- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Голема грешка ќе биде ако го дадат Кака. Осеќам дека после операцијава ќе го видиме оној стариот Кака. Нека го остават до крај на сезона, ако не покаже пак ништо нека цепа кај сака.
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез забранил продажба на бразилската ѕвезда Кака, објави денес шпанското издание „Ел Конфиденсиал".
Фудбалерот беше земен за 65 милиони евра од Милан во 2009. година, но одигра слаба сезона, а во текот на летото се покажа дека е сериозно повреден, претрпе операција поради која ќе игра од Јануари и во пракса ја пропушта половина сезона.
Во последно време се зборува дека другиот милански гигант Интер сака да го врати во Италија, па дури и Жозе Мурињо одобрил таква зделка, но шефот на Реал става сопирачки на сличен трансфер.
Според медиумите Перез не сака да признае дека направил грешка со доведувањето на Кака за толку голема сума, откако е јасно дека во моментов Бразилецот чини можеби половина од парите што Реал ги даде за него.
Единствената возможост е Бразилецот да го напушти Реал е ако евентуално Челси упати релативно поволна понуда, но тоа не изгледа многу веројатно да се случи. Манчестер Сити има доволно пари да го земе, но самиот фудбалер уште како играч на Милан ја отфрли можноста да премине кај „граѓаните“.
Не е можно Кака да биде позајмен на друг тим, откако Сао Паоло се надева Реал да го пушти назад во неговата татковина. Се вели дека Хорхе Валдано се состанал со еден од шефовите на Интер - Марко Бранка, но Аргентинецот го уверил дека Кака не се продава и тие разговарале за евентуална размена Бензема - Маикон.
http://tocka.com.mk/index2.php?ID=22114