Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Париз до Атина: Банкротиравте? Нема проблем. Купете оружје
Франција и Германија ја користат должничката криза за да издејствуваат договори за бродови и авиони или да наплатат стари долгови, иако Атина се обидува да ги намали воените трошоци, тврдат грчки функционери
Во бизарен пресврт на грчката должничка криза, Париз и Берлин ја притискаат Атина да купи воени бродови и авиони, иако истовремено од неа бараат драстично да го намали буџетскиот дефицит. Франција и Германија ја користат кризата за да издејствуваат договори за оружје или да наплатат стари долгови, иако Грција се обидува да ги намали воените трошоци, тврдат неофицијално повеќе грчки функционери.
- Никој не вели „купете воени бродови или нема да ве спасиме“, но има јасни импликации дека повеќе ќе нé поддржат ако направиме што сакаат на фронтот на вооружувањето - изјави неименуван советник на грчкиот премиер Јоргос Папандреу.
Грција троши повеќе од својот бруто-домашен производ (БДП) на војската од која било друга членка на ЕУ, главно поради долгогодишните тензии со својот сосед, историски ривал и сојузник во НАТО, Турција, наведува Ројтерс.
- Германците и Французите ги држат под конец. Ако се обидувате да ги средите грчките финансии, ова е најапсурдниот начин - вели Ник Витни, бивш шеф на Европската агенција за одбрана.
САРКОЗИ ЛИЧНО ВМЕШАН
Грчки и француски функционери тврдат дека францускиот претседател Никола Саркози лично е вмешан во целата работа и дека за неа разговарал со Папандреу минатиот месец, кога грчкиот премиер во Париз бараше поддршка за финансиската криза. Грците веднаш одговорија на повикот на Саркози и уште истиот ден кога премиерот беше во Париз објавија дека ќе купат шест фрегати „фрем“ за 2,5 милијарди евра, наспроти буџетските маки. Бродовите се градат во државното бродоградилиште ДЦНС, кое најави отпуштање на работници поради економската криза.
Грција преговара и за купување 15 француски хеликоптери „суперпума“, во производство на гигантот ЕАДС, по цена од 400 милиони евра. Зделката за авионите „рафал“ засега е подалечна. Сумата не се објавува, но секој авион чини над 100 милиони долари, плус трошоци за оружје.
Во меѓувреме, Германија ја притиска Атина да плати за една подморница од „Тисенкруп“, која Грција во 2006 година одби да ја прими поради наводен дефект. Исплатата би му го отворила патот на „Тисенкруп“ да ја продаде својата загубарска грчка единица „Хеленик шипјардс“, најголемо бродоградилиште во источен Медитеран, на МАР (АДМ) од Абу Даби. „Тисенкруп марин системс“ лани откажа нарачка на уште четири подморници поради спор и тврди дека Атина сé уште и должи над 520 милиони евра.
Витни, кој сега е во Европскиот совет за надворешни работи, вели дека Германците се гневни на однесувањето на Грците во повеќегодишниот спор, како и поради проблемите при исплатата за купените германски тенкови „леопард 2“. Грчкиот заменик-министер за одбрана Панос Беглитис вели дека спорот е пред конечно решение, но тврди дека тајмингот нема врска со обидот на Атина да го убеди Берлин да поддржи помош за Грција на самитот на ЕУ, утре и задутре во Брисел.
- Подморницата беше внимателно испитана од германски и од грчки експерти. Подобрена е и сега е во функција. Ќе ја земеме, ќе ја продадеме и ќе оствариме заработка. Ќе ја платиме 300 милиони евра, а ќе ја продадеме за 350 милиони - тврди Беглитис, иако Витни се сомнева во шансите на Грција да профитира од половна подморница.
Прашан дали големите европски компании ја користат кризата за да ја притиснат Атина да купува оружје, Беглитис одговара: „Овие земји отсекогаш се однесувале вака. Но тоа нема врска со кризата. Не постои поврзаност“. Заменик-министерот посочува дека годинава буџетот за одбрана е 2,8 отсто од грчкото БДП, што претставува намалување во однос на 3,1 отсто во 2009 година. Но грчките медиуми тврдат дека вистинските воени трошоци на земјата се многу поголеми.
- Нашата стратегија е постојано и постепено да го намалуваме трошењето. Ова е во согласност со грчката програма за стабилност и пораст - нагласува Беглитис. Програмата, која Атина и ја поднесе на ЕУ, предвидува намалување на буџетскиот дефицит на Грција од 12,7 на под три отсто до крајот на 2012 година.
ДОГОВОР ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ СО ТУРЦИЈА?
Западни функционери и економисти бараат од Грција радикално да ги намали трошоците за армијата, што ќе доведе до долгорочно намалување на структурните трошоци, но Атина тврди дека за тоа ќе биде потребно вистинско подобрување на односите со Анкара. Иако односите се подобрени, Грција и Турција сé уште спорат за Кипар и поморските граници, а повремено избиваат воздушни инциденти над Егејско Море. Францускиот економист Жак Делпла вели дека Грција може многу да заштеди доколку заедно со Турција и со Кипар се договори да ги реши споровите во Егејот и во источен Медитеран и се согласи на заедничко разоружување.
- За разлика од Португалија и од Ирска, Грција може значително да го намали дефицитот ако ги намали воените трошоци - оценува Делпла.
Белгитис вели дека турскиот премиер предложил заедничко намалување на одбранбените трошоци, но дека сé завршило на тоа.
- Реџеп Таип Ердоган зборуваше за ова прашање, но засега нема никакви преговори - додава тој.
H.M.