Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Татароглу си побркал нешто.

(Христо Андоновски: “Јужна Македонија од античките до денешните Македонци”, Скопје, 1995 год., стр. 55).

Tаму е уредно наведено и стои така.

А тоа што двајцата се чувствувале тоа што се, не ти дава за право ти да ги побркуваш нештата.
 
E

emission

Гостин
Новија тоја учитель бѣ родом' от' Охрид' и роднина на прѣдсѣдателја; тој бил' роден' от' мајка б'лгарка, а башта куцовлах' — цинцарин', а сам' говорѣше б'лгарски с'вьршенно неправилно. Когато биваше запитван', на која от' помјанатитѣ двѣ народности принадлежи, тој отговарјаше:
[/SIZE][/FONT]
ја ни сум' ни бугарин', ни грк', ни цинцарин'; ја сум' чисто макидонец', какви су били Вилип' и Аликсандри Македонски и Аризтотел' вилозов'”.

На това, смѣсь-народность, свѣтило, бѣ повѣрено ученето б'лгарскитѣ дѣца в' Солун' на матернија им' јазик', самò незнајаште б'лгарски.

Просвѣтителната дѣјность на „негово словесие”, както се и предполагаше, не отиде за д'лго; тја се свь'рши с' разпрьсването на ученицитѣ от' невѣжьт' учитель и, впослѣдствие — с' затварјането на училиштето. Т'ј се тури, за втори пѫть, крај на Солунското училиште в' 1869 та година.
Mope бугар: oд каде тој учител бил пола-цинцар пола-„бугарин“ кога самиот вели - не сум ни цинцар ни бугарин ни грк (туку чист Македонец)?!?

Дали не му е накалемено тоа без никаков доказ? Дали поради тоа што се чуствувал Македонец (а не цинцар, бугарин и грк) можеби му пречело на Шумков и произволно му измислува потекло ?

Ти зборуваш како да си 100 проценти сигурен а нема никаков доказ за тоа, додека ги имаме самите зборови на учителот од Охрид кој практично го негира неговото цинцаро-„бугарско“ потекло.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
блгарчета оладете малце и не ланчајте муда без причина.
 
E

emission

Гостин
„ја ни сум' ни бугарин', ни грк', ни цинцарин'; ја сум' чисто макидонец', какви су били Вилип' и Аликсандри Македонски и Аризтотел' вилозов'”.
Ако бил пола-пола од народностите како што вели авторот зошто самиот би велел нешто друго?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Во времја Крымској војны 1853 – 1856 гг. в Болград переселились крымские болгары, греки, македонцы. Длја их поселенија была отведена часть городској территории, котораја получила название – Крымскаја махала.

http://bolgrad.com.ua/index.php/2010-01-19-13-25-00/5-history
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
кога сме кај митологијата еве неколку слики од музејот на анатолски култури во Анкара. Во овај музеј ја има и едната фигурина од големата мајка која ја има во книгата на Поповски:

фиурината е опишана само како „божица„ која седи на тронот и држи два леопарди а меѓу нозете има глава на дете.


во овај музеј има многу за бријијците, кои делумно како сојузници на тројанците прешле од Македонија и го населиле тој централен дел каде и оформиле свое кралство познато под името фригија.

Во музејот се чува и черепот на Мидас, син на Гордион од славниот Гордиев Чвор кој Александар по балкански менталитет го решил со насилство. Легендата за тој чвор викала дека кој ќе го одврзе без сила ќе владее со цел свет кој ќе го реши со сила ќе го освои цел свет и умре млад.

Еве слика од реконструкција на гробот на Мидас со неговиот череп на врвот од лежалката. Интересно е што гробот бил во внатрешноста од дрво и со голем број бронзени садови околу. На едниот сад имаше зраци како на македонското сонце од Кутлеш.


Еве уште една фотка со остатоци од дрвената масичка која се употребувала при погребот на Мидас.


исто така два интересни пехари за вино


 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Постои Мариовска фамилија : МИДОСКИ! Поголем континуитет од тоа - здравје!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Промовирана книгата „Македонија во античко време“

03.09.2010 - 19:36 |

Со делото "Македонија во античко време" ќе дознае вистината за подвизите на Филип втори и Александар Македонски. Со тоа и потеклото на Македонците и големото Македонско кралство.



Нова фактографија за античка Македонија ќе биде пласирана пред светската научна јавност. Со ова дело нема повеќе да се манипулира светот велат авторите, дека Александар Македонски им припаѓа на Грците, а Македонците се со грчко потекло.
Во книгата "Македонија во античките времиња" се обелоденуваат и нови сознанија за грчката митологија и пропустите на досегашните.

Делото е издадено на англиски јазик и нема да има македонско издание. Не е наменето за домашниот пазар.

Треба да биде дистрибуирано надвор од границите на Македонија.

Во книгата се испечатени и слики од македонски артефакти. Дел од нив е Бронзената статуетка на Менада, монети со ликот на Александар Македонски и Филип втори.

Вероника Камчевска


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/promovirana-knigata-„makedonija-vo-antichko-vreme“
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
УШТЕ ЕДНА ДОСЕГА НЕПОЗНАТА ПЕСНА ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Сведоштво за, до неодамна непозната македонска народна песна, посветена на царот Александар Македонски среќаваме во фолклорната збирка на егејскиот Македонец Димитар Поп-Димитров (кој, во моментов кога ги пишувам овие редови, живее во своето родно село Цакони во околината на Воден). Овој деец со години собирал македонски народни умотворби низ повеќе градови и села на Егејскиот дел на Македонија. Меѓу ваквите творби била и песната за царот Александар Македонски, која му ја испеал 84-годишниот егејски Македонец Танас Марков. Дел од песната гласи:

Стани, стани Александре Македонски
за да видиш како твоите синови
се борат за Македонија...


Инаку песната била мошне долга и траела околу петнаесетина минути.


Во еден од претходните броеви на Македонско Сонце исто така објавивме до неодамна пошироко непозната македонска народна песна за Александар Македонски, која била позната во Пиринска Македонија. Песната ја пренесовме од писателот Славе Македонски, кој истата ја слушал уште како мал од својата неписмена мајка. Истата песна биле пеена и од еден стар овчар на Пирин Планина.


Во македонскиот весник Народна Волја (Благоевград, 1996) е објавена и македонска народна приказна за царот Персеј.


ПРЕДАНИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР И ЈУСТИНИЈАН

Во Зборникот на браќата Миладиновци во поглавието Преданија како прво по ред стои запишано преданието за Александар Македонски. Истото е насловено Цар Александар и гласи:


Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода. Но кој одеше, никој не се врашчаше назад; зашчо дури да стигнит некој до неа, требаше да патуват три дни се во ношна темнина, во која љугето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александар зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање шчо можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до бесмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои ржеха, находваше патот и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напие утрината во недеља; и нарача на сестра му да вардит, да не некако истурит бесмртната вода. Сестра му метеешчем не догледа и скрши шишето. Цар Александар кога чу това, страшно се наљути, а сестра му, избегвеешчем љутината негова, се фрли в море и се престори делфин, кој, кога чует Александровото име, се криет во морските глобини.


Благодарение на г-дин Љубе Панов (р. 1938) од Велес, објавуваме уште една варијанта на ова предание. Ова преание г-дин Панов го запомнил од својата мајка Васка Јолевска Панова (1913-1980), родена во Битола, а мажена во Велешко. Истото го пренесуваме на македонски литературен јазик:


Господ создал луѓе со различна боја на кожата. Ова Господ го направил пред Потопот. На белците Господ им го пратил својот син, што се викал Македон и сите белци отпрвин се викале Македонци. Подоцна најпознат цар на Македонците бил Александар Македонски. Тој еднаш пронашол бесмртна вода и ја дал на сестра си да ја чува и да внимава да не се истури. Но, таа кришум се напила и водата се истурила. Плашејќи се од лутината на брата си се фрлила во Егејското Море. Но, бидејќи не можела да умре, наеднаш се престорила во половина риба, половина девојка. До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите на сет глас викаат: “Жив е Александар!”. Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.


Инаку, во Зборникот на Миладиновци, веднаш по преданието за Александар Македонски е објавено и предание за царот Јустинијан, кој иако бил римски цар, по потекло бил етнички Македонец. Впрочем, доказ за ова е и ова народно предание, кое браќата Миладиновци го сместиле како второ во поглавието за Преданијата, што зборува за нивната почит кон овој цар, без разлика што во нивно време, странските пропаганди, правеле се што е можно за да го оневозможат националното себесознавање на етничките Македонци. Наспроти нивните еднострани и фалсификувани податоци за нашата историја, како цврст бедем и можеби единствен светилник во тоа време стоел нашиот народен фолклор, кој во себе непогрешливо ги апсорбирал само поистакнатите македонски владетели или пошироко познати дејци и како такви ги пренесувал од поколение на поколение.


Преданието за Јустинијан е поврзано со настанокот на името на градот Охрид и, според ова предание, името на овој наш град го дал токму царот Јустинијан. Преданието гласи:


Вељат че, кога се правеше охридската крепост, Јустинијан се качи на ридовите на кои лежит градот и, гледаешчем прелепото месотположење, извика:” Ох рид”, т.е. “ох, каков хубав рид!” И од тога стана да се вика градот Охрид.


Во Зборникот на браќата Миладиновци се застапени и народни творби поврзани или посветени и за: Марко Крале,Свети Климент, Свети Наум и други истакнати Македонци од нашето подалечно минато.


НЕМА ГРЧКИ, СРПСКИ И БУГАРСКИ ВЛАДЕТЕЛИ ВО НАШИТЕ НАРОДНИ ТВОРБИ

Секако дека постојат и други македонски народни творби посветени на нашите предци античките Македонци, што доволно јасно зборува за етничката припадност на создавачите на нашите народни творби. Овде само по себе се наметнува прашањето: Ако на пример, Македонците биле Грци, зошто тогаш не постои ниту една македонска народна творба посветена на кој и да било грчки крал, антички јунак или каков било друг грчки деец, кој би бил опишан како наш?

Понатаму, не постои ниту една македонска народна творба во која кој и да било српски средновековен крал или цар (на пример, Свети Сава, Милутин, Лазар, и другите, а така е и со српските учесници од Косовската битка или од српските востанија) би бил опеан или опишан како наш. Од поновите српски владетели опеан е само кралот Александар Караѓорѓевиќ, но во крајно негативна конотација, т.е. опеан е во песна посветена на атентатот врз него, извршен од деецот на ВМРО Владо Черноземски.


Во македонскиот фолклор не постои ниту една народна творба посветена и на кој и да било бугарски хан, цар или каков било друг бугаро-азијатски болјар, кавхан и слично. Едноставно,не постои ниту една македонска народна творба во која Македонците се повикуваат на традицијата на Бугарското паганско царство на чело со турко-монголските бугарски ханови: Кубрат, Аспарух, Кардам, Цок, Диценг, Телец, Телериг, Умор, Токту, Паган, Омуртаг, Винех, Кубрат, Аспарух, Кубер и другите, кои денес во Бугарија се слават како првите етнички предци на денешната бугарска нација. И не само тоа. Во македонскиот фолклор не постои ниту една народна творба посветена и на средновековните бугарски владетели: Асен, Петар, Шишмановци и други, па дури не постои ниту една македонска народна творба посветена за бугарските цареви и од т.н. Трето бугарско царство (Александар Батенберг, Фердинанд, Борис), во која овие цареви би биле споменати како наши цареви. Или, попрецизно е да се каже дека последните бугарски цареви во македонскиот фолклор сепак се застапени во некои песни, но само посредно, и тоа како цареви кои, заедно со српските владетели, сакале да ја освојат Македонија. Тоа го илустрира и фрагментот од една македонска народна песна:


Два орла се бијат

горе на небото.
Две ми реки течат
долу на земјата.
Два цара се бијат
за Македонија.


И додека во македонскиот фолклор не постои ни една народна творба посветена на грчките, српските и бугарските владетели (во која тие би биле опишани како наши), видовме дека постојат бројни македонски народни творби посветени на претходните античко-македонски цареви. Добро знаеме дека фолклорот на секој народ има длабоки корени во етничкото минато на тој народ, па во тој контекст треба да се гледа и на овде изнесените факти.


ЦАРОТ САМОИЛ ОПЕАН ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

За чувството на брилијантно детерминирање на вистинските македонски предци и цареви од страна на македонскиот народен пејач, ќе посочиме уште подрастичен пример. Имено, како македонски цар бил опаен дури и царот Самоил (а за легендите од неговото време и да не зборуваме). Во врска со ова ќе презентираме извадок од една македонска народна песна (настаната околу илинденскиот период). Во оваа песна народниот пејач се повикал на традицијата на Самуиловото Царство:

... Нека разбере цела Европа,

па ако сака и сам султанот:
Тука живеат сe Македонци,
на Самоила славни потомци...
И ново царство ќе основаме
над таа клета тиранија.


Гледаме дека во свеста на македонскиот народен пејач од илинденскиот период, сосем јасно Самоил бил сметан како македонски цар, а Македонците за негови потомци. Поради ова, до странските пропагандисти се наметнува уште едно прашање: Ако царот Самоил бил бугарски цар, како можело да се случи, од сите тогашни бугарски цареви, единствено тој да биде опеан од македонскиот народен пејач и тоа како предок на Македонците? Зошто не постои ниту една македонска народна творба за неговиот (според бугарската пропаганда) претходник - бугаро-турко-монголскиот цар Петар или за неговите наводни наследници - средновековните бугарски цареви Асен, Петар, Калојан, Шишмановци и другите?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Бугарот Јoрдан Трифонов објаснува дека на почетокот на 19. век, преведувачите на книгата “Александрија’’ од град Плевен -- Спас Христов и Лазар Димитров -- биле целосно убедени дека потомците на античките Македонци се денешните Македонци (кои Трифонов ги нарекува Бугари
).

Трифонов пишува во објаснува во својата книга за историјата на градот Плевен што ги привлекло преведувачите да ја преведат книгата - убеденоста на поврзаноста на денешните со античките Македонци:

“3а да се разбере какво е увлекло плевенските книжовници да преведат Александријата, трјабва да се има предвид не само голјамата склонност к'м чудни фантастични разкази, но и п'лната увереност на преводачите, че македонците на Александра са били прадеди на сегашните македонци, следователно б'лгари, а персите, срешту които е војувал великијат цар, са били турци.’’

(Ју. Трифонов, Историја на град Плевен до Освободителната војна. С., 1933, стр. 91-92)

Еден друг Бугар кој е историски извор за постоење на македонската свест со потекло во антиката е Егзархискиот агент Петко Р. Славејков.

Лично егзархот го пратил Славејкова да ги опструира Македонците во изразување на македонската свест и намерите да ја возобноват својата црква, дури и преку унијатството (унијатското движење тогаш веќе било оформено за да се оствари идејата за самостојна македонска црква).

Во едно писмо до егзархот, Славејков признава дека постои Македонска национална идеологија и историска свест. Исто како и во 1871 год., Славејков уште еднаш потврдува дека Македонците не само што не се сметаат за Бугари туку дека се Македонци што стојат повисоко од Бугарите бидејќи го водат својот корен од античките Македонци и се сметаат за “Александрови потомци’’ (дури извичник ставил на тоа тврдење).

Тука воопшто не е битно толкувањето на таа реалност од страна на Славејков, што според него била резултат на српската и грчката пропаганда. 3а нас е многу поважно признавањето на фактот дека постоела македонска свест што во еден историски момент се изразила преку организирано народно движење (со центар во Велес и затоа Славејков веднаш се нафрла да ги оцрни велешани):


“ Лукавите и безсовестни проповеди на монсин'ора Нила*, глупавите упорствованија на тукашнијт православнејшиј человек, схизмата, некалесаните речениј (проповедници) са лостовете на движението; но нај-опаснијат враг е този: На малкото онези дребни честолјубци б'лгари от Македонија, които од тјасна лјубов к'м родината си и по неразбрано предпочитание к'м родното си слово, што ги в'зблазнило да работјат за неговото преобладание прибажили са се напослед'к ср'бската пропаганда и г'рцката, които без да показват на населението задните си мисли, внушават им идеи много гибелни: напр. че те не са б'лгари, но са македонци, т.е. нешто по-горни от другите б'лгари (Александрови потомци!), че те могат и треба да б'дат водители и п'рвенствујуушти на б'лгрскијат народ, заштото и иерархијата б'лгарска е била и е тјахна, с таквизи проповеди на чужденците, подкрепени и от наши неразумници, раздразневајки населението, ппристигнали са да распространјат доволно тези мисли и да ги настројат на гибелнијт п'т за отделение,а пр'в плод на тези проповеди са: недоверието к'м Егзархијата и тајното противодејствие на нејните домогванија да ги обедини в черковно отношение.

Котилото на тази гадна и гибелна мис'л е днес за днес Велес, отгдето аз тв'рде тежки и т'жни впечатленија изнесох. Желешане носјат тип'т и характер'т на мјастото, в което лежи град'т им. Горди, крути и високомудрени като скалите, в'звишаеми што ги окр'жават, но като тјах и безплодни и недост'пни, ограничени и недалновидникакжото горизонт'т на мјастото им, а бујни като течението на Вардар, като когото и запенене сја бл'скат да пробијат и прокарат идеите си...’’

(Цочо Билјарски - Илија Пасков, Писма на Петко Рачев Славејков по унијата в Македонија през 1874г., "Векове", XVIII, 1, Софија, 1989, стр. 73-74)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Херкулес

Митологија на Македонците - Ристо Поповски




Преземи пдф верзија на книгата:

http://www.nakido.com/F0E4D841409C72AF0FC05D5709AE407C55E53AD2#share
Незнам дали овој на корицата е Херакле/Херкул или не ама кога се работи за него ќе биде од полза да се знаат некои работи.
Не само што е еден од најпознатите таканаречени “грчки” антички херои, но митовите и верувањата за него биле најшироко распространети помеѓу различните народи(Римјани, Египќани, Келти, Либијци). И ако нашироко познатите митови за неговите доживувања и неизмерна сила можат да се сметаат за ахајски измислици или приказни кои во себе инкорпорираат дела на 3, 4, 6, или четириесет херои со исто име(???), тогаш појавата на култот кон него како кон полубог – получовек тешко дека може да се дефинира како таква.
Според официјалната историја неговото име било “грчко” и сходно на тоа потеклото не можело да биде доведено во прашање. Но, не е се толку чисто и ако се побара објаснување за етимологијата на неговото име се среќаваат апсурдни и целосно неосновани објаснувања. А ние имаме на територијата на Македонија и завојуваните територии во времето на Александар и неговиот татко Филип бројни градови кои го носат името Хераклеа. Самата македонска династија претендира на своето хераклидско потекло, а Александар Македонски многу често е прикажан како го имитира Херакле носејќи на себе лавовска кожа.
Во околината токму на една таква Хераклеја денес го имаме градот Св. Врач – денешен Сандански, како и село со назив Вракуловица. На просторот на Македонија, Србија и Бугарија има повеќе стари цркви и манастири кои го носат името Свети Врач/и (некои од нив посветени на Дамјан и Кузман – што веројатно е од подоцнежно време). Мислам дека многу поверојатно е ХеРАКле да бил вРАЧ отколку мускулесто мажиште што со физичка сила си создал имиџ на полубог, бидејќи очигледно во тие (како и во овие) времиња само Гејците се палеле на голи мускулести, често црни, машки задници. Етимологијата произлегува од именката “РЕЧ и означува човек кој со силата на зборот и молитвите ги решава проблемите,покорува непријатели, лекува болести. Тоа е човек кој остварува контакт со боговите и им е приближен ним исто колку и на луѓето. Во истиот контекст може да ги наброиме и зборовите: вражач, вражалка, урок, зарек.. како и латинскиот “oracle” .
Доказ за тоа наоѓаме во фактите изложени во книгата “Dictionary of Greek and Roman biography” во издание од 1849 и описот на условно кажано “римскиот Херкулес” на кого исто како и во Грција му се принесувале животински жртви (курбан), со следната цел:
Hercul1.JPG

Инаку повторно неговото изворно латинско име било поврзано со “РЕЧ односно “ЧАР:
Hercul2.JPG

Дека се работи за личност која поседувала пред се маѓиски и мистични способности сведочи и критскиот и тасоскиот култ кон Херакле:
Hercul3.JPG



Во прилог на ова треба да се додаде и следниот келтски опис на Херакле пред Луциан:

"Stranger, I will tell you the secret of the painting, for you seem very much troubled about it. We Celts do not consider the power of speech to be Hermes, as you Greeks do, but we represent it by means of [FONT=&quot]Heracles[/FONT], because he is much stronger than Hermes. So if this old man Heracles, the power of speech, draws men after him, tied to his tongue by their ears you have no reason to wonder, as you must be aware of the close connection between the ears and the tongue. ...In a word, we Celts are of opinion that Heracles himself performed everything by the power of words, as he was a wise fellow, and that most of his compulsion was effected by persuasion. His weapons ... are his utterances which are sharp and well aimed, swift to pierce the mind: and you too say that words have wings"
http://www.constellationsofwords.com/Constellations/Hercules.html

За грчкото обожување на Херакле се вели дека е порана верзија на египетскиот култ кон таков получовек – полубог чиешто потекло пак се определува како феникиско, односно дека потеклото воопшто не е грчко може да се види и од физичката претстава и портрети на Херакле каде тој е насликан со скитски лак и лавовска кожа. Еве и некои слики - се разбира во ахајски стил:
M23.5Erymanthian.jpg


c0048.jpg


Кој знае нека направи врска меѓу Скитите, Дорците и Феникијците.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Држи место и таквата етимологија на името Херакле, но многу поедноставно е кога знаеме дека именката Херо(ј) односно Герој значи : “јунак“, додека вториот дел од името (кле-о) значи: “славење“ (“клицање“ е најслична изведеница), “прославен“ и сл.

Така, името Херакле може да се толкува како: “славен јунак“, Херој, Герој и сл. Според тоа, името Херакле е всушност општа именка за именување на јунаците кои во тоа време не и недостасувале на Македонија (затоа и има многу мина со тоа име, најпознатиот се вика Алкеј). Затоа се и опишани такви дела (јуначки), а не дела на вражање и на магии.

Зборчето Гер (Хер) е зачувано до денес за именување на војна (Франција = la guerе), за именување на најпознатите војници - Германците, како владетелска титула (Херцог = војвода), на старовисокон. heri значи : “војска“, дури и Херувимите биле Божји воини-чувари (ангели, на Хебрејски е : Keruv) и по изгледот и функцијата личеле на Староиндиските Марути. Дури и именката Геронти можеби произлегува од “воени ветерани“ бидејќи геронтите биле стари воини...

Ова се премногу асоцијации на зборовите воин, војна за да сличноста биде случајна. Иако, официјално, историчарите се на мислење дека неговото име значи : “слава Херина“ (кле = слава; Хер = Хера), односно, неговите јунаштва тој ги правел во чест на славната Божица Хера, сопругата на Зевс.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Еве уште еден пример за вечната слава на древните Македонци и познавањето на нивната борбена моќ не само во нашите македонски преданија и легенди, туку и во светските.

Ова е пример за т.н. воена-поема, борбена-песна наменета за поттик на Американците од Југот во Американската Граѓанска Војна, напишана од James R Randall:



Еве и еден ИЗВОР, од повеќето на нет за неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom