еднаш забележав еден оглас : бараме девојче за работа во играчница плата 15 000 денари. Играчница Чекорче во Маџари
И Пази ја сега шемава огласот постојано отворен оди девојчето ( жената ) таму и и викаат ке треба да работиш пробно две недели доагаш секој 2 дена и оди девојчето две недели изиграва мајмун со децата, и десетиот ден газдарицата и вика немаш добра комуникација со децата, неможам да те примам. А у мегу време таа веќе бара замена и за едната девојка и за другата почто нели две идат преку еден ден што по автоматизам таа си добива гратис работници цел месец и шемава си ја фура газдарицата веќе со години и нонстоп има отворен оглас и се нечинат девојчињата
Ех, ех тоа е стара финта, добро утро Македонијо.Има уште погнасни финти, како на пример тие кои бараат жена за чистење куќа во три саат сабајле, или пак жена за чистење на кафуле, плата 10 000 денари, од кои не добива ниту еден денар поради тоа што го доживува кога ќе се најде на тоа бојно поле.И пази го сценариово што ќе ти го опишам, она што се случува на бојното поле.Жената се јавува и ја прашуваат колку години има, колку е висока и сл. глупости и гадости, за на крај кога ќе отиде да поработи еден ден (пробен) да и се згрози животот, некој мајмун со трењерка и со златен селски ланец како да е излезен од некој бугарски филм со мафијаши онака на селски начин и се пушта као демек „цуцо сакаш да се онадиме ти мене нати го, ја тебе дај ми го“. И нормално жената на крајот од пробниот работен ден знаеш што му вика.„Аз че се врнам“ и никогаш не се враќа поради тоа што жената која отишла да работи таму му ги открила намерите на покондурениов сељак.И наредниот ден, оп нова жртва и така се врти се тоа во круг, работата оди се на пробно а газдата не дава ниту денар за работна сила.
Да и било за онадење на жената, ќе дала оглас 0500 - 400 - еби си ја мајката.Она отишла со цел да си го извади чесно парчето леб, а овој па ја гледа и згора на се ја плука, ја третира како курва а не како чесен работник.
Па има и од тие кои се јавуваат во четири саат сабајле и ништо не ти зборат само ти дишат на слушалката.......Секакви има во Македонија, можам да ти кажам од искуство со какви луѓе се справувале моите но и јас, изгорен сум веќе отрпнав на ова.Повеќето млади што се тука на форумот не го знаат ова, не знаат каков свет ги чека откако ќе излезат од стакленото ѕвоно, ќе научат а и јас уште учам нормално.
Ненормални говеда, лицемери, шпиони, психопати се повеќето газди во оваа држава, неиживеани копита.
И кога веќе ги спомнав психопатите, немојте темата за психопатите што е отворена на подфорумот „Философија и психологија“ да сте ми ја ставиле тука со цел да ми доловите поента дека тие биле интелектуалци зошто и темата и вас ќе ве пратам кај папата на прочистување на гревовите.И папата нема да ви помогне, ќе добие срцев удар веднаш штом ќе виде што треба да прочистува, не се прочистува ни со Vanish...
Текстов намерно го напишав на повулгарен начин со цел да ја доловам поентата, се извинувам однапред ако некој се згрози од ова што го напишав.Некогаш е потребно да се користат вулгарни зборови со цел да се долови подобро некоја поента.
