Македонија излезена од рецесијата и економската сиромаштија?!

Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Македонија излезе од рецесија, кризата успешно се пребродува. Вака министерот за финансии Ставрески придружуван од економските министри ги искоментира најновите бројки на заводот за статистика според кои во последниот квартал од 2009 земјава остварила раст на економијата од 1,2 проценти со што е ставен крај на повеќемесечниот континуиран пад на брутодомашниот производ.

Извор.

Што мислите, дали е точно ова?

*Темава нека не се поврзува со политика.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Македонија излезе од рецесија, кризата успешно се пребродува. Вака министерот за финансии Ставрески придружуван од економските министри ги искоментира најновите бројки на заводот за статистика според кои во последниот квартал од 2009 земјава остварила раст на економијата од 1,2 проценти со што е ставен крај на повеќемесечниот континуиран пад на брутодомашниот производ.

Извор.

Што мислите, дали е точно ова?

*Темава нека не се поврзува со политика.
Македонија никогаш не ни влезе во рецесија. Ако немаш економија, нема да имаш ни последици од кризата.
Македонија си е како и секогаш и како за кого.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Мислам дека не е точно тоа...
Зашто???
Мислам дека некој долго време поминал во читање книги...
Ние уште не можеме да го постигнеме БДП-то што сме го имале кон крајот на 80-тите години... а некој ми кажува за тоа дека веќе сме заздравиле од кризата која уште ги тресе далеку посилните економии од нас... Што силна земја ќе бевме :)
 
M

marsovka

Гостин
:
Мислам дека не е точно тоа...
Зашто???
Мислам дека некој долго време поминал во читање книги...
Ние уште не можеме да го постигнеме БДП-то што сме го имале кон крајот на 80-тите години... а некој ми кажува за тоа дека веќе сме заздравиле од кризата која уште ги тресе далеку посилните економии од нас... Што силна земја ќе бевме :)
да биде уште поинтересно грција крахираше асо неа пола југоисточна македонија и пелагонија ама никој не кажа процени за тоа колку ќе не чинело, според, ниту пак рошлето ставрески кажа колкав е долгот на државата спрема фирмите ниту пак колку фирми се затворени и невработени имаме како резултат на еконосмаката криза, не знам што се трудат да не фарбаат

еве еден реалистичен поглед читајте децо
Излеговме од рецесија, влеговме во була



Потрошувачката на македонските домаќинства во последното тримесечје лани бележи пад од 2,1 отсто, споредено со истиот период од 2008 година. Загрижувачки е што учеството на оваа потрошувачка во структурата на домашниот бруто-производ е дури 79,4 отсто

Граѓаните имаат се' помалку пари за трошење, а стопанството го движат само инвестициите на државата во градежништвото. Најновите статистички податоци покажуваат дека потрошувачката на македонските домаќинства во последното тримесечје лани бележи пад од 2,1 отсто во споредба со истиот период 2008 година. Овој податок е важен бидејќи учеството на оваа потрошувачка во структурата на домашниот бруто-производ (БДП) изнесува 79,4 отсто.

Оптимистички е податокот дека земјава во последното тримесечје лани излезе од рецесија и оствари економски раст од 1,2 отсто, споредено со истиот квартал во 2008 година. Со тоа, иако во првите три квартали лани беше забележан пад на економијата, годината ја завршуваме само со минус од 0,7 отсто во домашниот бруто-производ. Според статистиката, порастот на економијата во четвртото тримесечје се должи на позитивните движења во градежништвото, финансиското посредување, активности со недвижен имот, како и други комунални и општи услужни активности.

Сепак, експертите сметаат дека резултатот е добар само статистички, но не и реално. Поради глобалната криза, која во Македонија влезе во последниот квартал во 2008 година, споредбената основа е пониска, па резултатите се подобри, велат тие.

- Капиталните инвестиции беа мали. За сметка на нив не се намалија нерационалните трошоци од државниот буџет. За жал, тие не продуцираат раст. Приватната потрошувачка, пак, немаше од што да расте. Банките малку кредитираа, а фирмите се' помалку и подоцна исплаќаа плати - вели Шенај Хаџимустафа, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, владините економските политики поставени пред кризата и пакетите антикризни мерки спроведени во 2009 година помогнале македонското стопанство да ја помине кризата со најмали можни последици.

- Резултатите за излез од рецесијата, ако се искомбинираат со намалувањето на невработеноста, покажуваат дека Македонија во целина успеа да ја преброди кризата со најмали можни последици. Остварен е трет најдобар економски резултат во Европа мерено според домашниот бруто-производ и спречени се негативните последици на пазарот на работната сила - изјави вчера министерот Ставрески.

Според него, реално е да се очекува македонската економија да оствари позитивна стапка на раст од 2 отсто оваа година, а во 2012 стапки на раст од 4 проценти и повеќе.

Лошите бројки за двата најголеми креатора на македонскиот економски раст, јавната и приватната потрошувачка, покажуваат за тоа зошто имавме економски слаба година. Јавната, односно владината, потрошувачка отиде во годишен минус од 4,7 отсто. Потрошувачката на домаќинствата лани била речиси на позитивна нула и изнесувала 0,2 отсто. Главниот виновник за лошата година е глобалната економска криза, но експертите велат дека нерационалното трошење на државните пари, исто така, долеа масло во огнот.

Лошите резултати за вкупните инвестиции и за трговијата со светот најавуваат дека економијата ќе продолжи да тапка во место, толкуваат експертите. Иако значајно подобрени, инвестициите во последниот квартал лани пораснаа само за 0,3 отсто. Во претходните две тримесечја тие беа во дебели минуси од 19,6 и од 26,7 отсто, споредено со инвестираното во 2008 година. Извозот квартално падна за 3,7 отсто, а увозот 7,3 отсто. На годишно ниво извозот беше помал за 8,2 отсто, а увозот за 10,7 отсто.

- Се' уште ниското ниво на увоз покажува дека компаниите малку нарачуваат репроматеријали од светот. Речиси секоја стопанска гранка во Македонија е увозно зависна. Се' додека не почне позначајно да расте увозот, стопанската активност во Македонија нема да живне - вели Хаџимустафа.

Поради рецесијата, компаниите лани платија 2 отсто помалку за даноци споредено со преклани. Фирмите имаа помалку пари и за плати, па затоа во 2009 година потрошувачката беше најниска во последната деценија. Ако не беа паричните пратки од дијаспората, граѓаните лани ќе трошеа уште помалку, а економскиот пад во државата ќе беше поголем.

Билјана Крстевска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9E50C2F93C188F488B0F08A932644F30
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.898
Поени од реакции
12.442

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Треба луѓето да бидат пореални и да се адаптираат на можностите кои ги поседуваат.
Некои си мислат дека се во времето на Тито и дека можат да земаат кредити кои никогаш нема да ги исплатат.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонскиот буџет доби финансиска инјекција од 27, 5 милиони евра од Светската банка и кралството Холандија. 20 ипол милиони евра се заем од Светската банка кои треба да се отплатат во рок од 25 години со грејс период од 8 години, додека 7 милиони евра се грант од Холандија.
Парите треба да се искористат за буџетски проекти што треба да и помогнат на земјата полесно да ја истурка кризата.
Министерот за финансии Ставрески истакна дека за домашното стопанство доаѓаат подобри денови во втората половина годинава кога се очекува и поголем економски раст.
„Ќе има се повеќе периоди и месеци кога производството ќе има позитивни стапки и во целина тоа ќе не однесе во помирни води во насока на остварување на проектираниот раст од 2 % за оваа година“, изјави Ставревски.
„Живееме во време на голема економска несигурност. Македонија не е сама во ваквата состојба, сите земји се соочуваат со предизвиците и секако треба да се прилагодат на ново настанатата состојба“, вели Александар Репник.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121450
 
M

marsovka

Гостин
Македонскиот буџет доби финансиска инјекција од 27, 5 милиони евра од Светската банка и кралството Холандија. 20 ипол милиони евра се заем од Светската банка кои треба да се отплатат во рок од 25 години со грејс период од 8 години, додека 7 милиони евра се грант од Холандија.
Парите треба да се искористат за буџетски проекти што треба да и помогнат на земјата полесно да ја истурка кризата.
Министерот за финансии Ставрески истакна дека за домашното стопанство доаѓаат подобри денови во втората половина годинава кога се очекува и поголем економски раст.
„Ќе има се повеќе периоди и месеци кога производството ќе има позитивни стапки и во целина тоа ќе не однесе во помирни води во насока на остварување на проектираниот раст од 2 % за оваа година“, изјави Ставревски.
„Живееме во време на голема економска несигурност. Македонија не е сама во ваквата состојба, сите земји се соочуваат со предизвиците и секако треба да се прилагодат на ново настанатата состојба“, вели Александар Репник.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121450
Kolku реално пари ни фалат на нас ? за да целосно се покриеме ? Или нема реални бројки само шпекулациии поради криење на внатрешниот долг...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.537
Поени од реакции
85.072
После глобалната пљачка на државните добра*, никогаш нема да излеземе од криза.

* феноменалната приватизација броут ту ју бај Бане
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.898
Поени од реакции
12.442
* феноменалната приватизација броут ту ју бај Бане
вит асистенс ов врлд бенк ајемеф анд адр партисипантс.
Со една шака бизМисмени кои дрмаат во Македонија, неколку банки под слична капа -што би рекле група феудалци во цела држава - да дојде и најдобриот економски тим за кризи и чудни состојби, никогаш нема да излеземе од ла*ната.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Kolku реално пари ни фалат на нас ? за да целосно се покриеме ? Или нема реални бројки само шпекулациии поради криење на внатрешниот долг...
Ептен МНОГУ, немој ни да се интересираш, ќе сватиш дека , ако останеш во Македонија ќе мораш да одживееш повеќе од пола живот , ако не и цел...ко Северно Виетнамка...пардон Македонка.
Со конвенционален книшки пристап од актуелните книги, НИКОГАШ нема...не да се вратиме во она НЕКОГАШ, туку за СЕКОГАШ Ќе си останеме мрачна темна земја, со која ќе ги плашат лошите ученици....по цел свет...
Потребен е некој НОВ, ИНОВАТИВЕН ПРИСТАП, кој ќе ги извлече барем оние кои сега имаат 20-25 години ....па до децата кои вечер ќе бидат зачнати...:)
За такво нешто ќе мора да се најде некој нов тим , кој ако успее сигурно ќе добутка до Нобелова за економија....што реално гледано , заради сите тие куртовци и муртовци Е НЕВОЗМОЖНО...освен со некоја радикална Божја милост и помош...
...останува дека ќе мораме да се надеваме некое од ноќешните бебиња да се испили во такво нешто....пред тоа тешко...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.898
Поени од реакции
12.442
Почетокот на транзицискиот период е утнат кај нас, затоа и е така како што е. Потребен е магионичар за да ги исправи почетните "грешки" со "приватизацијата" на фирмите и земјиштето и "пропаѓањето" на штедилниците и банките.

за МАКЕДОНСКИОТ КАПИТАЛИЗАМ
Сведмилк - МК стил
Кај познавачите на приватизациските модели има општа согласност дека ние сме меѓу транзициските земји во кои сопственоста се приватизира со најнизок степен на социјална правда, со најнизок степен на пазарни критериуми и со највисок степен на политизација и државна арбитрерност. Токму кога процутеа резултатите на моделот на „народен капитализам“ на Маргарет Тачер, според кој добар дел од работништвото се стекна со акции во денационализираните компании, ние сосем го уништивме работничкото акционерство
Случајот со „Сведмилк“ полека оди во заборав. Владата мие раце од тој случај бидејќи во прашање е приватна фирма, инвестиција, капитал. Банките - кредитори, сега, хипотекарно го поседуваат „Сведмилк“, но не можат да го активираат, што е чудно, бидејќи тие се сопственици, стопани, па би морало да се погрижат „Сведмилк“ веднаш да проработи. Инаку и ним им создава загуби. Чисто чудни работи. Менаџерот, Швеѓанец, одамна збришал од земјата, тој бил само „вработен“ во фирмата. Да е друг систем - веднаш би се погрижиле погонот да дејствува зошто инаку - тој рѓосува, се руинира, пропаѓа. Кај нас тоа не е така. Кај нас важи македонскиот модел на капитализмот, а во него денешните правила на капитализмот не важат. Важат оние од пред два века.

Инаку, да не е така, не би се случило група гамени, наводни бизнисмени, да направи конструкција вредна 30 милиони евра и по една година - да си ги измие рацете и да каже: извинете, имавме добра идеја, но немавме пари, а и сметавме дека суровината, млекото, бесплатно ќе ни доаѓа. Сметавме, имено дека овие кравари, млекари, овчари и други Македонци - ќе имаат разбирање, па бесплатно ќе не' снабдуваат.

Не би се случило ниту таа група „бизнисмени“ да го обезбеди дури и премиерот да им ја сече лентата. Но, тоа е така според правилата од пред два века. Драматиката и трагиката е вистина кај оние неколку илјади фармери-млекари што верувајќи и' на правната држава и на модерниот капитализам се испозадолжиле, купиле крави, си го вложиле сиот имот и однапред и без договори го снабдувале „Сведмилк“ - месеци и месеци - бесплатно. И потем - наеднаш, треба да кажат: Извинете, ви верувавме и што било - било, нека ви е со среќа. А, оно, илјади крави заклани, без цена, стотици и стотици фарми затворени, илјади семејства оставени без средства за живот.

Друга работа е целата штета за националната економија. „Сведмилк“ требаше да извезува, да придонесува девизно, да отвори индустриски работни места, да и' плаќа даноци на државата. Ништо од сето тоа. Фармерите и краварите на „Сведмилк“, протестираа и протестираа, даваа интервјуа, доаѓаа пред Владата. Не само од Скопје, и од Битола и од други места.. Никому ништо. Како пред два века - полицијата интервенирала. Ги викала на „информативни разговори’. Неверојатно. И никој да ги заштити. Кандидатот Фрчкоски за да добие некој поен се услика со нив и ептен многу им се стави во „положение“.

Една работа ми е многу чудна: зошто овие од „Сведмилк“, кравари, млекари, фармери - не го зазедоа и „влегоа во владение“? Зошто, наместо да се истресат пред Владата за да „протестираат“, не го зазедоа „Сведмилк“? Неодамна имаше вест од Франција дека тамошните работници на „Ла Фабрис“, на „Рено“ ја зазеле фабриката. Ништо не им се случило. Француската полиција не интервенира во индустриски спорови. Исто како и полицијата во најмногу од државите-членки на Унијата, во вакви спорови. Но, кај нас, капитализмот се' уште е во ембрионална или - пак во „транзициска“ фаза. Заштита на работничките права? Овие од „Сведмилк“, не се работници, за системот - тие се кравари! Во нашите синдикати - нема место за такви.

Но, не се синдикатите и полицијата виновни за тоа што фармерите и другите не ни се организирани и што вистина - не се партнер. Транзицијата кај нас - вистински го уби и го уништи малиот стопан, претприемач, дуќанџија. Млекарџиите од „Сведмилк“ се само симбол на завршницата на тој процес. Некаде во раните 90-ти кога се обликуваше нашиот транзициски профил, во Уставот, оној од 1991, се уреди така, сите видови сопственост да бидат со исти статус и права. Всушност сиот јавен сектор се подржави, а сиот задружен сектор се приватизира. Тоа беше далекосежна системска грешка. Потоа, државата на политички начин ја вршеше приватизацијата: приватниците, и сопственици и работници и земјоделци имаа само индивидуален однос со државата, главно преку политиката и партиите. Кај познавачите на приватизациските модели, има општа согласност дека ние сме меѓу транзициските земји во кои сопственоста се приватизира со најнизок степен на социјална правда, со најнизок степен на пазарни критериуми и со највисок степен на политизација и државна арбитрерност.

Токму во времето кога процутеа резултатите на моделот на „народен капитализам“ на Маргарет Тачер, според кој добар дел од работништвото се стекна со акции во денационализираните компании, ние сосем го уништивме работничкото акционерство. Тоа не го направија во Словенија, Унгарија, Чехија, во Полска или во балтичките републики. Во Унгарија, Полска задругарството, кооперативните здруженија, банки, штедилници, училишта - цветаат. Деновиве, од САД и во западна Европа доаѓаат информации дека претпријатијата со работничко учество во сопственоста - најмалку се погодени од рецесијата и кризата. Односно дека кај нив има минимален број отпуштања и прекини во производството. Љубљанско „Дело“, пред некој ден објави листа со такви успешни фирми во Унијата, меѓу кои се и гиганти како „Мондрагон“ и „Банка Билбао“ во Шпанија, „Џон Луис Партнершип“ во Британија, „Новартис“ и „Линд“ во Швајцарија, „Весталпин“ и ОМВ во Австрија, „Ефаж“ и „Сен Гобен“ во Франција и многу, многу други. „Дело“ заклучува дека работниците-сопственици се речиси гаранција за трајно дејствувачката економија.Доколку оние илјада „кравари“ на кои „Сведмилк“ им остана должник - го преземеа „Сведмилк“, сигурно е дека досега петпати ќе го оправеа. Ама, нашиот менталитет не е таков. Не мислам на индивидуалниот менталитет. Мислам на државниот и политичкиот.
Димитар Мирчев (Авторот е универзитетски професор)
Но од друга страна. пак, Исо Руси, не потсетува: "Јас од 90та година само слушам дека утре, задутре ќе влеземе во НАТО или во ЕУ, а секој ден што минува гледам дека сме се подалеку. Затоа велам дека оваа наша вечна транзиција е резултат на нечинењето, на неефикасноста на сите политички гарнитури, особено на економски план, да не говорам на политички."
Димитар Мирчев: ?Прво ние мораше приватизацијата многу побргу да ја изведеме и таа да почне да дава вистинските резултати во смисла на функционирање на пазарот, на создавање на еден голем број на приватни фирми кои даваат профит, вработуваат, отвараат нови работни места, кои извезуваат, кои се носат со стандардите квалитативни на европскиот пазар и сл. Тоа ние не го направивме."
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Kolku реално пари ни фалат на нас ? за да целосно се покриеме ? Или нема реални бројки само шпекулациии поради криење на внатрешниот долг...
Пациентот кој глумеше министер за финансии пред одење рече дека треба да се скрати за 100 милиони за да се одржи дефицитот од 2,8.Тргнувајќи од тоа дека ова не е прва позајмица годинава и исказот кој го кажа дотичниот (сепак имал реални податоци пред очи),помножено и поделено со суровата реалност ни фалат неколку стотки за да бидеме на нула.А ако сакаме суфицит,скрати уште некоја стотка во расходи и додади стотка кај приходи (само измисли нова економија) :)
нема податоци за да се каже било што со прецизност
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да бе .... со 13% пад на производството во февруари...е излезена од рецесија и сиромаштија....како да не.....:pos2:
 
S

smart ass

Гостин
Мислам дека не е точно тоа...
Зашто???
Мислам дека некој долго време поминал во читање книги...
Ние уште не можеме да го постигнеме БДП-то што сме го имале кон крајот на 80-тите години... а некој ми кажува за тоа дека веќе сме заздравиле од кризата која уште ги тресе далеку посилните економии од нас... Што силна земја ќе бевме :)
ЕТЕ ТУКА Е УДАРОТ!!

Ма земи ја и 87,89...сеедно...ако тогаш сме имале економијата ни била набилдана 100ка денес е МЛИТАВА негде накај 60ка,значи имаме ПРОИЗВОДСТВЕН ПОТЕНЦИЈАЛ кој скапува и не се употребува....па добро бе и под услов и овие капацитети да се рестартираат...абе енергија нема да има..џабе се пРРо0ектите..

А за идниве генерации...хехаа колку добри само милички кученца се...трибјут ту бранко,трибјут ту гвујо(нема македонија!!!)...

Да бе .... со 13% пад на производството во февруари...е излезена од рецесија и сиромаштија....како да не.....:pos2:
Јас памтам порано ко копиљ одев во Скопје во зградата на пелагонија(мајка ми платите ги пресметуваше),првпат у животот таму видов човек да проси....ДЕНЕС-имаш ВО СЕКОЈ ГРАД!!!!

И кај нас нема сиромаштија-ние сме ИЗЛЕЗЕНИ?!?!?

Гледај само колку полошо ќе биде сега и наредниве години оти и на шуто и ругато му се дава дипломи- абе мораме ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА(они знаат)...ама не ни покажаа ништо,уствари никој не покажа ништо..

Ајде за Морал да не губите ја ви го аце(не се знае кој му стимулира машка....Г-точка:pos2:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom