СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Во ваква лига може некој наш клуб и да победи. Имајќи предвид дека сме играле неколкупати во полуфинале на Куп на купови (Пелистер и Вардар) и во финале на Челинџ куп (Пелистер), во ваква Балканска лига сигурно нашите тимови би биле во врвот.
 
Во ваква лига може некој наш клуб и да победи. Имајќи предвид дека сме играле неколкупати во полуфинале на Куп на купови (Пелистер и Вардар) и во финале на Челинџ куп (Пелистер), во ваква Балканска лига сигурно нашите тимови би биле во врвот.
Па не баш.Веспрем е многу јака екипа,во ЛШ е моментално прв во групата,дури и ХСВ една од најјаките екипи на светот без ниту еден пораз,Загреб е стандардно во 15 најдобри екипи на светот,Целље е ептен засилено со јаки играчи од ова година,Сегет е доста јак во ЛШ,Босна игра ЛШ.Нашите би биле на средина на табела во моментов.
 
Според денешниот број на МС, првата година Балканската Лига ќе биде без унгарските екипи Веспрем и ПИК Сегед, а најверојатно и без словенечки тимови...
 
Шо значи дека значително ќе изгуби на квалитет оваа лига....
 
Одлично браво на тие што им текнало вакво нешто.Ова е позитивно за нашите ракометари и искуство пред се..
 
Регионалната лига тргнува наесен во скусена верзија

Со екипи од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска и најверојатно од Црна Гора, есенва ќе почне новата машка ракометна Регионална лига. Ова натпреварување треба да донесе поквалитетни натпревари, полни сали, неизвесност и пред с` можност конечно клубовите да почнат да профитираат. Засега нема потврда дека клубовите од Словенија и од Унгарија ќе се вклучат да играат во првата сезона. Интерес постои и кај тимовите од Романија и од Австрија.

- Сите ние што сигурно ќе играме, веќе ги сменивме или почнавме да ги менуваме натпреварувачките системи. Договорот со Шпаркасе во Австрија е потпишан, тие ќе бидат главни спонзори, а на 22 февруари имаме состанок во Сараево на кој ќе се договорат многу детали. По, сите најави, сега и сигурно може да се надеваме дека в година во Скопје ќе гледаме силни натпревари, вели Михајло Михајловски, претседателот на РФМ и на Вардар про.

Унгарските клубови се двоумат и испраќаат разни сигнали, а словенечката тројка Целје, Копер и Велење сакаат да играат, но не им дозволува здружението на клубовите. Се работи на надминување на овој проблем.

Од Македонија во таа лига треба да играат Металург и Вардар про. РФМ веќе го смени и системот на натпреварување, па така следната сезона двата скопски клуба нема да играат во домашното првенство во првиот дел, туку директно во разигрувањето за титулата. Сезонава нема да има испаѓање од лигата

извор
Со кој ќе играме ние ракомет ?! со куманово со тиквеш или со прилепчани ?ај можи борец ќе крени глава или некој друг.... :tapp:
 
Па добро де и така ги кичмеа на другите,вака нека си играат таму,овде само со неколку натпревари меѓу кои оние најбитните меѓусебните кои ќе одлучуваат за титулата.Инаку супер е конечно големи ривали доаѓаат и ќе биде ептен јако.
 
На еден начин со Регионалната лига ќе се зголеми и квалитетот на нашата лига...
Овој систем,(двокружен)....е тотално промашување...
Посебно во ваква лига како нашата,со само две екипи....
Наредната сезона со плеј-офф,мислам дека ќе биди далеку поинтересно и понезивесно...
Тогаш ќе имаат шанса и другите екипи,пред се мислам на Пелистер да се замешаат во борбата за тие први две места...
Вака ,ќе избега Металург 10 бода...и до крај на лигата се чека само да завршат формално утакмиците...
И купот,се друго е гола вода..
Вака во плеј офф,да речиме би имало неколку интересни утакмици....
Пелистер-Борец да речиме,или Пелистер-Куманово...
Па после неколку утакмици Пелистер-Вардар....
Само со јаки утакмици,полни сали можиме да го вратиме ракометот....
Вака со вакво првенство,каде шо се е решено уште пред да почни...стигнавме на ова дереџе...
Вака и послабите екипи(пред се со пари)..можат да се надеваат на некое изненадување...
 
Значи и дефинитивно регионалната лига почнува на 27 август.
Ќе има 14 клубови, 3 од БиХ,по 2 од Мак,Хр,Ср,ЦГ како и Kielce и Wisla од Полска и Татран Прешов од Словачка.
Седиштето на лигата ќе биде цо Хрватска,техничката комисија ќе ја сочинуваат Драган Начевски од МК,Анте Анчич од ХР и Миодраг Максимович од СР. Унгарските клубови изразиле желба од следната сезона да се приклучат кон лигата. Веројатно тогаш и Словенците ќе се приклучат.
 
Толку беше надеж од квлаитетна лига и напредок на мкд клубови и играчи ко ипослем би станале квлаитњтни за репрезентација.

РАКОМЕТ - ПОРАДИ ГОЛЕМИ ТРОШОЦИ НА КЛУБОВИТЕ
Шпаркасе се откажа од регионалната лига


Уште не почна да функционира, а долгонајавуваната машка ракометна регионална лига веќе го доживеа првиот пораз. Го загуби спонзорот што требаше да ги покрие сите трошоци на клубовите и службените лица. Австриската банка Шпаркасе ги информираше сите сојузи дека се откажува од спонзорирањето поради високите трошоци што сојузите ги пријавиле, а не се во рамките на нивните можности. Сега останува нејасно дали воопшто Лигата ќе почне од крајот на август како што беше најавувано.


целиот текст


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C3F369A72D646149BE8BFAD6CAC6B39D
 
epa hrvatite alcni za pari ,srbite kaj im se najslabi klubovite pa uste baraat 3 tima da imaat epa ne moze toa taka
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom