Реал Мадрид делува многу моќно, и имаат се што е потребно за еден успешен тим. Барселона оваа сезона е супериорна и во Лигата на шампионите. Во осмина-финалето го елиминираа Штутгарт, а на добар пат се да го поминат и четврт-финалето, бидејќи имаат многу поволен резултат во двобојот со Арсенал. Секако дека Реал во тој сегмент ќе биде подобар, затоа што Барселона се натпреварува на два фронта, и во овој натпревар ќе влезат со мала доза на замор. Во купот испаднаа во раната фаза, откако беа елиминирани од тимот на Севиља. Барселона во последните 10 натпревари во првенствтото имаат 8победи, еден нерешен резултат против Алмерија и еден пораз од Атлетико Мадрид, а тоа е и единствениот пораз на Барселона оваа сезона. Имаат 5 нерешени натпревари, од кој еден против Виљареал, на Камп Ноу. Добри вести денеска доби Гвардиола, откако Ибрахимович и Иниеста ги санираа повредите, и 90% е сигурно дека и двајцата ќе бидат спремни за дуелот на Бернабе. Исто како и Пелегрини, така и Гвардиола ќе ги има сите играчи на располагање за овој дуел.


Последни 10 натпревари во Примера - Реал Мадрид.

Расинг Сантандер 0 - 2 Реал Мадрид
Реал Мадрид 3 - 2 Атлетико Мадрид
Гетафе 2 - 4 Реал Мадрид
Реал Мадрид 3 - 1 Спортинг Хихон
Ваљадолид 1 - 4 Реал Мадрид
Реал Мадрид 3 - 2 Севиља
Тенерифе 1 - 5 Реал Мадрид
Реал Мадрид 6 - 2 Виљареал
Ксерез 0 - 3 Реал Мадрид
Реал Мадрид 3 - 0 Еспањол

Последни 10 натпревари во Примера – Барселона.

Барселона 4 - 1 Атл. Билбао
Мајорка 0 - 1 Барселона
Барселона 2 - 0 Осасуна
Сарагоса 2 - 4 Барселона
Барселона 3 - 0 Валенсија
Алмерија 2 - 2 Барселона
Барселона 2 - 1 Малага
Барселона 4 - 0 Расинг Сантандер
Атл. Мадрид 2 - 1 Барселона
Барселона 2 - 1 Гетафе

Можни формации.

Реал Мадрид

Касиљас

Рамос - Гарај - Албиол - Арбелоа

Чаби - Лас

Гранеро - Кака - Роналдо

Игуаин

Барселона

Валдес

Алвес - Пике - Пујол - Абидал

Туре

Чави - Иниеста

Меси - Ибрахимович - Педро​

Немам информација кој ќе го суди овој натпревар, ако некој знае нека пише во пост, и таа информација ќе биде додадена во првиот пост.

Нека им е со среќа и на двата тима, па нека победи подобриот.

Дискутирајте за натпреварот. :smir:
 
Одлично сработено... Одиме на победа во Класико. Hala Madrid:Real:
 
Нека стават модераторите анкета, упм секогаш ја заборавам. :)
 
Реал ако не победи сега, незнам кога. Барса ќе има тежок натпревар против Арсенал и ќе биде бајаги заморена додека Реал е ослободен од тоа натпреварување и да не спомнувам дека мечот се игра на Сантијаго Бернабе. Мислам дека ова ако не го искористи Реал е стварно срамота. Сепак играње на 1 и на 3 фронта не е исто, затоа типувам на Реал.
 
ne trebe da kazam za koj navivam:)

inaku mislam deka sudija ke bide malenko ili kako bese :):):)
 
можам само да кажам дека РМ ќе биде посрамотен сред Мадрид.......дефенитивно мои фаворити се Барса
 
Интересна работа:
Меси има 6 гола дадено во досегашните Ел Класико дуели, и со тоа е 2-риот стрелец во ИСТОРИЈАТА на дуелите Барса - Реал..... Пред него со 8 гола е само некој си Lazcano шо играл за Реал пред 100 години :)

И да.. Очекувам четврта победа по ред !
 
^
Боље да си ги напишал последните 10 меѓусебни дуели, ама ај. :icon_lol:

Барса според мене пак ќе ги посрамоти среде Мадрид, единствено ако нешто мечот со Арсенал ги заебе.
 

real madrid-BARCELONA 3-6 so ogled na toa sto godinava imate pojke kvalitetni igraci:tv:
 
Ќе биде многу интересен натпревар.

На Реал им остана уште лигата, па мислам дека со сите сили ќе ги играат натпреварите до крај, за барем да ја освојат лигата. Додека Барселона засега е активна на сите фронтови, и може да е мала за предност за Реал тоа што Барселона треба да игра во вторник со Арсенал, и играчите ќе се поуморени. Сепак очекувам неизвесен натпревар.

Мој тип:
2-2
 
Неутралните фанови кој повторно типуваат на посрамување од страна на Барселона, изгледа гледале натпревари на Реал како овој против Сантандер, во кој не ни се трудат да покажат нешто, во кој се настојува да не се заморат ниту повредат. Ако го гледавте дуелот на Камп Ноу, сигурно видовте дека Реал имаше многу позрели шанси, но реализацијата не беше на ниво на тој меч.

Моментално Реал е во подобра форма од Барселона, дуелот се игра во Мадрид и очекувам сигурна, но не и лесна победа.

Резултат 3-1.
 
Ќе биде тешко и за двете екипи очекувам минимална победа на Барселона.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom