Ќе поминат уште 12 години ама селаниве нема да не победат !
Икер - Сјаен, таман го критикуваа после натпреварот со Милан човекот покажа дека е број еден. Фантастичен вечерва.
Рамос - Многу добар, овој човек има срце како на вол, нема негде каде што не го имаше, одеше на секоја топка бескомпромисно, добар и напред и назад. Тоа е тој Рамос што сакам да го гледам !
Карваљо - Без размислување играч на натпреварот. Да не го тупам, видовте и самите.
Пепе - Агуеро чат-пат му правеше што сакаше, но ете не се заврши лошо на крајот, не примивме гол.
Марсело - Со Карваљо за мене најдобри вечерва, само таа во 80 минута мораше да му ја додаде на Роналдо, али небитно.
Кедира - Одзема мал милион на топки, си ја врши својата работа така како што му е наредено. Не може да се каже лош збор.
Чаби - И тој фантастичен вечерва, одземаше, даваше топки, дури и солираше неколку пати.
Ди Мариа - Предобар, момаков од натпревар на натпревар игра се подобро и подобро, вечерва асистенција и недосуден чист пенал врз него.
Озил - Постигна одличен гол, нанижа три-четворица играчи на Атлетико крај аут линијата, во првото полувреме одличен, во второ му падна формата, промаши една стопроцентна шанса, али небитно.
Роналдо - Очекував многу повеќе од него вечерва, но имаше големо влијание врз играта, се извлекуваше на крило многу повеќе отколку обично, и веројатно и затоа не дојде до гол, во наредно коло мора да постигне бар два.
Игуаин - И од него очекував многу повеќе, а ништо вредно нема да се спомне освен стативата.
Бензема - Е овој момак како да тргнал некој терет од себе, ме воодушеви за ова малку време што го одигра, не би имал ништо против ако наредниот натпревар биде во прв состав.
Останатите измени - ништо.
Се на се треба да бидеме задоволни од оваа лесна победа. Покажавме сила на почетокот на натпреварот, можевме да постигнеме а и да примиме уште по некој гол. Првиот посериозен тест како што го нарекуваа успешно положен. 15 натпревари на Мурињо без пораз. ХАЛА МАДРИД !