Еве и според мене едно мало анализирање поединечно.
Касиљас - Имаше некој ситни интервенции, речиси како да немаше работа. Често се слушаше неговиот глас, верувам сите убаво го слушнавте тоа.
Рамос - Искрено незнам колку обрнавте внимание на него, но изигра очајно. Еден центаршут не видов од него, само по некој ситен дриблинг. Ниту еден пробив, позади немаше ни многу работа за да го анализирам тој негов дел од играта.
Карваљо - Еден трансвер направивме во последната линија и се покажа како инзвонреден. Одличен натпревар и за него, е сега Рамос ке мора да се прилагодува како десен бек, се надевам брзо ке оди тоа.
Пепе - После повредата, прв пат да го видам асално на натпревар. Добар беше, но сеуште ја нема онаа сигурност која ја имаше лани во првиот дел од сезоната.
Марсело - Летнат неколку пати од противнички играч, се надевам кога ке играме со посилни тимови партнер на Чаби ке биде Лас и ке може многу повеке да помага на страната на Марсело зашто тешко ни се пишува со силни екипи кој имаат брзи крила.
Чаби - Коментаторов колку и лоши зборови да кажа за него, сепак не изгледа како толку страшна неговата форма. Премореноста е главниот виновник за тоа, иако верувам дека од натпревар во натпревар формата ке му оди во нагорна линија.
Кедира - Не ме воодушеви со некој посебни проигрувања или слично, но добро беше, покриваше позади трчаше многу... има прелазна оценка.
Роналдо - Лошо. 75 % од ударите на целиот тим ги упати тој и ниту еден да биде поконкретен и поопасен. Сака све сам да направи, криво ми е што нема тимска игра слободно да кажам како во Барселона со која играта би била многу потечна и се надевам би имало многу повеке успеси. Мора значи тимска игра, а со ова што го гледам од Роналдо и Игуаин кој допрва ке го коментирам... ми иде на најлоши коментари да дадам иако лани беа незаменливите алки.
Озил - Мен оф д меч, изигра на ниво, претрча највеке, и заслужено на крај доби стоечки овации од публиката. Со само неколку натпревари тој почна да се прилагодува, каков ке биде во иднина.... несакам да коментирам, ретко е некој играч на тие години да биде еден од главните во Реал. Озил...... камо да се сите како тебе тимски играчи.
Бензема - На Вамос Реал дијамантското момче не му иде и не му иде. Ова не е Франција, таков напаѓач во Реал нема да успее, барем јас така мислам. Да не набројувам примери али сетете се колкумина напаѓачи кој сакаат да дриблаат и да имаат повеке контакти со топката, оние кој сакаат да ја предводат играта, успеале кај нас ? Игуаин можеби ке успее во Реал, но во Бензема се повеке и повеке се сомневам.
Игуаин - Крајно лошо. Крајно. По 3 чисти шанси за гол и по 2 полу шанси на две утакмици да неможеш да погодиш, а си врвен напаѓач кој игра во Реал Мадрид, во никој друг туку во Реал Мадрид, е ретко простливо од страна на навивачите, а за од Мурињо ке видиме. Можеби од следната утакмица веке ке биде седнат на клупа и да се освести, дали дека нема голема конкуренција па не се залага или стварно не е во форма ке покаже времето. Во прво неколку пати го видов, али во првата половина од второто полувреме него не го ни забележав. После тоа од никаде му се укажа една шанса, да речам во свој стил да реализира сам со голман и тоа не успеа. Во прво да не заборавам да ја искоментирам шансата кога проба пак голманот да го дрибла. Веке не е интересен... Мурињо се надевам ке успее да се справи со овој негов на еден начин ситен на еден начин голем проблем.
Измениве. Леон изигра добро, имаше пробив два и исто така по некој центаршут, Гранеро и Марија ја допреа топката по два пати.
Како колектив изиграа лошо, не видов тимска игра во ниту еден освен во Озил. Незнам дали е возможно Кака и Озил да играат во иста постава, но за тоа има време. Кака кога ке се врати и да не биде во форма тука е Озил, а и детево да му грее клупа нема да му пречи бидејќи знаеме дека е млад, знаеме дека ке влегува често и знаеме дека веке изиграл половина сезона како стартер. Каналес..... од кога ке се врати Кака, може 6месечна позајмица за тебе.