Убаво е што победивме, ама играта ни малку не ми се свиѓаше. Ги немаше оние течни додавања како со Гетафе, но можеби причината за тоа е што со Гетафе успеавме да постигнеме ран погодок, за подоцна да имаме повеќе простор за игра. И вечерва ако постигневме ние први погодок, ќе беше многу поразлично.
Како и да е, многу слаба игра, игра на памет, без многу размислувања, единствено акцијата за вториот гол беше убаво смислена, останатите два гола беа случајни. Во натпреварот со Гетафе видов огромно подобрување во играта, се надевам дека ова беше само случајност, и од наредниот натпревар повторно ќе продолжиме со добрите игри.
Честито нека ни е победата.