М
Мартин`
Гостин
Премиера со победа
Успешен старт во супер лигата за ракометарите на Борец. Во премиерниот натпревар на домашен терен во спортската сала Гемиџии ја совладаа екипата на Прилеп 2010 со 31:30.
Младите велешки ракоматери подобро го отворија дуелот и во првото полувреме постантно беа во предност која по 30 минути игра изнесуваше 15:10. Во вториот дел предноста се зголеми и до седум голови, но тогаш искуснот тим од Прилеп предводен од Макалоски, Лашковски, Бозаровски и Петковски кои дадоа по пет гола стигнаа за еден негатива. Сепак тоа не беше доволно и за да се дојде до победата и значајните бодовите.
Во редовите на Борец најзабележителен беше Илиев со осум постигнати гола, а Трчков и Стојановски дадоа по седум.
Играчите кои летово го засилија Борец имаа епизонни улоги. Тројцата зеадно дадоа пет гола, освен голманот Бетувски кој забележа 14 успешни одбрани.
Младите играчи на Борец и годинава ќе ја имаат помошта на нивниот тренар Тони Шопов, кој по потреба влегува во игра. На вчерашниот натпревар Шопов, даде три гола.
За одбележување е одличната посетеност. На натпреварот присувствуваа околу 2000 љубители на ракометот, како и навивачката група Гемиџии, кои секако имаат придонес во успешниот старт на Борец.