Како ја замислувате вашата свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
нормална свадба во ресторан, со гости, јас во фустан бел дотерана, младожењата во смокинг и то... не фантазирам за некоја бајка и сл... се нормално, дури би размислувала за скромна свадба се што е помпезно и многу скапо, е кич, а може бракот и да се растури па да ми е за се криво.
 
Се искинав од спремање и уште не можам да замислам како ќе изгледа свадбата, а закажана е за 3 недели :vozbud:
 
Мн посебна и поинаква него нашата трдиционална свадба. Како прво нека никој од нашите обичаи( турканје врата, играње ора пред зграда итн..) Сакам да биде како некој коктел напладне надвор не отворено пријатна музика, не мн луѓе поотмено и дефинитно мн различно него секоја маекдонска традиционална свадба. Сакам виолини , харфа клавир, гитара...... наместо обилни вечери мала закуска и преубава торта и мн играње и дефинитвно да се видам асално си сите гости кои ќе ми дојдат:)
 
Мора да ми биди малце традиционална свадбата (ама по 10 години ова), ради моите и нејзините и ради задржување на традициите (за земањето невеста, тие рабои). Е сеа музика по мој избор, нема баш метал журка да биди, ама дефинитивно че се потрудам другарите мои кои имаат група да свират, посебно за онај дел на крајот кога се свири помодерна музика. Е тогаш ќе има се освен српско-македонски поп-фолк-турбо фолк и ко она препариранана ГАГА. Значи, гитара че пука, ГНР, СОАД мора да има, Хладно Пиво, абре за мене се ќе спремат другарите. Облека че видиме дотогаш, она стандардното сигурно, со тоа што за забавата младата можи да облечи нешто покомотно. Mission accomplished :pipi:
 
Мн посебна и поинаква него нашата трдиционална свадба. Како прво нека никој од нашите обичаи( турканје врата, играње ора пред зграда итн..) Сакам да биде како некој коктел напладне надвор не отворено пријатна музика, не мн луѓе поотмено и дефинитно мн различно него секоја маекдонска традиционална свадба. Сакам виолини , харфа клавир, гитара...... наместо обилни вечери мала закуска и преубава торта и мн играње и дефинитвно да се видам асално си сите гости кои ќе ми дојдат:)
И јас ја замислував така,баш така како тебе:helou:и...пак беше во ресторан:nesum:
 
И јас ја замислував така,баш така како тебе:helou:и...пак беше во ресторан:nesum:

ее абе ок али сигурно и така било убаво нели:)
сега не може баш секоја желба да ни се оствари:toe:
 
Хмм...уште е рано да размислувам на свадба но веќе кога сме тука би ја замислил како "бела" се да биде бело дури во зима на снег :) и сите носат бела облека само јас во црно токсидо :pos2:
 
Има доста време но, прашањето ме натера да си ја замислам свадбата (:
Не фантазирам нешто бајка муабет и отменост.
Муж ми ќе биде најубав, знам :icon_lol:
Би сакала што помалку луѓе.. не премногу скромно, но не и некои што прв пат ги гледам во животот.
Колку и да има, откако ќе почне музиката пола ќе си заминат :pos2: затоа што секако нема да им одговара некој генгста рап. (: Нека си уживаат дека ќе играат орце (океј, можеби едно :)).
Тивко ќе биде само во црквата, се останато ќе биде губење !
Потоа во некој ресторан.. соул, рнб.. а потоа во некој клуб на booty shake !
Дефинитивно многу ќе се окупирам со костумот на младоженецот и мојот фустан (: А, можеби ќе си земам и уште еден покрај венчаницата.
Тортата всушност, веќе си ја знам (: Знам и какви остали ситници би имало отприлика.
После клубот ќе одиме на ноќно бањање со муж ми :icon_lol:
А потоа кај не води патот, ако сме при себе :pos2:
Како и да ќе биде, сигурно е едно - далеку од вообичаената традиција во секој поглед.
 
Неможам да си ја замислам свадбата затоа што нема ни да ја видам. Погледот цело време ќе ми биде насочен кон другарите кои ќе ги оставам во ергенскиот живот, а јас ке се зацрнам за навек (нели пред попот кажуваш ДОДЕКА СУМ ЖИВ, де... ) Ке ги гледам и ке си плачам како се глупираат, како се пуштаат на девојки, како ги ставаат во кола, како весело си пијат и се забавуваат до 5 сабајле, како живеат живот, а мојот живот ќе заврши... Не е фер.
 
Хаха супер кажано. Ги делам твоите стравови лол
 
Ако ја имам ќе ја замислам како што ќе ја замисли мајка ми.Се друго би било неприфатено од нејзина страна.
 
Неможам да си ја замислам свадбата затоа што нема ни да ја видам. Погледот цело време ќе ми биде насочен кон другарите кои ќе ги оставам во ергенскиот живот, а јас ке се зацрнам за навек (нели пред попот кажуваш ДОДЕКА СУМ ЖИВ, де... ) Ке ги гледам и ке си плачам како се глупираат, како се пуштаат на девојки, како ги ставаат во кола, како весело си пијат и се забавуваат до 5 сабајле, како живеат живот, а мојот живот ќе заврши... Не е фер.

Епа чекај ги ти другарите прво да се женат.
Заеби ги.
 
Ќе биде пренамагање, од сите страни роднини собрани, пола од нив нема да ги имам видено со години... Сликање, адети, знамиња веење, пукање во воздух, водења оро, „наддавање“ пред врата за да ме земат......
И се само за да им се угоди на домашните :)
После ќе мора меден месец, колку за да ми се одмори главата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom