два милиона евра за опсерваторија која ке служи само за буљање така ке се развива науката у мк?
паметно ако се размислува најдобар начин за развој на астрономијата у Македонија е со сретсвата од два милиона евра е да се набават од 4 до 8 големи рефракторни телескопи кои ке се користат на факултетите низ земјава.
со два милиона евра можат да се земат многу добри рефракторни телескопи на кои ке има можност да се поврзат со системи за снимање следење и анализа.
форсирање на голема опсерваторија а немање никаков кадар за нејзино функзионирање е глупост.
Па дај подобро да инвестираме во некои културни или религиозни објекти и да кочиме, да заостануваме...
Од таа опсерваторија огромна корист ќе имаат факултетите кои ќе се занимаваат со тоа насекаде во Земјава. Пак ќе речам, Македонија вложува малку во науката, опсерваторијата ќе биде еден огромен плус. И фала богу што постојат луѓе кои размислуваат за тоа (иако требаше да има многу порано, но то е то).
Од научна гледна страна одличен чекор и се надевам дека веднаш по отварањето ќе имам можност да ја посетам опсерваторијава.
На тоа и јас се надевам...:helou: и исто така дека ќе имам можност да "ѕирнам" во далечната вселена...
Се надевам дека ќе биде инсталиран доволно добар телескоп...
Дебилно е да се штрајкува пред Влада за 4 000 денари, а да се прави опсерваторија милиони пати поскапа. Оваа опсерваторија е за мене перење пари. А култура и наука, одамна нема. Не е дека ќе се крене нивото на култура ако стават камења на плоштад, ниту пак ако се изгради опсерваторија дека ќе се направи кујзнае што. Леле бе! Кај бе им текнало опсерваторија, па дај да одиме по улица да прашуваме луѓе што е тоа опсерваторија ја и ти, да видиш дали знаат што е! Ама спомни им капитационен бод и одма ќе ти кажат што е.
Навистина, тој што не сфаќа, не сфаќа... тоа е.
И престанете да мешате политики во вакви теми....нема смисла.
Ако имаш некој проблем со тоа каде одат твоите пари, жали се на соодветни места, или пак прашај ги оние горе каде ги трошат останатите 1 998 000 000 евра од буџетот.