Апсурдите на НБМ(Народна Банка на Македонија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Monti Pajton
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Локација
Скопје
Нова економска теорија
DAA11093F8A22548B9EC5FD63E1E02A1.jpg

НБРМ отстапува од сите можни модели за спроведување монетарна политика што теоријата и практиката ги познаваат и применуваат, особено во време на рецесија. Таквиот пристап, сигурно, ќе предизвика сериозни измени во наставните програми на економските факултети затоа што на студентите (а и на целокупната јавност) треба да им се објасни таа „најнова“ економска теорија која, очигледно, се претвора во ексклузивитет на РМ
Растежот на домашниот бруто-производ (БДП) на една земја е определен од личната, инвестициската и јавната потрошувачка, како и од потрошувачката на нејзиниот надворешнотрговски сектор. Веќе со месеци намалената ликвидност во економијата предизвикува личната и инвестициската потрошувачка во Република Македонија (РМ) да се движат по надолна или по стагнантна линија. Од разни причини, а најмногу поради намалување на странската побарувачка за домашни (македонски) производи, надворешнотрговската размена бележи намалувачки големини. Во такви услови, фискалната политика се најде во ситуација да дејствува осамено во обидите да се поттикне агрегатната побарувачка во земјата и економијата да се извлече од фазата на рецесија.

При реализацијата на таквата задача, фискалната политика е сериозно хендикепирана. Приливот на средства во буџетот на РМ не е на посакуваното ниво поради неликвидноста на економските субјекти и намалената агрегатна потрошувачка. За да го надомести недостатокот на средства, кои и се толку многу потребни за да ја придвижи економијата напред, државата се задолжува (иако во намалувачки обем и динамика) кај деловните банки. Тоа, во иднина, државата не ќе може да го прави во поголем обем од досегашниот. Поради тоа, како и поради потребата за спречување на натамошно влошување на состојбите во економијата, државата годинава ќе мора дополнително да се задолжува во странство со скапи кредити. Таа тоа ќе го прави во услови кога на сметките кај Народна банка на Република Македонија (НБРМ), во моментот, се имобилизирани 634 милиони евра на домашните економски субјекти. Се разбира, таквата состојба е нелогична и апсурдна. Зошто е тоа така?

Монетарната политика е вториот силен макроекономски инструмент за спротивставување на рецесијата. Меѓутоа, таа политика се наоѓа на маргините од случувањата во македонската економија во периодот откога и таа навлезе во вителот на светската економска криза. Се случува нешто сосема невообичаено. Наместо да се релаксира и во синхронизирано дејство со фискалната политика да дејствува во правец на зголемување на ликвидноста во економијата и за нејзино излегување од рецесијата, монетарната политика, од ден на ден, станува се порестриктивна.

Кај голем дел од јавноста преовладува впечатокот дека во последните неколку месеци НБРМ ја олабавила (релаксирала) монетарната политика со тоа што таа неколкупати ја намали референтната каматна стапка. Првпат тоа се случи кон крајот на ноември 2009 година кога каматната стапка по којашто НБРМ им пресметува и им плаќа камата на банките за запишаните благајнички записи ја намали од 9 на 8,5 отсто. Тоа, дури, и кај дел од стопанствениците (!?) предизвика нереални очекувања дека ете, стегите на НБРМ попуштаат и дека сега „полесно ќе се дише“. Ретко кој забележа дека само 2-3 дена по тогашното намалување на референтната каматна стапка, обемот на запишани благајнички записи на НБРМ се зголеми од 250 на 290 милиони евра! Тоа значеше натамошно „стегање“ на монетарната политика затоа што за дополнително зголемениот износ на благајнички записи (40 мил. евра) се намали обемот на расположливи средства на банките за кредитирање на претпријатијата и населението.

Таквата појава, во уште посилно изразена големина, се манифестира во почетокот на 2010 година. Паралелно со намалувањето на референтната каматна стапка на НБРМ (прво на 8, а потоа на 7,5 отсто годишно), обемот на запишани благајнички записи на НБРМ постојано се зголемува. На 10 март 2010 година нивниот износ достигна до, неверојатни, 397 милиони евра. Тоа се средства што се повлечени од сметките на банките и се имобилизирани (стерилизирани, замрзнати) на сметките на НБРМ. Истовремено, на сметките на НБРМ се издвоени 237 милиони евра врз основа на задолжителна резерва на банките. Тоа значи дека, на 10 март 2010 година кај НБРМ беа “стерилизирани” вкупно 634 мил. евра. Тие средства се надвор од процесот на економска репродукција!

