Lyon е еднинствената екипа која ја немаме победено после 6 официјални средби, билансот е 3 пораза и 3 нерешени и 6 голови негатива (4 дадени, 10 примени)..... првиот натпревар, во Франција, на 22.02.11, реваншот на Bernabéu на 16.03.11....
Butragueño: Ждрепката беше таа и со тоа мора да се соочиме. Екипата е во состојба да ја помине оваа елиминација, но ќе видиме. Има уште два месеца до првиот натпревар и ќе видиме во каква кондиција ќе бидеме тогаш. Ако тогаш ги имаме на располагање сите играчи верувам дека ќе играме во четврт финале. Ќе треба да внимаваме на деталите, на овие натпревари обично одлучува еден гол.
Pardeza: Што можам да кажам! По четврти пат ни се паѓа Lyon. Се уште ни е свежо памтењето од лани. Се надевам дека сме еден чекор понапред. Подготвени сме и верувам дека ќе бидеме подготвени за да се соочиме. Не знам дали е добро повторно да се соочиме со Lyon или не, коцката така сакаше и не може ништо да се промени. Се надевам дека ја научивме лекцијата од лани. Лани не изигравме добар натпревар во Франција, во Мадрид имавме добро само едно полувреме и тоа не е доволно, потребни се 4 добри полувремиња. Они ќе бидат концентрирани и внесени, иако се можеби послаби од нас, но ќе дадат се.
Превземено од групата на фб