Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ИМАМ ЕДЕН ПРЕДЛОГ
АЈ СИТЕ ДА ГИ СМЕНИ МЕ АВАТАРИТЕ СО СЛИКАТА ОД ОЗИЛ
 
Баш ми е мило што сепак место у барса дое у Реал... Озил малце ме потсеќа на Зидан, само шо не е толку цврст у дуели и е низок за да биде скокач, али техниката му е фрапантна
 
Ќе поминат уште 12 години ама селаниве нема да не победат !

Икер - Сјаен, таман го критикуваа после натпреварот со Милан човекот покажа дека е број еден. Фантастичен вечерва.

Рамос - Многу добар, овој човек има срце како на вол, нема негде каде што не го имаше, одеше на секоја топка бескомпромисно, добар и напред и назад. Тоа е тој Рамос што сакам да го гледам !
Карваљо - Без размислување играч на натпреварот. Да не го тупам, видовте и самите.
Пепе - Агуеро чат-пат му правеше што сакаше, но ете не се заврши лошо на крајот, не примивме гол.
Марсело - Со Карваљо за мене најдобри вечерва, само таа во 80 минута мораше да му ја додаде на Роналдо, али небитно.

Кедира - Одзема мал милион на топки, си ја врши својата работа така како што му е наредено. Не може да се каже лош збор.
Чаби - И тој фантастичен вечерва, одземаше, даваше топки, дури и солираше неколку пати.

Ди Мариа - Предобар, момаков од натпревар на натпревар игра се подобро и подобро, вечерва асистенција и недосуден чист пенал врз него.
Озил - Постигна одличен гол, нанижа три-четворица играчи на Атлетико крај аут линијата, во првото полувреме одличен, во второ му падна формата, промаши една стопроцентна шанса, али небитно.
Роналдо - Очекував многу повеќе од него вечерва, но имаше големо влијание врз играта, се извлекуваше на крило многу повеќе отколку обично, и веројатно и затоа не дојде до гол, во наредно коло мора да постигне бар два. :)

Игуаин - И од него очекував многу повеќе, а ништо вредно нема да се спомне освен стативата.

Бензема - Е овој момак како да тргнал некој терет од себе, ме воодушеви за ова малку време што го одигра, не би имал ништо против ако наредниот натпревар биде во прв состав.
Останатите измени - ништо.

Се на се треба да бидеме задоволни од оваа лесна победа. Покажавме сила на почетокот на натпреварот, можевме да постигнеме а и да примиме уште по некој гол. Првиот посериозен тест како што го нарекуваа успешно положен. 15 натпревари на Мурињо без пораз. ХАЛА МАДРИД !
 
Ама и од ги дадовме головите особено второ полувреме досадно. Дали така им рече Мурињо да не се замараат многу или немаа мотив веќе.
Сеа оваа недела играме куп?
 
Ама и од ги дадовме головите особено второ полувреме досадно. Дали така им рече Мурињо да не се замараат многу или немаа мотив веќе.
Сеа оваа недела играме куп?

Да, во среда.
 
^ Секако Бензема стартува. Се надевам ќе ги наполни :)
 
У второ полувреме Озил повеќе играше лево, а Роналдо беше либеро... вториов правеше одлични комбинации на крај со Бензема.

Рамос си ја врати формата, Пепе пак има несигурност во себе.

Добро е што пак без многу замарање тепавме, тоа е важно бидејќи имаме густ распоред...

--- надополнето ---

148149_303827334952_19034719952_1103231_7791673_n.jpg
 
Сега Бензема ако се покаже у добро светло со Мурсија (и да постигне гол нормално), мислам дека можно е и со Хихон да игра у прв тим на местото на Игуаин, пошто овај стварно некако нервозен е, му треба малце да одмори тоа живците на клупа.

Со Мурсија се игра во Среда во 20:00, a со Хихон (на гости) во недела во 19:00.
 
Бензема ке почне можеби во среда, и ке се усере пак. Осеќам такво нешто али ајде нека си проба и он шансата. Игуаин мора да седна на клупа веке, не од што не е доволно квалитетен, туку како што кажав и во претходниот пост летнат е во облаци и мора да се спушти малце, напнато делува и немам никогаш видено со некоја судиска одлука да се помири како што доликува на спорт-мен.
 
Некој додавањето на Роналдо со грб ако може да го најде? Фала однапред :)
 
Некој додавањето на Роналдо со грб ако може да го најде? Фала однапред :)


Сега за сега само ова го има.. Утре или вечерва малку покасно сигурно цела акција ќе се најде.
 
Некој додавањето на Роналдо со грб ако може да го најде? Фала однапред :)


Оп, не видов дека iggo_s го ставил, ма да ова е малку подолго :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom