M. Diarra (23.06.2010 - Marca):
Mourinho го споредувам со Capello, според менталитетот кој го има. Мислам дека требаше да дојде во Real Madrid минатата сезона. Mourinho не сака забушавање кога се работи.
Мислам дека Real Madrid, без разлика на тоа дали ќе бидам јас тука или не, го донесе тренерот кој му е потребен на клубот. Со одлисчите играчите кои дојдоа минатата сезона, мислам дека требаше да дојде и Mourinho. Mourinho покажа дека е победник, и ако на тоа ги додадеме играчите кои ги има Real Madrid..... Со него сигурно ќе се освои најмалку една титула следнава сезона, не знам која.
Според тоа што ми го кажаа Drogba и Essien мислам дека Mourinho е многу близок со своите играчи, сите веруваат во него, и он смета на сите играчи. Знаеш дека ќе имаш 20 минути и ако ги искористиш тоа ќе се цени. Сите ги држи на исто ниво и затоа освојува многу титули. Неговите играчи секогаш се психички и физички подготвени да играат во било кој момент.
Не сакам да зборувам и да критикувам, но минатата сезона тие што седевме на клупа знаевме дека нема да играме и тоа не е добро. Уште во понеделниците се знаеше кој ќе игра и кој не, без разлика дали ќе се изгуби или добие некој натпревар, и тоа во Real Madrid не е добро. Со Capello освоивме титула после 4 години без ништо, но откако воведе дисциплина, ги внесе во нас вредностите на Real Madrid, не натера да сфатиме дека нема да играме затоа што сме убави, тоа знаеше да го пренесе. Сите го сфатија тоа, он ги седна на клупа Beckham, Ronaldo, Cassano, дури и Raúl кога беше потребно. Не трепнуваше кога ги носеше тие одлуки, а истото тоа ми го кажаа и за Mourinho.
Со Pellegrini ни еднаш не изигравме комплетни 90 минути. Најкомплетен натпревар ни беше оној во La Coruña и пак не беа 90, беа 85 минути добра игра. Јас не играв. Јас играв на 7 натпревари и за прв пат во мојата кариера се видов од клупа и научив многу работи без да играм. Од клупа гледаш детали кои кога си на терен не ги забележуваш и не им даваш големо значење. Но сето тоа време ми послужи моето колено целосно да се залечи.
Следната сезона ќе биде мојата најдобра сезона. Тренирам секој ден, морам тоа да го правам за да бидам во форма. Се надевам дека ќе останам овде, веќе сум адаптиран на се во Мадрид и во екипата, но клубот и тренерот одлучуваат. Јас дојдов овде со цел да освојам ЛШ и се уште не сум успеал во тоа и сакам да останам и да ја остварам таа моја желба. Сакам оваа сезона да биде мојата најдобра сезона и за тоа морам многу да работам, морам да бидам психички и физички подготвен. Морам да го постигнам тоа, не смее да ми се повтори истото од мината сезона. Оваа сезона не сакам да бидам на втората листа. Јас бев првиот Diarra кој дојде и сакам повторно да бидам прв.
Mourinho дефензивен? ... Тоа е како во војна, пред да нападнеш мора да знаеш сам да се одбраниш. Не можеш како луд да одиш накај противникот, така ќе те масакрираат. Оваа сезона Tenerife, Valladolid, Sporting, Xerez, Málaga ни дадоа голови дома и кога публиката веќе немаше нерви ние почнувавме да реагираме. Страдавме многу и дома и на гости.
Сигурен сум дека ќе се врати стариот Kaká. Јас на негово место би престанал да играм порано. Не можеш да играш со пубалгија, можеш да играш со мала повреда на коленото, глуждот, но не и со пубалгија, не е можно. Од друга страна го разбирам, зошто Real Madrid многу очекуваше од него и он сакаше да одговори на тоа, но сепак требаше да застане порано, за да се врати посилен, како што направи Rоnaldo. Kaká играше повреден три месеци, јас му реков да не игра, но не ме послуша. Во Real Madrid не простуваат. Доаѓаш со висока цена, во клуб на кој му се потребни титули и не се осмелуваш да речеш не играм. Јас поминав низ нешто слично и знам како е да играш повреден. Кога дојдов јас имав проблеми со коленото, но не можев да не играм, морав да докажам дека вредело што ме купиле. Но луѓето треба да знаат дека и ние сме луѓе, дека правиме грешки и се повредуваме, не сме машини. Никој не е совршен.
Јас верувам во Kaká и Benzema оваа сезона. Мислам дека на Benzema му недостигаше тренер кој ќе му даде поголема доверба, кој повеќе ќе зборува со него, кој ќе го мотивира, ќе го води. Јас го познавам Benzema од 15 години, кога доаѓаше да тренира со првата екипа на Lyon и ако му објасниш фино, прифаќа се и е верен на тоа. Дете како него треба да знаеш како да го водиш.
Raúl после се што има направено овде, сега може да прави што сака, може да остане како играч, како тренер, не знам. Мислам дека ќе остане. Не зборува многу, но кога ќе прозбори....
Guti е феномен на терен и надвор од него. Многу го сакам, има големо срце. Не сме зборувале за тоа што планира да прави. Знаеш Guti еден ден ќе каже едно, утре друго, не сака никого да повреди, не сака проблеми со никого и затоа е многу резервиран, дистанциран. Тој начин на живеење понекогаш му носи добро, но понекогаш и му штети. Со менталитетот на Raúl и смелоста на Ruud ќе имаше три Златни топки дома, ќе беше како Zidane. Штета, навистина, но добро, беше генијален и со 30% од неговиот капацитет. Вие не знаете како игра. Кога ќе те викне пред да ти прати топка.... Кога би го видел што прави на тренинзите....
Играјќи секој шести натпревар никој не може да даде максимум. Pellegrini имаше 13 играчи, на останатите не сметаше воопшто. Прва замена секогаш беше Raúl, втора Benzema или Granero и толку. Dudek, Metzelder, Lass, Drenthe, Guti понекогаш и јас не се чувствувавме важни. Не зборуваше многу со мене, но не се работи за тоа дали ќе зборува или не, дали ќе ме потчукне по рамо, се работи за тоа да му покажеш на играчот дека е важен за екипата, но многумина не се чувствувавме така минатата сезона.
Ако ги видите играчите кои седат на клупата на Chelsea, Bayern, Milan и Barcelona, нивните замени имаа повеќе минути од нас. Од нашата клупа Raúl имаше најголема минутажа, Dudek играше само на два натпревари. Тоа е лошо за Real Madrid, најмалку треба да играш на 7, а најмногу на 17 или 18 натпревари. Другите имаа подобра клупа од нашата затоа што беа поподготвени.
Јас сум подготвен за се. Ако Real Madrid ми се јави да ми каже дека има екипа која им одговара и на нив и на мене ќе го прифатам тоа. Пред да дојдам во Real Madrid бев два месеца со Ferguson и му кажав дека сакам да одам во Real Madird иако мојата мисла беше само во Manchester United. Но дојде понудата и прифатив.
Мислам дека на ова СП ќе има изненадувања, но Бразил, Аргентина, Шпанија и Германија се кандидатите за полуфинале. Шпанија сега игра најдобро, најсилна екипа е, но тоа мора да го докаже. Изненадувања можат да бидат Чиле, Мексико и Уругвај. Најдобар во Шпанија е Torres, за мене е најкомплетен напаѓач, витален е во секоја екипа на кој начин и да се игра.
Секоја чест...Особено делот за Кака'.Сепак,навистина беше така.А Гути е најзакон од цел тим