Доколку навистина се реализира овој проект(во шо длабоко се сомневам)мислам дека нема да има долг рок на траење.
Имаше неколку обиди за вакво нешто-некогашната Мехл лига во сезоната 2002/2003 која издржа само една сезона,ете и БАЛКАНСКАТА ЖЕНСКА лига.
Овие лиги имаа чисто ревијален карактер-едноставно преку глава им беше на тимовите од натпреварувањето и едвај чекаа да завршат утакмиците од лигата.
Е сега,идејата не е лоша,ама треба да се има предвид дека за да успее лигата треба една силна финансиска конструкција,не само котизација од сите тимови,требаат и силни спонзори,треба ТВ куќите да се заинтересираат за ТВ правата,да платат-а со оглед колку е намалена популарноста на ракометот на Балканот прашање е колку би и се исплатело на некоја ТВ куќа да плати добра пара да ги откупи правата.
Ракометот во Србија е паднат на ниско ниво,Хрватска исто(освен Загреб секако),Босна слична ситуација како Србија,е сеа Словенија и Унгарија се на повисоко рамниште и популарноста на ракометот се одржува на некое ниво.
Кај нас,и колку е опаднат ракометот не треба да трошам зборови-катастрофа,колку толку исполнети сали само на дерби утакмиците Вардар-Металург(и тоа некаде околу 1500 во просек шо е слабо) и последните две сезони на утакмиците Пелистер-Вардар кога имаше по 3000 публика во просек-се друго е резил,на трибини двајца без тројца
Ако би се играла оваа лига,најверојатно грото од мечевите ќе бидат во работни денови,зошто скоро сите тимови се редовни учесници во Евро Куповите,некои како Загреб,Фотекс,Цеље доколку учествува стигнуваат доста далеку,па нема да можат да играат за викендите,-со ова уште повеќе би се намалила посетата.
Јадранската Лига во кошарка успеа,зошто квалитетот на Српките тимови е добро познат,Хрватските тимови се доста добри,Словеские се солидни-има интерес кај публиката,има добри спонзори,добра логистика и засега добро функционира цел проект.
Кога се работи за ракометот,скептичен сум дека би успеала оваа лига,нивото на ракометот на Балканот е бааги опаднат,а со тоа и инетерсот кај публиката и тешко дека ќе се врати за брзо-треба сериозно вложување во тимовите,план за работа-
На времето Балканот беше еден од најдобрите ракометни региони во светот-имаше еден куп силни тимови,тимови кои освојуваа титули во ЛШ,последните 15 ина години драстично опадна квалитетот на тимовите-играчите се разбегаа во странство,големите ракометни центри се запустија и ракометот бележи длабока стагнација,за жал,зошто покрај Руската можеби школата од ЕКС СФРЈ е најдобрата во светот.