Marca ја открива тајната на слободните удари на Кристијано Роналдо
Шпанскиот весник Marca се обиде да ја открие тајната на специфичните слободни удари на Кристијано Роналдо.
Во вторникот Роналдо постигна уште еден прекрасен погодок од слободен удар, ја погоди мрежата на Исланд во настап за португалската репрезентација која тој натпревар го доби со 3-1.
Шпанска Marca, се труди да ја открие тајната на слободните удари на Кристијано Роналдо, притоа нагласува дека над се важни се неговите многубројни обиди за време на тренинзите.
Тајната на специфичната траекторија на топката при ударот на Роналдо лежи во начинот на кој ја удира топката. Имено посебноста на неговите тренинзи за слободни удари се состои во тоа што куклите кои глумат жив ѕид ги поставува многу поблиску од пропишаната одалеченост од 9,15 метри.
Роналдо зема во предвид дека противниците кои стојат во живиот ѕид "крадат" добар дел од далечината пред самиот удар, па на тренинзите вежба со ѕид одалечен на нешто повеќе од седум метри.
По ударот, топката се спушта значително побрзо и со неочекуван пад го измамува противничкиот голман, што често резултира со убави голови, смета Marca.