Мурињо нема да добие целосна слобода. Всушност никој неможе да добие. Тоа е Реал. Венгер сакаше и не му дадоа, така да Мурињо сигурно ја знае ситуацијата и пак сака да дојде. Се надевам доколку доаѓа ќе дојде со Маикон во пакет. Би сакал и Шерил Кол ова Ешли да дојде. Не тие Коларов моларов, имаме млад перспективен играч, тоа е Марсело. Треба некој што си ја знае одлично работата дур се усоврши Марсело. Но доволно би било и само Маикон, тука е и Арбелоа ако треба подефанзивно да се игра.
На Лас не му се пишува добро, бар јас така мислам. Не е доволно физички јак, а Мурињо сака такви играчи. Можеби грешам али поише шанса има Мамаду да остане него Лас. Би било одлично да им го украдеме Туре на Барса, ако не Хави Мартинез. Физички јак, со доволно техника да направи некого будала. Watch this
И се надевам нема Мурињо да го избере Ди Мариа пред Силва, тоа би било голема глупост. Враќање на Парехо би било добро и тоа би било доволно за мене.
Пак ќе треба да се трошат пари, али ако сакаме да и парираме на Барса ќе мора.
Како и да е, стискам палци да остане Пелегрини за да не мора се ова горе да се праи. Ваљда ќе има муда Валдано да се спротистави на целиот борд.