Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ме интересира кои се симптоми на слепо црево,бидејки на десната страна се осека малку потврдо од левата,а немам болки.Дали ако е воспалено цревото мора да се осекаат болки?
ај ве молам за одговор и совет.
Ме интересира кои се симптоми на слепо црево,бидејки на десната страна се осека малку потврдо од левата,а немам болки.Дали ако е воспалено цревото мора да се осекаат болки?
ај ве молам за одговор и совет.
Мене како мала сакаа да ме оперираат од слепо црево бидејќи имав големи болки во стомакот, ама ми поминаа и ништо не испадна од тоа.Ех, јас бев во болница пред две години за слепо црево :nesum: осеќав претходно некои болки од време на време, така од десна страна, и се сеќавам дека вечерта кога ме фати, за два сата не можев од кревет да станам :nesum: јас не се сеќавам да чувствував кочење на десна нога/рака, ама болките се јаки и ќе ти се повраќа а никако не можеш да повратиш :nesum: мене не ме оперираа, пошто ми се смирија болките, и тогаш бев среќна за тоа (пошто многу ми беше страв од операција), ама сега исто понекогаш ме боли како порано, не сакам пак да ме фати :nesum: има некој искуство како мене, дали значи дека повторно ќе ме фати? :icon_frow:icon_frow:icon_frow
Те боли стомакот? Ајде во операциона сала, слепо црево е...
Ako pukne ke umres
Нема врска. Од организам до организам е.Не сум се информирала многу на темава (па и немав време) али мислам дека одеднаш се случува.
Моето искуство на 11 години со слепо црево беше голгота невидена благодарение на писмените доктор(к)и што работат во општа медицина. Ги имав класичните симптоми, ме болеше десната страна, а потоа и цел стомак, ногата страшно ми трнеше и повраќав по што мајка ми иако нема врска со медицина ми рече дека сигурно имам воспаление на слепо црево. Отидов во амбуланта доцна навечер и муабетот со докторката беше следен:
-Што ти е девојче?
-Ме боли стомакот( и опишуваме со татко ми симптоми)
-Абе ништо не ти е, сега те боли стомакот?
-Па не како пред некој саат и викам јас.
И ме пушти дома да си одам без преглед. Ќе ми поминело. Мхм ми помина, јас си знам. Два дена дома трпев болки по што моите немаа намера да се расправаат со општи лекари ме однесоа на специјалист кој веднаш ме прати на операција. Коментарот од докторот: Ако не сте го донесле детево во рок од два часа ќе и прснело слепото црево. А јас поим ќе немав што ми и Бог знае што можело да ми се случи.
Ako pukne ke umres
Фала, ама ме утешивте...има 30% шанса преживее.