- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Анализа: 4/39
ЕРМЕНИЈА
Download: http://www.sendspace.com/file/68ei6b
Изведувачи: Eva Rivas
Наслов на песната: "Apricot Stone"
Музика: Armen Martirosyan
Текст: Karen Kavaleryan
Полуфинале и реден број: Полуфинале 2; ред. бр. 2
Ерменија на Евровизија
Ерменците на Евровизија дебитираа во Финска 2006. година со песната "Without Your Love" каде што го освоија одличното 8. место во финалето. Од тогаш па до денес, Ерменија се смета за една од најдобрите земји на Евровизија по успесите, бидејќи секоја година остварува ТОП 10 пласман, а најниско се пласираа минатата година освојувајќи го исто така одличното 10. место со песната "Jan Jan". Најдобриот пласман оваа земја го оствари во Белград, 2008. година, кога Сирушо со песната "Qele, qele", освои 199 бодови и четврто место во финалето.
Ерменија во финалето на Евровизија (2006. - 2009.): 100% (4/4)
Ерменија годинава својот претставник за Осло го избра по пат на национален избор. Националното финале беше оддржано на 14. февруари, и десет изведувачи се бореа за карта за Осло. После напнатото гласање и збирот од бодовите на жирито и публиката, победата ја однесе симпатичната Ева Ривас. Ева ќе биде петтиот по ред претставник на Ерменија на Евровизија и ќе се обиде да ја однесе првата победа во својата земја. Голема поддршка таа доби и од сите досегашни ерменски претставници, кои воедно беа и гости на националното финале.
Ерменците и годинава продолжија со традицијата на избор на млади и убави припаднички на понежниот пол на Евровизија. После Сирушо, и Инга & Ануш, боите на Ерменија ќе ги брани и Ева Ривас. Ева е родена пред 23 години во градот Росотов Дон. Иако се одлучила за студии на социјално право, потајно сонувала за настапи на познати музички фестивали и кариера на позната пејачка ѕвезда. Првиот чекор кон тој сон го направила во етно составот “Arvik“, во кој имала улога како главна солистка. Откако бендот се распаднал, Ева микрофонот го заменува со модната писта па активно почнува да се бави и во манекенските води. Сепак, љубовта кон музиката победува и Ева своите напори повторно ги насочила кон музиката. Моментално работи на својот албум првенец на чија реализација учевствуваат голем број на руски и ерменски продуцентски стручњаци. Овогодишната претставничка на Ерменија се опишува како самоуверена девојка која никогаш не се откажува од зацртаните цели во животот.
Какви шанси и‘ даваат кладилниците на Ерменија годинава?
bet365 – 14/1
Paddy Power – 12/1
Boylesports – 14/1
888sport – 12/1
Apricot stone,
Hidden in my hand
Given back to me
From the motherland
Apricot stone,
I will drop it down
In the frozen ground
I’ll just let it make its round
May God bless and keep my cherished fruit
Grow my tree up to the sky,
Once I waved my home goodbye
I just wanna go back to my roots
Моја анализа: Ерменија е земјата за која многу се радував кога слушнав дека имаат интересна нумера. Минатогодишната „Јан Јан“, дефинитивно беше вистински аутсајдер којa по игра на случајности повторно се најде во ТОП 10, кое според мене навистина не го заслужуваа. Значи никогаш освен минатата година пред тоа Ерменија не ме разочарала, уште кога започнаа на Евровизија секогаш имале прекрасни мелодии, а Сирушо дефинитивно е мојот фаворит. Годинава имаат одлична етно-поп музика со интересни елементи, и мислам дека финалето им е загарантирано, а доколку навистина се најдат таму му гарантирам некаде 10-11 место на завршницата. Патем, Ева е прехаризматична личност, каква случајност Ерменија секоја година да ни праќа преубави и ориентални убавици.
Оценка: 8/10