Да бе за се Тито ни е крив. Не дека сум југоносталгичар ама глупо е да го обвинуваш тогашниот систем за се. За многу земји социјализмот бил регресивен, но не можеме ние да се жалиме.
Јасно е наведено во текстот дека долгот на Југославија бил 22 милiјарди, а денес долгот на Југославија (без Црна Гора, Косово и Македонија) е 112 милијарди. Ние немаме фала богу голем долг но Хрватска и Словенија имаат долг колку и БДП, што значи треба цела година да работат, ич да не потрошат за да го вратат долгот. Овие земји се пред банкрот. Им се насмевнува грчкото сценарио.
Тоа што сме толку малку задолжени, едвај 2 милијарди евра е добро од една страна, затоа што ни гарантира финансиска стабилност и самостојност од што следува и политичка самостојност, што е многу битно во овој политчки контекст. Но од друга страна премалата задолженост се рефлектира и на стопанството. Затоа немаме инвестиции. Ако некој се задолжил, значи инвестирал во нешто. Тука пред се мислам на компаниите. Државата ако се задолжува се знае дека непродуктивно ќе ги искористи средствата, па кој и да е на власт, и мене да ми дадат власт така ќе биде
.
Ме чуди само како можеше Југославија да колабира економски на почетокот од 90 тите, со толку ниска задолженост во странство, толку висок економски раст во ‘88, ’89,’90 и со висока монетарна стабилност