Марадона: Игуаин нема добиено предлог за продолжување на договорот
0 Коментари
Селекторот на Аргентина, Диаго Армандо Марадона изјави дека напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуан, нема добиено предлог за продолжување на неговиот договор.
Во последните неколку недели се појавја многу шпекулации во врска со тоа дека фудбалерот е доста посакуван од најразлични клубови кои се надеваат на неговиот потпис ова лето.
Се очекуваше дека Белите од Мадрид ексресно ќе реагираат и ќе му понудат нов договор на аргентинецот, но до овој момент такво нешто сеуште се нема случено.
„Веднаш штом се сретнав со Гонзало го прашав дали добил предлог за нов договор со тимот на Реал Мадирд, но тој ми одговори дека воопшто немало никакви разговори“.
„Се надевам дека тој ќе остане смирен и комплетно ќе се посвети на селекцијата а неговиот татко и агент ќе знае да ги измолкне парите кои што Гонзало ги заслужува. Доколку не го сакаат, нека го продадат за 70 милиони“, изјави Марадона.
:se_ molam:violent1:Извор:СПОРТ ДЕНЕС
--- надополнето ---
и една фотка морав да ја постирам:smir: