Z
ziko bt
Гостин
Од есенва регионална ракометна лига
Веќе е најден спонзор што ќе ги покрие патните трошоци и за официјалните лица, ќе играат вкупно десет машки екипи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и од Црна Гора
Есенва треба да почне функционирањето на новата машка регионална ракометна лига, во која треба да има и две македонски екипи, Вардар про и Металург. Меѓу десетте тимови што ќе бидат во таа лига, покрај македонските, уште се и екипи од Србија, Хрватска, Црна Гора и од БиХ. Треба да се игра двокружно, секој со секого, по еден меч во гости и дома. Лигата веќе има обезбедено и спонзор што ќе ги покрие трошоците за патување на тимовите и на официјалните лица. Клубовите ќе треба само да најдат локален партнер за да ги покрие трошоците за сместување на гостинските тимови. Со ваквата лига земјите од регионов би требало да најдат начин како да им обезбедат повеќе квалитетни настапи на екипите, да се вратат публиката и спонзорите, а ракометот повторно да биде меѓу доминантните екипни спортови. Секоја федерација би требало да си го усогласи сопствениот календар на натпреварување во домашното првенство.
Местата во регионалната лига се загарантирани за федерациите, но не и за клубовите. Тоа значи дека бројот на тимови засега ќе биде фиксен, десет, но клубовите што би играле може да се менуваат.
Ова е втор обид, а прв посериозен во кој се вклучени и националните федерации за формирање на ваква регионална ракометна лига. Првиот обид, пред повеќе од седум години, не успеа. Тогашната Средноевропска лига се играше една сезона, а втората не заврши. На состанокот на претставниците на националните федерации, на 12 април во Белград, треба да се договорат деталите за новата лига и начинот на кој таа би функционирале.
- Има согласност од федерациите на овие пет земји за почеток на таква лига. Нам тоа многу би ни одговарало. Остануваат детали за договарање, но сигурно е дека ваква лига ќе има. Седиштето на лигата треба да биде во Сараево, барем првите две години - вели Марјан Начевски, в.д. генералниот секретар на РФМ.
Желбите се да се формира регионална машка ракометна лига што би ги обединило најдобрите клубови од просторите на бивша СФРЈ, плус Унгарија. Засега надвор од системот веројатно би останала Словенија, но не е исклучена можноста и тие да се приклучат, па дури и екипа од Романија.
Ќе играат само бренд-имиња
Целта е во Лигата да има препознатливи имиња во ракометниот свет, што може да придонесат за подобрување на имиџот, а би имале доволно силни тимови. Од Македонија планирани се: Вардар и Металург, чии управи се согласиле да бидат дел од таквиот проект. Од Србија би учествувале Партизан, Ц. Звезда и евентуално Колубара, од Хрватска е сигурен Кроација Осигурање, а од БиХ е Босна. Можно е да има екипа и од Црна Гора, но ќе треба да се докаже со квалитет пред да им биде дозволено играњето.
Проблем е што Србија сака да има три тима. Федерациите се расположени да има трет тим во лигата, Колубара, а другите федерации сакаат потврда дека тоа нема да биде случај и во иднина, да играат тимови што немаат долга традиција и добри резултати во континуитет.
- Сакаме да имаме клубови што ќе бидат бренд имиња, што ќе привлекуваат спонзори, публика, ќе има полни сали. Тоа го можат само оние што се веќе докажани. Секој ќе сака да игра, но мораме да имаме висок квалитет, вели Начевски.
Се враќа играњето плеjоф
За да се усогласат термините на играње на клубовите во регионалната лига и домашното првенство, од следната сезона во Македонија ќе се игра и плејоф. Според планот, Вардар про и Металург ќе играат во регионалната лига, но не и во домашното првенство. Таму би се приклучиле дури во плеј офот. Домашната лига би била со осум екипи, кои би играле четирикружно, а потоа најдобрите две или четири ќе играат заедно со Вардар и Металург во плејофот. Победниците од плејофот, следната сезона ќе играат во Регионалната лига.
- Промените треба да минат на Собрание. Прво ќе ги видиме и договориме деталите со колегите од другите федерации, а потоа ќе го презентираме тоа на Собрание на РФМ. Би било одлично да имаме екипи што би играле во таква лига, вели Начевски.
В година Македонија може да пријави пет екипи во европските купови, а пак најмногу се очекува од Металург и Вардар про.