Гледам дека никој не пишува за ситуацијата со Серхио Рамос, па решив да пишам неколку реда.
Како сите што знаеме Серхио Рамос е „ повреден“ има истегнување на лигаментите на коленото и ќе „одмара“ 2-3 недели, ова е официјално соопштение на Реал. Јас мислам дека тоа е ЛАГА, можеби е претежок збор, но мислам дека е така, еве неколку аргументи: Оваа сезона имаше неколку „сомнителни“ повреди на играчите, ијавите на Мурињо дека Арбелоа е прва опција за позицијата десен бек и како главен аргумент на кој го темелам моето мислење е денес објавената вест во весникот АС, кој објави дека Серхио Рамос може да игра во недела
Sergio Ramos forzara para jugar manana frente al Sevilla
Па зар мислите дека може да се оправи за толку кратко време?
Зошто се чекаше првиот тренинг затворен за јавноста, за да тренира со другите?
Мислам дека Серхио Рамос беше КАЗНЕТ за ситуацијата против Барселона (ова го претпоставувам), но бидејќи има многу отсутни посебно на позицијата десен бек ќе МОРА да игра, Па макар и „повреден“.
П. С. Ова истото го мислам и за Каналес, тој е „повреден“ откако неизигра добро против Мурсија (неизигра како сакаше Мурињо) и Мурињо јавно го кажа ова.