Mourinho (14.10.10 – realmadrid.com): Ќе биде тешко оваа недела. Играчите доаѓаат од натпревари со своите репрезентации и после Málaga не чека натпревар во ЛШ против противник кој најверојатно е најважниот во нашата група и против кого ќе го бараме првото место. Добро е што на сите им одеше добро со репрезентации и сите се вратија среќни, освен Аргентина која изгуби пријателски натпревар. Негативно е што не трениравме заедно долго време и повредата на Sergio Ramos, која и не изгледа многу сериозна, но најверојатно ќе го спречи да патува во Малага и ќе видиме за во Милано, но и тоа се случува на репрезентативни натпревари. Позитивно е што победивме на нашиот последен натпревар.
Некогаш и ќе изгубиме на гости, но се надевам дека тоа ќе биде покасно. Не мислам дека вистинскиот Real Madrid е оној ко изигра 0-0, ниту пак оној кој победи 6-1. Вистинскиот Real Madrid е екипа која чекори со една рамномерна динамика кон формирање на една компактна екипа, екипа која знае како да игра и екипа која знае да ги интерпретира натпреварите, противникот и ситуациите за време на натпреварите. Така ќе биде на сите натпреварувања. Се движиме кон се потешки и поодлучувачки мометни од сезоната, кога почнува да се дефинираат важните позиции, затоа оваа недела ќе биде важна со двата натпревара против Málaga и Milan и следниот против Racing.
Тоа што медиумите пишуваат за наводниот мој проблем со Ferreira можам само да го ставам во категорија срамно. Срамота е, затоа што мојата релација со Ferreira не дека е добра, али е оптимална, а читам дека сме во лоши односи и тоа е напишано на саркастичен начин, но тоа нема да ги влоши нашите односи. Секако дека нема. Но тажен сум. Ferreira има убава историја и важна во Португалија. Дојде во Шпанија поради своја заслуга, поради својата кариера. Не заслужува така да го третираат. Јас можеби имав проблеми со некои тренери, незгодни ситуации, зборови, но со него не. Не сме многу блиски, затоа што е тешко тоа меѓу тренерите, но зборуваме, пријатели сме и се слушаме повремено. Знам дека он сака Real Madrid да биде шампион и јас сакам Málaga да ги добие сите останати натпревари освен оние против Real Madrid . Португалци сме, пријатели и имаме оптимални односи. Жал ми е што за медиумите се е вредно, но тоа не е доволно за да пред и после натпреварот се прегрнеме.
Ме изненади се што излезе во медиумите, зошто имаме добра релација, се среќаваме на состаноци на UEFA, зборуваме по телефон. Пет минути после победата на Málaga против Zaragoza му се јавив, и он ми се јави 10 минути после победата против Deportivo. Двајцата студиравме на истиот универзитет и го викам “Професор“. Навистина не разбирам од каде излезе сето тоа, но нема врска.
Кога ги гледам сите тие имиња на играчи кои “треба“ да дојдат во Real Madrid мислам дека ќе зборувам во исто време и за тие играчи и за приказната со Ferreira. Ти можеш да продаваш, да си правиш бизнис без да им наштетиш на другите. Кога се зборува за нови играчи, за имиња, кога се зборува за Bale, Llorente, Rooney.... не им правиш лошо кога ги поврзуваш со Real Madrid. Продаваш, но не му штетиш на никого. Оваа приказна меѓу Mourinho и Ferreira штети и мислам дека треба да се најде нов начин за правење бизнис. Нормално е да се зборува за играчи. Real Madrid е Real Madrid и секогаш се зборува за играчи, особено големи играчи, зошто кога зборуваш за мали играчи луѓето не веруваат. И тоа ми е нормално, ама како тренер морам да кажам дека не само јас, туку и клубот мислиме да останеме со истите играчи до крајот на сезоната. Ова се играчите во кои веруваме. Real Madrid направи инвестиција, која требаше да ја направи минатото и ова лето. Немаме идеална екипа, затоа што таква не постои. Имаме оптимална екипа со играчи му влеваат доверба на тренерот и не сакам ни еден играч во зимскиот трансфер период. Прерано е сега за промени и нереално е да се зборува сега за нови играчи кога тренерот, а сигурно и управата и претседателот ќе кажат дека зимскиот трансфер период за Real Madrid е затворен.
Messina ме посети мене, но и јас сакам да го посетам него поради две причини. Првата затоа што сме двајца борци за истиот дрес. И втората затоа што мислам дека секогаш имаме што да научиме од тренерите на другите спортови. Сакам да го знам неговиот метод на работа, неговиот начин на тренинг.... мислам дека кошарката е спорт од кој можат да се извлечат многу позитивни заклучоци. Мило ми е што дојде. Побара дозвола, но веќе му кажав дека нема потреба да бара дозвола бидејќи ова е и негов дом и кога сака може да дојде. Задоволство ми е што имаме позитивна релација.