Верата е потребна, затоа што ние луѓето не сме доволно моќни да се потпреме само на себе, па се чувствуваме сами, слаби, повредени, како нешто да не ни оди од рака... Духовното олеснување треба да се почувствува, не се гледа со око. Односно, може да кажам дека кај луѓе што подолго време биле религиозни, се јавува сталоженост, мир, трпение да те ислуша, а тоа се забележува во разговорите, делувањата... Не зборувам за архитектурата, туку за градбата на цвеќињата, за градбата на човековото тело, а пропорцијата е една те иста - section aurea. Најди ја темата во мистерии ја отворив пред година две.
Божји план е волјата господова, желбата и намерата на оној што најдобро знае што ќе не` направи среќни. Не би рекла дека божјиот план ја исклучува човековата волја затоа што Бог го прави со нас, она што ние сакаме да станеме.
Во совршеноста на Бог не се задира, истребувањето на Евреите е од човечки фактор, од зло, од алчност. Бог не` направил совршени исти на себе, само што ни го одзел вечниот живот и не става на искушенија. Кога луѓето не би биле робови на своето тело, на она што нагоните им го налагаат, тогаш волјата Господова би се спроведувала чисто. Фала, среќен и на тебе!:helou: