Бензема: Сакам да останам во Реал Мадрид уште многу години
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема вели дека посакува уште долго години да настапува на Сантијаго Бернабе и додава дека најдоброто од него допрва доаѓа Францускиот интернационалец беше едно од големите засилување на Реал пред почетокот на сезоната но напаѓачот не ги оправда очекувањата. Карим Бензема има тешка прва сезона во Реал Мадрид и не може да се избори за место во стартниот тим по што се појавија шпекулации кои го поврзуваа со трансфер во Манчестер Јунајтед.
Но во интервју за La Sexta поранешниот играч на Лион вели дека одсекогаш сонувал за преселба во Реал Мадрид и не планира да го напушти Сантијаго Бернабе.
“Дојдов во Мадрид сам и моето прилагодување беше тешко. Поминав три месеци во хотел.” – рече Бензема.
“Сега живеам во сопствена куќа со пријател. Поради тоа се чувствувам подобри и тоа може да се забележи на теренот.”
“Одам и на часови по Шпански и сега можам подобро да комуницирам со моите соиграчи.”
“Треба да играм повеќе за да се чувстувавм подобро, тоа е многу значајно за мене.”
“Можам да играм подобро но потребно е да играм повеќе и да разговарам со соиграчите. Но сега се чувствувам подобро.”
“Моето прилагодување е тешко, но имам многу време пред мене. Ставив потпис на седумгодишен договор.”
“Сакам тука да останам уште многу години. Следната сезона ќе биде сезона на Бензема, тогаш ќе го видите најдоброто од мене.”
За своите соиграчи, Бензема вели: “Кристијано Роналдо според мене е најдобриот фудбалер во светот но најмногу сум изненаден од Пеп.”
Во последно време многу се шпекулира дека кормилото на Реал Мадрид ќе го превземе Жозе Мурињо, за кого Кристијано Роналдо рече дека е одлична личност со победнички менталитет.
“Мурињо е одличен тренер, но Реал Мадрид има добар тренер во името на Пелегрини и се надевам дека ќе го освоиме шампионатот.”
“Рибери рече дека сонува за настап во Реал или Барса? Јас сонував за настап во Мадрид и веќе го остварив мојот сон. Сакам да останам тука засекогаш.”
А со Рибери и таа работничката и ти да се подружиш:kesa: