Па ајде накратко да пробам да ти објаснам се`. Ако имаш некои прашања, слободно прашај си пак.
Арслан Акбеј, (сега веќе починат) е шефот на операцијата Долина на Волците со чија помош треба (Али Џандан), сега Полат Алемдар да се инфилтрира во високите кругови на мафијата, т.е. да стигне до советот за да ги открие сите нечисти работи на мафијата во Турција.
Му прават операција на лицето и по една интересна случка каде што му го спасува животот на Чакар влегува во мафијата. Чакар е оженет со ќерката на бродосопственикот Зија кој веќе е во советот. Подоцна Чакар станува амбасадор на Истанбул, па после некое време е убиен со што практично ова убиство му овозможува на Полат да оди погоре во мафијата. За некое време и тој станува амбасадор на Истанбул.
Доаѓа некоја мистериозна група која го ликвидира Арслан. Полат оди во станот на Арслан да види дали има оставено некој “тестамент“ што ќе му каже што да прави понатаму. Меѓутоа во станот на Арслан се сретнуваат со Абдулхеј, кој работи за него во мафијата, но и тој исто така бил таен агент, работејќи под закрилата на Арслан. Во станот наоѓаат една голема книга каде што Арслан има запишано се` во врска со операцијата. Поради полиција тие се разделуваат, книгата останува кај Полат. Во таа книга Арслан има напишано дека Полат е син на Мехмет Караханли кој е грабнат како мал и даден во дом за посвојување, при што го посвоиле Хомер и Назифе. Сето ова Арслан му го има направено токму на Караханли со цел да му врати за некоја негова наредба за бомбардирање на некој воен камп каде што бил брат му.
Мехмет Караханли се сретнува со некои луѓе (се претпоставува дека тоа се масоните) и го убиваат поради погрешно вршење на својата работа и не давање доволна поддршка на турците во Ирак. На негово место како Барон доаѓа Полат. Претпоставувам од тука ги имаш веќе гледано.
Ова би требало на кратко да ти разјасни што се случуваше до сега.
Како што реков, слободно постави прашање, ќе се обидеме сите да ти одговориме.