|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 2.729
- Поени од реакции
- 897
Стан во Скопје чини исто како во Берлин или Будимпешта
Да се купи денеска стан за многумина е невозможна мисија. Нискиот животен стандард, малите плати, тешко достапните банкарски кредити со високи камати ја прават уште подалечна желбата на луѓето што сакаат да го решат станбеното прашање.
Но освен со овие, граѓаните, особено овде во главниот град, се соочуваат со можеби најголемата блокада ако сакаат да купат стан. Секако тоа е цената. Според некои истражувања квадратен метар во центарот на Скопје е на исто ниво или пак вреди многу повеќе од цената во голем број светски и европски метрополи.
Од 1100 до 1600 евра чини квадратен метар станбена површина во строгиот центар на македонската метропола. Во делови од центарот на Берлин стан може да се најде и за цена од 1000 евра за квадратен метар.
Во Будимпешта најевтините станови во центарот се купуваат и за 1080 евра за квадрат. Во регионот, во Македонија по Хрватска и Црна Гора становите се најскапи.
„Становите што се продаваат се со многу високи цени и сите купувачи очекуваат цената да падне, се јавува парадокс, кога се јавува продавач не сака да ја спушти цената, а потоа кога се јавува како купувач бара намалување на цената на квадратен метар.
-За да се намали цената на квадратен метар не е потребно да се намали ддв-то, потребно е да се намалат комуналиите при градба, цената на земјиштето што ја дава градското Собрание, данокот на промена на недвижност и права кој изнесува 3 проценти“, вели Сашо Поп-Илиоски, агенција за недвижности.
Сепак и покрај давачките бизнисот со недвижности се уште важи за најпрофитабилен сектор. Станбен квадратен метар се гради за цена од 350 до 450 евра, со сите платени давачки сумата стасува до 700 евра.
Секоја цена над оваа познавачите е чист профит за фирмите. Јавното станбено претпријатие деновиве ќе ја почне продажбата на станови во 70 згради низ државата од кои дел веќе се изградени, а дел допрва ќе се градат. И овој потег тешко дека ќе ја турне цената на другите станови.
„Ние одиме со заработка од 10 проценти или цена од 850 евра, одиме со реална цена“, рече Зоран Мисовски - директор во Јавно Станбено Претпријатие.
„Државата наместо да воспостави амбиент за масовна станбена изградба што ќе ги регулира и намали цените таа ги отежнува условите за градба преку своите коруптивни службеници и на централно и на локално ниво, државата се јавува како наметнат партнер кој на градежните инвеститори им прави еден вид на рекет“, изјави Мирослав Грчев - универзитетски професор.
Во Македонија цената на становите нагло порасна по осамостојувањето. Становите ги поскапе масовната миграција село - град и впечатокот дека инвестицијата во недвижности е со најмал ризик.
Меѓу големата заработувачка на фирмите и високите апетити на луѓето што продаваат станови загрижува и податокот што поради кризата се намали и бројот на новоиздадени одобренија за градба. Тоа значи дека на пазарот има се помала понуда која пак влијае за уште повеќе да се зголеми цената на становите.
----------------------------------------------------------------------
Мислам дека се во Македоиија функционира на лакомост. Да почнеме од становите,производите па се до автомобилите.
Мислам дека дефинитивно се пазар каде што се сака од ништо да се направи нешто! Се додека има луѓе кои сакаат да купуваат станови по нереални цени има луѓе што ќе им ги продадат. Ако никој не ги купува, нема да може да ги држат толку високи цените.
Кога со плата (просечна) од 300 евра јас ќе можам да купам стан од 60 квадрати за 60000 евра?
Самата банка не ми дозволува. Имено Стопанска Банка Скопје за кредит од 30000 евра! бара вкупна плата од 600 евра (еете со сопругата заедно, двата по 300 евра) на 30 години! За да офоромам семејство ми се потребни 60000 евра, а тоа значи 1200 евра вкупна плата и месечна рата од 370 евра.
КОГА/КАДЕ јас ќе ги најдам тие пари? Срамота е ова што се случува. Ај градителите на нови станови, нека си бараат високи цени, ама сопствениците на стари станови кои на времето (до 2001 година) ги купувале за 500 германски марки по квадрат сеа ги продаваат по 2000 марки (1000 ЕУР) е ВИСТИНСКИ срам!