Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
![]()
Човекот си е на одмор во Палма де Мајорка, а Марка речиси го направија нов играч на Реал Мадрид.![]()
Не гледам дека ни е потребен тој...подобро нека си остане таму или нека оди во некој друг добар тим.
Јас би сакал да отиде во Манчестер и Челзи, знам дека таму ќе ја добие вистинската шанса. Иначе имаше вчера шпекулација на Марка, да сме го купеле оваа сезона, но да пристигнел наредната. Е тоа би било потег за почит, таман Кака ќе има уште една сезона да докаже дали вреди, ако не вреди дур има цена нека се шитне, а и ако се докаже, ќе биде веќе во години, и таман ќе си дојде времето за Озил. Иначе верувам дека ако се форсира Озил може да стане еден од најдобрите плејмејкери во светот. А ако го купиме ова лето, ќе грее клупа, и тоа може да биде лошо за развојот на неговата кариера.
Cristiano (29.07.10 - pres): Работиме многу интензивно, таквите тренинзи ми се добро познати и сигурен сум дека со таква работа ќе бидеме многу подобри од минатата сезона и ќе освоиме титули.
Јас веќе го познавав Mourinho. Неговите тренинзи се спектакуларни, многу интензивни. Сите сме со него. Не чувствуваме замор, само голема мотивација. Mourinho е победник. Ако има на располагање офанзивни играчи, какви што ги има Real Madrid, ќе игра офанзивно. Сега приоритет ни е да тренираме и да влеземе во форма што побрзо.
Raúl секогаш бил важен играч за Real Madrid. Самиот донесе одлука која најмногу одговара на неговите интереси. Голем професионалец и сигурен сум дека игра на големо ниво.
Јас го сакам бројот 7 и мислам дека Raúl би бил среќен кога јас би го носел бројот 7, затоа што ме познава и го знае мојот менталитет.
Во овој момент нема потреба да мислиме на тоа што прави Barcelona. Минатата сезона беа поконтинуирани од нас, но тоа е минато. Ако мислиме дека оваа година нема да ги надминеме, тогаш подобро да си останам дома.
Сите нови играчи кои доаѓаат во клубот се добредојдени, сите се добри.
Воа у стил абе кој сака нека дојде сепак јас ќе си останам најдобар...One man show![]()
Хрис разбрав дека Мурињо води 5 деца од кантерата...да не знаеш кои се...нешто инфо?
извор?:helou:Ај честито , сте го земале Кедира
Се надевам дека ќе ја згмечите Барса оваа година