Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 121


Република Македонија и Соединетите Американски Држави уживаат исклучиво добри билатерални односи од кога Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година.
САД формално ја признаа Македонија на 8 февруари 1994, а на 13 септември 1995, двете држави воспоставија комплентни дипломатски односи на ниво на амбасади. Првиот амбасадор на САД во Македонија пристигна во Јули 1996 година.
Економската соработка помеѓу САД и Република Македонија е на доста високо ниво. Освен директните билатерални договори, во Македонија директно се вклучени и повеќе американски НВО-а. Амбасадата на САД во Македонија учествува директно во финансирање и унапредување на кадри од економска гледна точка.
Пред воспоставувањето на дипломатските односи во септември 1995, Македонија и САД преку размена на ноти во ноември 1994 склучиле Меморандум за разбирање во одбраната. Врз основа на овој Меморандум во досега се реализирани неколку соработки на воен план меѓу Македонија и САД и тоа:
- Обука на македонски војници во Америка, донации во оружје и опрема за АРМ, заеднички воени вежби и заедничко учество во мировни мисии,
- Во 1995 во октомври Македонија и САД склучиле спогодба за научна и технолошка соработка, која престанала да важи во 2002 година и
- Спогодбата за консолидација и репрограмирање на одредени долгови потпишана во септември 1997 година.
Во декември 2002 година, Македонија и САД склучиле Договор за заштита и сочувување на одредени културни добра.
Во јуни 2003 во САД е потпишан договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на САД за предавање на лица на Меѓународен кривичен суд. Со овој договор не е можно предавање на американски државјани од територија на Македонија на Хашкиот суд за воени злосторства.
На 7 мај 2008 година во Вашингтон, од страна на македонскиот министер за надворешни работи Милошоски и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс е потпишана Декларацијата за за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, четврти по ред стратегиски договор помеѓу Македонија и САД. Оваа декларација е најголемиот и најзначајниот документ во историјата на македонско-американските односи.

Потпишувањето на декларацијата уследи поради грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во Април 2008. Поради неуспехот на американскиот претседател Џорџ Буш да издејствува членство на Македонија во алијансата беше донесен предлог да се потпише декларација со која САД ја гарантира безбедноста на Македонија, но тоа да не може да биде замена за членство во НАТО. Со Декларацијата се потенцира определбата за зајакнати трговски и економски односи, како и можноста да се интензивираат релациите помеѓу Американците и Македонците, преку промоција на културна и образовна размена.
Вашето мислење за македонско-американските односи денес? Дали се подобрени, влошени, стагнираат.. Дали Македонија е во приоритетите на американската политика на Балканот?