Во исто време, забележлива е појавата државата да го намалува обемот на запишани државни записи и да ја намалува каматната стапка што ја плаќа за нив (таа стапка, моментно, изнесува 4,9 отсто). На 2 март 2010 година државата продаде државни записи (зеде пари од банките) во износ од 32 милиони евра. Следниот ден таа откупи државни записи (им врати пари на банките) во износ од 52 милиони евра. Тоа значи дека државата им врати на банките нето износ од околу 20 милиони евра. Во постојната состојба на неликвидност на стопанството, се очекуваше тие средства да останат кај банките и да се користат за одобрување кредити на економските субјекти. Меѓутоа, водејќи се од рационалноста во своето работење и во насока на зачувување на својата профитабилност, за истиот тој износ банките на 3 март запишаа благајнички записи на НБРМ на кои таа им плаќа камата од 7,5 отсто.

Банките тоа можат постојано да го прават затоа што НБРМ секоја среда им продава благајнички записи што тие можат да ги купуваат во неограничени износи. Со други зборови, во моментот, банките можат да ги пласираат сите свои слободни средства кај НБРМ по каматна стапка од 7,5 отсто годишно. Тие тоа ќе го прават и во случај НБРМ дополнително да ја намали референтната каматна стапка, затоа што “одобрувањето” кредити на НБРМ за нив е неризично и многу исплатливо. Поради тоа, нема да биде никакво изненадување ако Владата на РМ продолжи да го намалува обемот на продадени државни записи, а соодветно вратениот паричен износ банките да не го пласираат кај претпријатијата и населението, туку кај НБРМ. Ако НБРМ сака да го спречи тоа, тогаш таа ќе треба да го ограничи (намали) износот на благајнички записи што банките можат да ги запишуваат кај НБРМ, а нивната продажба да ја врши со примена на тендер со каматни стапки, каде што рангирањето за купување благајнички записи ќе се врши редоследно, од најдобриот (најниска понудена каматна стапка), до најлошиот понудувач (највисока понудена каматна стапка). Очигледно е дека во последните месеци НБРМ се претвори во складиште на неангажираните пари на банките. На тие пари таа плаќа камата. Бидејќи во оваа фаза од нејзиното работење НБРМ нема други позначајни извори на приходи, за плаќање камата на банките, таа ги користи средствата од добиената камата на државните девизни резерви што се чуваат во странски банки. Значи, не само што монетарната политика не се релаксира, туку таа секојдневно станува се порестриктивна. Тоа се случува во време кога состојбите во тековната сметка на платниот биланс се значително подобрени во однос на остваруваните во претходната година, кога девизните резерви растат и изнесуваат околу 1.650 милиони евра, кога стабилноста на девизниот курс на денарот воопшто не е загрозена, кога економијата е во рецесија со долготрајно присутни елементи на дефлација и кога неликвидноста на економските субјекти достигнува алармантни големини.

Со таквата поставеност, НБРМ отстапува од сите можни модели за спроведување монетарна политика што теоријата и практиката ги познаваат и применуваат, особено, во време на рецесија. Таквиот пристап, сигурно, ќе предизвика вршење сериозни измени во наставните програми на економските факултети затоа што на студентите (а, и на целокупната јавност) треба да им се објасни таа „најнова“ економска теорија која, очигледно, се претвора во ексклузивитет на РМ. Прашање е само, со кои аргументи ќе се оправдува практичната примена на таквата теорија, кога таа, очигледно, предизвикува негативни појави и тенденции во поголем дел од националната економија?

Томе Неновски
(Авторот е универзитетски професор)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2CD0AC333495EE419758DF0593E7E0E2

Шамар за сите оние кои сметаат дека НБМ и Гошев добро си ја вршат работата!!:kesa:
 
Сам да си удрам или да го викнам комшијата напомош?
Е сега во банки не се разбирам ама овај не беше заменик гувернер кога се случи ТАТ?
Сега засега добро е денарот е стабилен и тоа е што ме интересира мене како лаик, другото не знам.
 
Сам да си удрам или да го викнам комшијата напомош?
Е сега во банки не се разбирам ама овај не беше заменик гувернер кога се случи ТАТ?

Да, мислам дека беше!!

Сега засега добро е денарот е стабилен и тоа е што ме интересира мене како лаик, другото не знам.

Ваквото однесување на НБМ има директна врска со моменталната економската состојба во Македонија, а со тоа и со финансиската состојба на претпријатијата и населението.


