Пазарот на трудот во Македонија

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај да се убацам со едно прашање.
Да не знае некој нешто повеќе за саемот на кариера од 14 до 16ти овој месец на Скопски саем?Шо ќе се дешава таму?Ако знаете од искуство по шо ја до сеа неам идено и4..????
Ако бараш факултет оди,разгледај.АКо бараш работа не ја плаќај картата за џабе:smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Има секако. И меѓу газдите и меѓу вработените (сепак газдите имаат поголема моќ па ваквите нивни особини доаѓаат далеку повеќе до израз). Но истото го има и низ тие западноевропски држави али најверојатно во такви друштва постојат механизми кои вработениот го штитат (не е се бело ниту таму, но далеку побело од овде). Мислам дека тоа е едина разлика (ако занемариме % невработеност) во работните односи тука (и слични на тука) и оние со саглам државен/судски/извршен систем.
Едина, но голема. На нас (и нашите деца) маме ќе ни е*ат се додека постои башибозук и неможност за обичниот граѓанин или вработен да важат соодветните закони (кои пак се почесто се менуваат во корист на газдите).

Како што велите, кој го нема тоа осетено или го има осетено и заборавено...јбг, тогаш тешко дискусија за вакви проблеми.
zlaten socijalizam :) , a be so borina ke go barate AMA KE GO NEMA, definitivno vo onoj moment koga ke izumrat site onie koi se sekjavaat na nego :)...posle ke vi bide polesno...blazeni se onie koi neznaat...:)
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Со можноста за земање пари за трето дете, пазарот на труд се замени со пазар на трудни.:jaj:
Пазар на труд, не сум слушнала да постои. :toe:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ех, ех тоа е стара финта, добро утро Македонијо.Има уште погнасни финти, како на пример тие кои бараат жена за чистење куќа во три саат сабајле, или пак жена за чистење на кафуле, плата 10 000 денари, од кои не добива ниту еден денар поради тоа што го доживува кога ќе се најде на тоа бојно поле.И пази го сценариово што ќе ти го опишам, она што се случува на бојното поле.Жената се јавува и ја прашуваат колку години има, колку е висока и сл. глупости и гадости, за на крај кога ќе отиде да поработи еден ден (пробен) да и се згрози животот, некој мајмун со трењерка и со златен селски ланец како да е излезен од некој бугарски филм со мафијаши онака на селски начин и се пушта као демек „цуцо сакаш да се онадиме ти мене нати го, ја тебе дај ми го“. И нормално жената на крајот од пробниот работен ден знаеш што му вика.„Аз че се врнам“ и никогаш не се враќа поради тоа што жената која отишла да работи таму му ги открила намерите на покондурениов сељак.И наредниот ден, оп нова жртва и така се врти се тоа во круг, работата оди се на пробно а газдата не дава ниту денар за работна сила.
Да и било за онадење на жената, ќе дала оглас 0500 - 400 - еби си ја мајката.Она отишла со цел да си го извади чесно парчето леб, а овој па ја гледа и згора на се ја плука, ја третира како курва а не како чесен работник.
Па има и од тие кои се јавуваат во четири саат сабајле и ништо не ти зборат само ти дишат на слушалката.......Секакви има во Македонија, можам да ти кажам од искуство со какви луѓе се справувале моите но и јас, изгорен сум веќе отрпнав на ова.Повеќето млади што се тука на форумот не го знаат ова, не знаат каков свет ги чека откако ќе излезат од стакленото ѕвоно, ќе научат а и јас уште учам нормално.
Ненормални говеда, лицемери, шпиони, психопати се повеќето газди во оваа држава, неиживеани копита.
И кога веќе ги спомнав психопатите, немојте темата за психопатите што е отворена на подфорумот „Философија и психологија“ да сте ми ја ставиле тука со цел да ми доловите поента дека тие биле интелектуалци зошто и темата и вас ќе ве пратам кај папата на прочистување на гревовите.И папата нема да ви помогне, ќе добие срцев удар веднаш штом ќе виде што треба да прочистува, не се прочистува ни со Vanish...
Текстов намерно го напишав на повулгарен начин со цел да ја доловам поентата, се извинувам однапред ако некој се згрози од ова што го напишав.Некогаш е потребно да се користат вулгарни зборови со цел да се долови подобро некоја поента. ;)
Ма јасно мие мене тоа ги знам како дишат педерите бре , мене ми се имаат јавувано во 1 сат после полнок да ме праша нешто околу работата, у два сат да праша зашто тоа било так сработено а не вака, се чуствуваат ко да те поседуваат.Една газдарица во мк која што свршуваше вработените да ја нарекуваат сопственичке, во нејзиниот расипан мозок си мислеѓе дека и лугето ги поседува е таа еднаш ми се има јавено во 3:30 со барање да идам на бугарска граница на фри шоп да сум купел 3 штеки карелија за нејзиниот син, се у куп и ставив и мајка и шајка и керка и нејзе следниот ден самиот си дадов отказ :pos2:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Еве, истото што се случуваше во СССР (кога голем дел од нивните генијалци бегаа од сопствената држава со цел да работат во западните земји) се случува и кај нас:

Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Скопје

Македонија се' позасилено се соочува со појавата на т.н. „одлив на мозоци". Тоа се високообразовани лица кои заминале поради лошата економската ситуација и немањето перспектива во родната земја.





Некои заминале од Македонија бидејќи не можеле да најдат работа, бидејќи добиле подобра понуда во странство или едноставно откако ја согледале севкупната ситуација во Македонија.
Антонија Петрушевска, стипендист и дипломец по маркетинг на државниот универзитет во сојузната држава Џорџија, САД, решава по дипломирањето да остане некое време во САД откога се соочила со судбината на своите соученици во Македонија: „И на сите им беше тешко да најдат работа, на сите им беше тешко да се осамостојат, знаеш и слушаш се' и сешто на телевизија, каква е нашата економска ситуација, каква е иднината на Македонците."
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Марија Николова, дипломиран толкувач и магистер по европски студии, веќе една година е вработена во „Гугл“ во Полска. Можноста да работи за една од најпрестижните компании на светот беше посигурна и попримамлива за првенецот на Филолошкиот факултет од понудата да остане на Факултетот со договор на дело: „Знаеме дека договор на дело не е ништо што може да биде подолготрајно и заради тоа се одлучив за можноста да дојдам овде во ’Гугл’, бидејќи ова е договор со неограничено траење и е многу посигурна работа."
Во странство има можности за напредување
Нестор Аврамов, електротехнички инженер и магистер по телекомуникации, веќе пет години работи во „Моторола“ во Данска. Многу е задоволен со добрата економска ситуација и Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Нестор Аврамовдобриот животен стандард во оваа земја, како и со сигурноста на работното место и севкупното социјално осигурување. Раскажува дека во „Моторола“ постојат и правила за отпштање од работа: „Под сигурност на работа мислам доколку се изгуби работа постојат доста правила кога и како може да се отпушти вработен. ’Моторола’ секогаш ангажира и консултанти кои помагаат за наоѓање нова работа."
Во странство младите интелектуалци имаат можност да напредуваат на работното место, а европските стандарди за работа и слободата во работата се загарантирани. Она што го сметаат за дополнителна придобивка е релаксираниот однос шеф-вработен и рамноправноста меѓу вработените. Освен тоа го наведуваат работното искуство во интернационална средина и стекнувањето странската диплома за предност.
Мозоците се одливаат засилено по транзицијата
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Д-р Маја Геровска Митев„Брејн дрејн" процесот, односно одливот на мозоци, во Македонија е засилен по транзицијата, покажуваат истражувањата на невладините организации. Доцент д-р Маја Геровска Митев од Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје ги наведува причините за овој процес: „Намалените можности за вработување, намалените можности за напредување во рамки на пазарот на трудот или во рамки на одредена кариера кадешто постојат ограничувања во смисла на економскиот растеж на земјата, во секој случај карактеристики коишто се доста блиски за актуелната состојба."
Понудата не се поклопува со побарувачката
Мимоза Трајаноска е дипломиран стоматолог со просек над 9,50 и поранешна стипендистка на германскиот Бундестаг, која неможејќи да најде работа во Македонија заминува во Словачка каде и моментално работи. Според неа проблемот лежи во непоклопувањето на понудата и побарувачката на професионалните профили на македонскиот пазар: „Во Македонија како за другите струки, така и за стоматологијата за жал владее хиперпродукција на кадарот. Значи имаме голем број на дипломирани стоматолози, а мал број на работни места."
Освен неквалитетното социјално осигурување во Македонија, Нестор вели дека, иако не ги осетил на своја кожа, голема пречка се врските и корупцијата. Мимоза укажува на фактот дека поради лошата финансиска состојба, пациентите во Македонија не можат да си дозволат најдобар третман.
Македонија мора да пружи подобри услови
Интервјуираните интелектуалци би сакале да се вратат назад. Но, предуслови би биле имплементирање на подобри работни услови Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Универзитетот во Скопјепо примерот на европските земји вклучувајќи можности за надоградба, подобро интегрирање на младите образовани лица, подобра економска ситуација за привлекување повеќе меѓународни компании и посигурна и појасна иднина на Македонија.
Престојот и работата во странство имаат позитивна страна: Антонија и Нестор гледаат на дологогодишниот престој во странство како инвестирање во себе со кое по враќањето би придонеле за Македонија. Исто така д-р Геровска Митев укажува на скромната појава на одбратниот процес, однос придобивка на стручни кадри во Македонија како резултат на работата на мали фирми од областа на компјутерските апликации, кои поради помалку платената работна сила се конкурентни на пазарот и привлекуват дури и работна сила од странство.
Да се поврати довербата кај младите
Но, загрижувачка е динамиката на процесот на одлив на стручната работна сила од Македонија бидејќи одредени истражувања покажуваат дека околу три четвртини од младите во Македонија би емигрирале во странство доколку се во можност. Марија пак смета дека македонските власти се тие кои требаат да се борат за изгубената доверба кај младите: „Тие треба да успеат да ја повратат довербата кај граѓаните, кај младите луѓе бидејќи младите и да речеме образовани луѓе не веруваат дека можат да имаат посветла иднина во Македонија и затоа веднаш или најчесто се одлучуваат да бараат работни можности надвор."
Автор: Ана Стојиловска
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5411273,00.html?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-html-cb

И така, наместо овие луѓе да ја носат Македонија напред, да ја доближат поблиску до останатите земји кои се светлосни години пред нас, они ги носат нивните држави светлосни години напред зошто нашата држава не може да обезбеди доволно инвестиции од кои ќе се отворат работни места.
Сума сумарум, државите од Европа се толку години напред благодарение на мозоците кои избегале од нивните држави; кои даваат слична економска слика како нашата.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ма јасно мие мене тоа ги знам како дишат педерите бре , мене ми се имаат јавувано во 1 сат после полнок да ме праша нешто околу работата, у два сат да праша зашто тоа било так сработено а не вака, се чуствуваат ко да те поседуваат.Една газдарица во мк која што свршуваше вработените да ја нарекуваат сопственичке, во нејзиниот расипан мозок си мислеѓе дека и лугето ги поседува е таа еднаш ми се има јавено во 3:30 со барање да идам на бугарска граница на фри шоп да сум купел 3 штеки карелија за нејзиниот син, се у куп и ставив и мајка и шајка и керка и нејзе следниот ден самиот си дадов отказ :pos2:
кај бе само ги наоѓаш вакви...нек си е...матер???:)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
кај бе само ги наоѓаш вакви...нек си е...матер???:)
Ти текнува тогаш десетка со кромид со плус уште еден ( тој битолчанецот) истата газдарица, знаеш за која фирма се работи бе :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.898
Поени од реакции
12.442
Овие што ги постирал Борг Дроне...зошто ли си отишле мајката. Баш имаме добри услови :(
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Овие што ги постирал Борг Дроне...зошто ли си отишле мајката. Баш имаме добри услови :(
два типа на мозоци ке се одлијат

генијалци и криминалци, ова горе е еден од тие два екстрема, Македонија за жал нема работни места од тој тип...еден џонсон контрол можеби....
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Овие што ги постирал Борг Дроне...зошто ли си отишле мајката. Баш имаме добри услови :(
Не бе ќе се вратат, само по цигари отидоа. Уште кога ќе се отворат границите :)
два типа на мозоци ке се одлијат

генијалци и криминалци, ова горе е еден од тие два екстрема, Македонија за жал нема работни места од тој тип...еден џонсон контрол можеби....
Значи и двата типа се доволно паметни чим знаат дека треба да се губат од државава.

Нема место ?? За криминалци сигурно има... само глупаците останаа. Убаво викаш.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
два типа на мозоци ке се одлијат

генијалци и криминалци, ова горе е еден од тие два екстрема, Македонија за жал нема работни места од тој тип...еден џонсон контрол можеби....
Македонија има работни места само за Орифлејм-комерцијалисти.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Redneck Rebel Нема место ?? За криминалци сигурно има... само глупаците останаа. Убаво викаш.[/QUOTE напиша:
не би рекол...најснаодливите најупорните и највредните ке останат...ке има природна чистка во земјава...еве зошто

криминогените структури од питачи и џепароши па до органзирани криминалци ке напуштат чисто поради поголемиот плен горе, поголемата територија и потешкото лоцирање, полабавите котеци, како и веке имањето базна основа, пријатели и роднини...- на овие им се радувам што ке идат


генијалците ке си одат зошто македонија не успеа да привлече ниту еден инвеститор (боже сачувај само да би развиле/отвориле)кој би работел и вработил лица поврзани со висока технологија - овие ги оправдувам, тоа се стварно исклулителни луге кој во оваа земја немаат место нит за надградба нит за напредок...нит за преживување, едноставно се преквалификувани

тие што нема да отидат веке се имаат удомено снајдено и имаат за нормален живот...прикаската со куката и двете коли која им ја раскажувам на сите

и ФАКТОРОТ ЖИВОТ, горе го нема а ретки се тие кој би го смениле за пари
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
тие што нема да отидат веке се имаат удомено снајдено и имаат за нормален живот...прикаската со куката и двете коли која им ја раскажувам на сите
Куќа и две коли ???

Не знам кај живееш ти. Знам мнооогу повеќе луѓе со ниедна кола него со 2.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Куќа и две коли ???

Не знам кај живееш ти. Знам мнооогу повеќе луѓе со ниедна кола него со 2.
по семејство де....


имав понуда да заминам за канада, и кога ги прашав зошто би заминал канаѓанинот ми вика -

за 10 години ке имаш кука и две коли

- па јас сега имам кука и две коли, зошто би заминал????

------------------------------------------------------------

имам роднини таму, и тие работат ко црнци, и тие штедат, и тие имаат хипотеки на куката и кредит на колата, подобро е да но не за десетпати, платата е америчка ама трошоците не се македонски....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
по семејство де....


имав понуда да заминам за канада, и кога ги прашав зошто би заминал канаѓанинот ми вика -

за 10 години ке имаш кука и две коли

- па јас сега имам кука и две коли, зошто би заминал????

------------------------------------------------------------

имам роднини таму, и тие работат ко црнци, и тие штедат, и тие имаат хипотеки на куката и кредит на колата, подобро е да но не за десетпати, платата е америчка ама трошоците не се македонски....
Чекај бе сега човек викаш одлив ке имало и наведуваш две целни групи кој ама воопшто не влијаат на пазарот на трудот ( ете така да го наречеме) џепарошите ке заминат ама стално ке се најдат помлади генерации кој ке ги заменат, а генијалците ама ич никогаш не влијаеле на пазарот на трудот бидејки овде никогаш нени биле барани пошто едно време кога ке видеа дека ти фака црпката можеше да се случи да бидеш шутнат многу брзо, а кога се вработуваше ако беше со некој јак факултет директорот или газдата ке најдеа 300 причини да не те примат на работа, ама друго е во прашање не човек има одлив на кадри од реалниот секор, работници млади деца во полна сила си одат оние кој ја носат работата на својот грб, мислам дека ме разбираш шо ти зборам еве нешто за кое си запознаен и имаш искусено до пред 4/5 години ако побараше некој шофери колку луге се јавуваа на тој оглас? и тоа стварно добри деца мајсторчиња и што си ја познаваат работата и шо се вика со кур ке извозат 2000 километри без прекин 24/7 а сега колку се јавуваат и какви се јавуваат? истото ти важи и за во сите останати сектори бегаат младиве работат во еу не седат у мк да робуваат, и нешто друго што сретнав по огласите за работа оние фамозни максимални 30/35 години полека полека се губат исчезнуваат ! ти кажува ли тоа нешто ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom