Ова е една од тие вечери кога сите би посакале натпреварот да трае уште 2 саати. Се на се презадоволен сум, се надевам само дека никој од играчите не заработил никаква повреда.
Икер - Немаше што да брани, еден слободен удар, и тогаш феноменална интервенција.
Рамос - Добар, изгуби еден или можеби два дуела, но тоа е нормално, составен дел од играњето на стоперската позиција, уште ако се земе во предвид дека таа позиција не му е природна..
Албиол - Ме фасцинираше, сега гледам статистика, сите негови 26 паса беа точни. Имаше неколку непотребни фаули, но сјаен, задоволен сум од него.
Арбелоа - Фантазија.
Марсело - Сите напади на противникот одлично ги сопира, но што знае да испадне во некои ситуации будала, знае. И ме нервира тоа што оди премногу паралелно кон голот кога е во трк... солиден.
Чаби - Одзема многу топки, исто така и изгуби, но како и да е, многу добар.
Лас - И тој феноменален, но едноставно, за мене не е тоа тоа. Кедира како да ми изгледа некако посмирен, како да игра попаметно, подобро се поставува на теренот, но ни Лас не е лош.
Озил - После Роналдо најдобар, една асистенција (маестрална) и изборен пенал врз него, конечно заигра добро и надвор од Бернабе. И покрај тоа имаше и голем број на точни пасеви.
Педро Леон - Задоволително.
Роналдо - Најдобар играч во светот, им правеше што сакаше, не досудија пенал над него, постигна два гола, еден од пенал во средина, ма фантастичен.
Бензема - Сјаен и тој, Мурињо како да го среди. Сите негови предиспозиции дојдоа до израз. Само ме нервира она неговото ванаби Роналдо (дебелиот), бицикла, трк, па шут, тоа е само бледа копија од него. Гледајќи го натпреварот во глобала - презадоволен сум од него.
Ди Мариа - За тоа малку време што го одигра докажа дека се работи за класа фудбалер, влезе и веднаш асистираше - доволно од него.
Се на се, добар натпревар за око, и одлична увертира пред Ел Класико...