ПС: Се извинувам за печатната грешка при насловот на темата. Наместо ``Апсурдите`` напишано е ``Абсурдите`` :kesa:
 
Во исто време, забележлива е појавата државата да го намалува обемот на запишани државни записи и да ја намалува каматната стапка што ја плаќа за нив (таа стапка, моментно, изнесува 4,9 отсто). На 2 март 2010 година државата продаде државни записи (зеде пари од банките) во износ од 32 милиони евра. Следниот ден таа откупи државни записи (им врати пари на банките) во износ од 52 милиони евра. Тоа значи дека државата им врати на банките нето износ од околу 20 милиони евра.

Шамар за сите оние кои сметаат дека НБМ и Гошев добро си ја вршат работата!!:kesa:

Абе аБсурд еден,можеш ли текстов во кратки црти да го раскажеш? Почни од Јануари 2009,заврши до Март 2010.
Да Буци,овој беше кога ТАТ пропадна,а денес е советник на Груевски.
Шамар невиден,не посра :icon_lol:
 
Do аФторот на темата

Сонце оди запали свеќа и помоли се за здравје на гошев што имал рбет и што не се дал иначе до сеа ќе го папавме сите
Патем леандра објасни им на децава што би се случило ако политиката на гошев се одвиваше според наредбите на Гвујо? Плус мене ме интересира :)
 
Абе аБсурд еден,можеш ли текстов во кратки црти да го раскажеш? Почни од Јануари 2009,заврши до Март 2010.
Да Буци,овој беше кога ТАТ пропадна,а денес е советник на Груевски.
Шамар невиден,не посра :icon_lol:

Знам дека бил одговорен за штедилниците, ама мислам дека не му е советник на Груевски :raz:.
 
Нова економска теорија
Томе Неновски
(Авторот е универзитетски професор)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2CD0AC333495EE419758DF0593E7E0E2

Шамар за сите оние кои сметаат дека НБМ и Гошев добро си ја вршат работата!!:kesa:
Типов не е само заменик гувернер за време на ТАТ. Креатор е на аферата ТАТ, заедно со Соња. Од ТАТ постојано извлекувал огромни пари како наводен штедач (врз основа на кредит од ТАТ кој што е конвертиран во штеден влог) ,со камата многу повисока од и така високите камати за другите штедачи.
Односно бил на врвот на пирамидата ТАТ, поради што беше и во затвор. Но бидејќи му е зет за ќерка на Никола Кљусев, Кљусев повторно се активира во политиката но овој пат како вмровец и го извлекоа од затвор и сега е должник на ВМРО.

Во однос на тоа што го пишува нигде не сретнав нешто да каже за проблемот со трговскит дефицит и до каде би отишол доколку народната банка ги симне драстично каматите.
 
Мене не ми изгледа како советување туку како дудлање на велико :icon_lol:, владата владата владата. Се осеќа дека на Гошев ќе му ги удрат клоците па сака овај да си го намести задникот на фотеља.
Мој совет е до владата немој да се заебите да го наместите овај на некоја функција таму багаж има преголем, али живи ќе бидеме па ќе видеме.....
 
Соња беше обичен пиун кој го изеде најдебелиот крај.Човеков незнам дали лежеше во затвор,но беше извлечен од партијата на власт.Како замена го фрлија Љубе Трпески,кој СДСМ го извлече и се така во круг...Еден горе,еден доле.
Патем човеков е експерт за меѓународна економија и има добри гледишта.Штета што е должен па вака мора да се бламира низ јавност.

Значи Буци овој советник му е или не? :))
 
Значи Буци овој советник му е или не? :))

Од кај да знам прашај го него или владата.
Никаде го немам сретнато така да се претстави или да го представат.
 
изгледа "миљон" пати треба да им се каже на дпмне-овските овци овде, дека Гwујо треба секое сабајле, ако чавки не му го испиле умот,пред да напраи било што друго..да оди да му баци рука на Гошев..секое сабајле....и да врне и да вее и бура да коси!!!!
 
Соња беше обичен пиун кој го изеде најдебелиот крај.Човеков незнам дали лежеше во затвор,но беше извлечен од партијата на власт.Како замена го фрлија Љубе Трпески,кој СДСМ го извлече и се така во круг...Еден горе,еден доле.
Патем човеков е експерт за меѓународна економија и има добри гледишта.Штета што е должен па вака мора да се бламира низ јавност.

Значи Буци овој советник му е или не? :))
Беше во притвор неколку месеци во затворот во Шутка. Потоа се бранеше од слобода, па власта се смени ....
А како заменик гувернер бил задолжен за супервизијата на НБРМ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom